Американски фудбал - NFL лига

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Интересна дискусија повлече РаднаСкела :)

Јас следев НФЛ на Канал4 или како и да се викаше онаа спортската телевизија што постоеше во времето кога имаше миљон телевизии. Васил Тупурковски - Циле беше гостин коментатор и ги објаснуваше сите ситуации кои што се случуваа во текот на натпреварите. Инаку тој беше голем фан на Џером Бетис од Стилерс, тркач со прекар The Bus :) Нешто како ЛеБрон во кошарката, нема никаква убавина, само насиље, и пак беше незапирлив.
Јас станав фан на Стилерс благодарение на Трој Поламалу, сејфти играч со голема слобода во играта. Имаше натпревари кога им влеваше страв во коски на квотербековите, а имаше и натпревари во кои секогаш беше на погрешно место, ама почесто беа овие првиве натпревари.
Додека бев на брод имав шанса да ги гледам Стилерс против Џетс на големиот екран на најгорниот дек на бродот заедно со семејство од Питсбург. Во период од договорот кога те пука носталгија на најјако, седиш со семејство со кое си се здружил изминатите неколку денови, и заедно гледате фудбал. Поради овој миг ќе бидам вечен фан на Стилерс.
За жал Мајк Томлин ти е Мурињо на НФЛ, на времето бил млад талентиран тренер со неверојатни тактики ама заглавен у некое време и сега се другите му се криви кога неговиот тим губи.

Причини да навивам за друг тим, Минесота Вајкинг е другарка ми Ракел, заедно работевме на брод на времето, оваа сезона ќе и биде трета како е чи'рлидерка за тој тим.

Види малку постар фотос:


За другите тимови можеби во некоја друга прилика ќе искоментирам :)
Сепак најдобро е да ја следиш лигава сезона-две, па ќе си одбереш екипа што ти е најблиска до срцето :)

Њу Ингланд Петриотс треба да ти бидат најдалеку од срцето во секој случај :pos:
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Brees ke srusi sve na peyton osven mvp. Peyton ti e Lebron, gazenje u regularen del od sezona, ama vo playoff i 2ta imaat znak prasalnici za nekoi tekmi
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Штета што Роџерс изгуби 3 сезони како резерва и наредните 10 со преслаб ГМ и тренер. И тоа како можеше да се смеша во ГОАТ дискусиите но Грин Беј си тераше некој ретро филм како тие само драфтувале а никогаш не потпишвале слободни играчи или не дај боже некој трејд да напрат. Штета за упропастената кариера која ќе му заврши најверојатно само со 1 титула.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
На фантази сум добил трејд понуда.......................ама не можам да ја видам никаде на сајтов...

Што треба човек да направи за да може да одбие/прифати трејд??[DOUBLEPOST=1537375014][/DOUBLEPOST]
Штета што Роџерс изгуби 3 сезони како резерва и наредните 10 со преслаб ГМ и тренер. И тоа како можеше да се смеша во ГОАТ дискусиите но Грин Беј си тераше некој ретро филм како тие само драфтувале а никогаш не потпишвале слободни играчи или не дај боже некој трејд да напрат. Штета за упропастената кариера која ќе му заврши најверојатно само со 1 титула.
И не ми се верува дека има луѓе што legit го сметаат за еден од GOATs вака.... :ROFLMAO:

Во моментов ако гледаме GOATs листа Биг Бен е сто пати бољи од Роџерс на пример според успеси и според се...
 
Последно уредено:

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
На фантази сум добил трејд понуда.......................ама не можам да ја видам никаде на сајтов...

Што треба човек да направи за да може да одбие/прифати трејд??[DOUBLEPOST=1537375014][/DOUBLEPOST]
И не ми се верува дека има луѓе што legit го сметаат за еден од GOATs вака.... :ROFLMAO:

Во моментов ако гледаме GOATs листа Биг Бен е сто пати бољи од Роџерс на пример според успеси и според се...
Како играч Роџерс е Монтана и Брејди заедно за Бен но годините шо ги изгуби како резерва и слабиот ростер околу него цела кариера си го направија своето. А Бен првите години ги помина со топ 5 одбрана со него и беше многу успешен. Сега кога нема одбрана иако има топ 3 ВР и РВ се гледа колку можи да носи екипа на грб.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Јас сум тежок брејди фанбој, ама реално гледано, Арон Роџерс е најталентираниот квотербек што заиграл во НФЛ и греота е да се споредува со Биг Бен. Штета што пакерс за толку години имаат само 1 супербол зад нив. Лично мислам дека Брејди е подобар заради тоа што игра во подобар тим и е подобар лидер на тим, што никако не може да се измери во статистика.

Бен е ХОФ квотербек, Роџерс е во разговорот за најдобар квотербек на сите времиња.
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
852
Јас па сум фан на добра одбрана ;), позицијата квотербек е најбитна индивидуално ама ништо без одбрана, ако гледаме наназад 80% од екипите што биле биле шампиони се благодарение на одличната одбрана , а не дека имале најдобар напад.
Пејтон Менинг не го сакам секогаш билдаше јаки статистики во регуларен дел, ама во плејофот класичен чоукер. Роџер се сложвам дека има најголем талент ама не склопиа Пекерс тим околу него сам толку му е силата. Брејди од друга страна од друга страна е роден победник без некои посебни статистики, ама секогаш на ниво кога е најбитно во плејофот. Да се пријавам дека сум прикирен фан на Патриотс посебно на ликот и делото на Бил Беличек :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Иако сум фан на Питсбург, не го сметам Бен за подобар од Арон, стварно штета што таков КБ не игра у подобра екипа
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Добро, овој Иван Ивковиќ на СК не ви личи на Sam Hyde?


 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Кливленд беше зицер, затоа ги стаив и на Фантази, мораше да ја добијат оваа
 
Член од
23 февруари 2015
Мислења
1.119
Поени од реакции
2.020
Navivam za Denver Broncos, isto fan na dobra odbrana vo bilo koj sport ne samo vo NFL :) Sekako omilen igrac ''Sack Masterot'' Von Miller.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom