Абе Шверцери беа добри со Ренџерс. Ги имаше и на Исток и на Север. На Исток беа околу 500 до 1000. Не знам колку од нив беа членови, ама сите навиваа. На Север беше обична публика (нивна), ама и купчиња од Шверцери. Прво полувреме навиваа цело време. Без некоја фрапантна инвентивност (Rangers - Fuck You и сл.), ама упорно. Второ полувреме веќе не ги пратеа Шкотите, кои беа околу 500 на Запад и 30-тина на Север (кај што бев и јас) и кои навиваа буквално цело време. А пред утакмица позади Запад и кортео имаа.
На полувреме, таков целиот у Ренџерс облека од глава до пета (тренерки, дрес, капа, патики, буквално све) идам да купам пијачка под трибини и све Албанци беа таму. Продавачи, навивачи, редари... Немаше Шкоти на Север (освен ние 30-тина, може и помалку бевме).
Чекам долг ред, таков ренџеросан, опкружен со членови на ИСИС и тој од шанкот ме здогледува и им кажува на сите пред мене да се тргнат, овие го послушуваат без збор, тој ми се насмевнува и ми вика да пријдам, преку ред. Се тргаат сите и ме пропуштаат. Ме гледаат таков шарен. Ја приоѓам и на македонски му викам - Еден Ред Бул, без мраз. Да можевте да видите какви изненадени фаци имаше околу мене. Не почувствував во тие изрази никаков антагонизам, само крајно изненадување, дури и пријатно изненадување.
Јасно им беше дека така "накитен", не сум тука за инат да им терам, па да навивам за било кој што ќе игра против Шкупи, него баш сум тука затоа што сум за Ренџерс.
Све најнормално си платив, фала-фала и си отидов, оставајќи ги да се чудат.
Имаше и други помалку или повеќе интересни моменти али да не го дрвам сеа.
(бројкиве не знам точно да ги проценам, мои претпоставки беа)[DOUBLEPOST=1534277267][/DOUBLEPOST]Имаше на утакмица и онакви со кратки ногавици зелени панталони, брада и капа.