Правна помош и совети

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Здраво,

Таткото ги има следниве опции:
- Да остави тестамент
-Да потпише договор за подарок, за доживотна издршка со некој од наследниците доколју сака на пример само на еден да му ја остави бараката;
-Да почине и овде се отвори оставинска постапка откако наследниците (децата негови) ќе ополномоштат адвокат за тоа.

Во сите горенаведени случаи тоа може да се спроведе во Италија на начин што може да му се подготви писменото,да се преведе двојазично, тој да го завери на нотар таму па потоа овде да се преведе на мк само нотарската заверка, и тоа би било полноважен документ....

Мој совет: таткото да даде тестамент пред конзуларен претставник или дипломатски претставник на Република Македонија којшто врши конзуларни работи во амбасадата на рм во Италија, тој би бил полно0важен тука. Се разбира доколку е здраворазумен таткото и способен за таква работа
Третата опција -"Да почине" !?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.053
Поени од реакции
1.176
Здраво можеби мислењето не е за овде но би сакал да ве прашам дали некој знае дали осигурањето што е од работа поточно за во Јсп покрива трошоци за операција после мозочно крварање... Зборам како оштета што е од повреди да речеме и т.н. Иначе крварењето не настана на работно место, туку на одмор додека беше .. Благодарам.
најчесто овој вид на осигурувања се на 24 часа од денот и незвисно е дали си повреден дома или на работа ти следи покритие,
но за сигурно што и каков договор склучиле јсп и осигурувањето или обрати се кај осигурителната компанија или во синдикалното здружување на јсп,

п.с се надевам дека коков и да биде одговорот од другата страна лицето за брзо ќе биде подобро и со минимални последици од ударот.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994

Ти благодарам на одговорот иначе помина веќе скоро пола година , случајно ми текна да прашам сега, а последици фала богу нема. Средено е со гама зрачење во Турција.
 
L

Löwe

Гостин
Некој правник со слободни 5-10 минути да ме контактира во ПП?
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Дали е ова правно издржано? Се работи за преддоговор со инвеститор за соинвеститорство, рушење на стари згради и градење една нова.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Дали е ова правно издржано? Се работи за преддоговор со инвеститор за соинвеститорство, рушење на стари згради и градење една нова.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Не. Дури и преддоговорот сам по себе не гарантира ништо затоа што не е правен основ за стекнување на право на сопственост, за нешто повеќе пишете ми во лична порака.[DOUBLEPOST=1531145499][/DOUBLEPOST]
Некој правник со слободни 5-10 минути да ме контактира во ПП?
Не си овозможил за пишување на пораки, ако се уште не е доцна за прашањето, пиши ми во лична порака.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Здраво, ми треба мала помош... Вчера ме удри еден со комбајна нерегистрирана... Човекот излезе се извини ме замоли за помош да не викам полиција да ми ја направи колата а штета имам околу 400 евра негде... Шофершајбната ми е искршена цела плус имам некој набиени и оштетени работи... Вчера вечерта нешто разбрав наместо нова шофершајбна како што се договоривме сакал да бара половна и т.н...јас имам слики од вчера плус сведок дали некако имам основа да речеме ако не може да се договориме денес да му се заканам со пријавување пошто јас испаднав вчера фер молеше таму, а ете сега ќе почне да гледа нешто фуш да направи да помине поефтино.[DOUBLEPOST=1531290600][/DOUBLEPOST]Не вреди да се биде чесен... Он ме удри враќајки се наназад, јас му бев на одалеченост од 3 метра, бев во место и кога видов дека почна да се добилижува на кај мене свирев дури од кога ме удри и тоа убаво (среќа полека се враќаше) слушнал дека сум свирел, дури и еден минувач му мавташе со рака за да застане дека има кола позади него ама не го видел и него.. Остај тоа, излезе од комбајна почна да моли извини вака така, кога понудив европски ми кажа дека не му е регистрирана, и ме утепа од молење да не викам полиција туку дека он е мајстор ќе ми ја направат... Се знаел дури со вујко ми добро, дојде и он и ај викам фер да испаднам грепта и он работи за леб (плус со претрпен страв јас и дете имав во кола и жена) не ми беше тогаш многу битно колата ете фала му на господ немаше повредени никој... Му се јавувам денес за да видам кога ќе ја поправи и ми вика абе другар готово и да викнеш полиција ќе кажам ти си ме удрил јас сум стоел ..
 
Последно уредено:
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.053
Поени од реакции
1.176
па половна а оригинал шофершајбна е подобро од нова кинеска.
 
