Мислам дека преовладува 10 тима во плејоф, па така ќе тераме.
Моменталниот сетап е следниот:
- 10 тима во плејоф
- првите 2 од регуларен дел се слободни во првата рунда од плејофот
- 17 натпревари (секој со секој по еднаш) регуларен дел
- 4 плејоф серии од по 1 недела
- ако во меѓувреме се изнајде начин како финалето да биде 2 недели ќе го направам така ако не ќе мораме да тераме со 1 недела (можеби со промена на сетинг додека трае самиот плејоф, ама тоа е преризично а не знам ни дали е можно) - ако нема замерки и не би чепкал тука една недела една тоа е за оваа сезона, од идната ќе смислиме попаметно
- Регуларниот дел завршува на 10ти Февруари
- Првата плејоф недела се 2те недели околу олстарот кога има 5-6 дена пауза
- Финалето е 11-17 Март
Завршуваме 3 и пол недели пред крајот на сезоната. Последната 1-2 недели јас секако би ги избегавал заради хаос во ростерите на екипите (во превод Април), но имаме простор за уште 1-2 недели регуларен дел, па да завршиме со последната недела од Март (нормално зависно дали ќе имаме финале 2 недели) со тоа што ќе треба само со уште 1 или 2 екипи сите да играат по втор пат по случаен избор (како ќе ги даде системот -така). И минатите сезони имавме повторување на по 3 противници (иако немам поим зошто со оглед дека бевме 20 - таман за 19 различни противници).
Ако не сте против ќе зголемам на 19 недели регуларен дел (да "поиграме" уште 2 недели плус).
П.С. Последниот член (мислам дека е
@Хефест ) уште не се логирал на поканата. Побрзај оти ќе замини возот
[DOUBLEPOST=1537893136][/DOUBLEPOST]И време е да дефинираме кога ќе биде драфтот.
Предлагам да биде во текот на идната недела (меѓу 01.10 и 07.10) во 20:00 или 21:00 навечер, само да не е петок или сабота. Меѓу понеделник, вторник, среда, четврток или недела имаме можност да бираме.