Член од
14 јули 2018
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво на сите!
Ме интерсира дали може да се извади Уверение за слободна брачна состојба без наведување за кого/ја ќе се жени/мажи? И не ми е јасно зошто да се бараат тие инфо ? Јас барам за мене дека сум free може не ми е потребно за склучување брак ?

Или пак како да се извади потврда дека јас сум слободен/на.

Ве молам за совети ?
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Синоќа другар го застанува полиција двајца доста млади момци, му побаруваат документи и му викаат чекај во автомобилот, без ништо да кажат го пишуваат за претекување на полна линија член 56.став.2, ништо без противење другарот се потпишува му даваат документи, денеска го возиме истиот пат кога гледаме испрекинати линии :facepalm: но ние не забележавме, и сега дали има шанси некако да се спаси од плаќање казна или да си ја плати додека можи на пола 150 евра.
Инаку на патот нема знак за дозволено претекување но нема и знак забрането претекување.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
48
Dali ako stavis pari na smetka a si fizicko lice treba da se plati nekakov danok? Imam vo plan da prodadam nekoj imot pa... Ne go znam tuka bas zakonot, ve molam ako nekoj znae neka pise, fala
 
Член од
3 ноември 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Имам едно прашање а се однесува на Законот за семејство.
Ако лицето(возрасна жена) има старателство (врз сопругот кој е деловно неспособен) и продава недвижен имот(земјиште- наследено од родителите на сопругот)Прашањето е:Дали може сопругата да направи оставинска на стан(сопстевност на родителите на сопругот кој не е поделен а би припаднал на сопругот) и после истито стан да го подари на синот?
П:С Се надевам разбирливо прашав и објаснив ве молам за помош
 
Член од
16 јули 2018
Мислења
8
Поени од реакции
2
Здраво,

Во тек сум на основање фирма, меѓутоа не сум сигурен дали да биде Дооел или Трговец поединец.

Јас сум веб програмер и ќе работам за странски клиенти. Значи за извршените услуги ќе им издавам фактура која тие треба да ја платат на моја девизна сметка.

Трговец поединец ми одговара во се освен едно а тоа е дека од локален правник слушнав дека ТП не може да врши платен промет со странство, односно дека ТП не може да наплаќа фактури од странски клиенти.

Меѓутоа од вработен во локален Централен регистар добив одговор дека тоа не е точно и дека ТП може да работи и со странство ако ја работи дејноста за која е регистриран.

Во моментов навистина не знам што е точно а што не.

Би бил благодарен за мало појаснување од правник на форумов или од некој што досега имал искуство со ТП.
 
Штом е старател. може да ги презема сите правни дејствија во име и за сметка на лицето под старателство само доколку е тоа во негов интерес, во конкретниот случај одговорот е ДА!
Ако сакате да ме прашате нешто дополнително, контактирајте ме во приватна порака.[DOUBLEPOST=1531750920][/DOUBLEPOST]
Здраво,

Во тек сум на основање фирма, меѓутоа не сум сигурен дали да биде Дооел или Трговец поединец.

Јас сум веб програмер и ќе работам за странски клиенти. Значи за извршените услуги ќе им издавам фактура која тие треба да ја платат на моја девизна сметка.

Трговец поединец ми одговара во се освен едно а тоа е дека од локален правник слушнав дека ТП не може да врши платен промет со странство, односно дека ТП не може да наплаќа фактури од странски клиенти.

Меѓутоа од вработен во локален Централен регистар добив одговор дека тоа не е точно и дека ТП може да работи и со странство ако ја работи дејноста за која е регистриран.

Во моментов навистина не знам што е точно а што не.

Би бил благодарен за мало појаснување од правник на форумов или од некој што досега имал искуство со ТП.
ДООЕЛ за да можете да преземате обврски од странство, ТП е само за во Македонија, но инаку подобро е ДООЕЛ отколку ТП, ако сакате да ме прашате нешто дополнително контактирајте ме во приватна порака.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Здраво,

Во тек сум на основање фирма, меѓутоа не сум сигурен дали да биде Дооел или Трговец поединец.

Јас сум веб програмер и ќе работам за странски клиенти. Значи за извршените услуги ќе им издавам фактура која тие треба да ја платат на моја девизна сметка.

Трговец поединец ми одговара во се освен едно а тоа е дека од локален правник слушнав дека ТП не може да врши платен промет со странство, односно дека ТП не може да наплаќа фактури од странски клиенти.

Меѓутоа од вработен во локален Централен регистар добив одговор дека тоа не е точно и дека ТП може да работи и со странство ако ја работи дејноста за која е регистриран.

Во моментов навистина не знам што е точно а што не.

Би бил благодарен за мало појаснување од правник на форумов или од некој што досега имал искуство со ТП.
дооел, нема што да се објаснува
 
Kajgana Shop

На врв Bottom