Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.365
Поени од реакции
38.341
Да ама не и со ваква позадина како него :) Во паркиран автомобил го нашле, без траги на насилство, ако не е предозираност во моментот, целото тоа контаминирање на телото низ годините си го зело данокот.

Погребот е утре на гробиштата во Ѓорче Петров од 11 часот.
Од Ѓорче бил Влатко?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Секој ден умираат луѓе од ракови или разни болести.Онака од нигде никаде ги зафатила некоја болест и толку,без да имаат можност да го сменат тоа.Појдете да видите само колкав број на луѓе има што се на хемотерапија.Е тие се за жалење а не некои што им мавнале парите и славата в глава па се предозирале со прашаци мислејќи дека се Чарли Шин.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.283
Да ама не и со ваква позадина како него :) Во паркиран автомобил го нашле, без траги на насилство, ако не е предозираност во моментот, целото тоа контаминирање на телото низ годините си го зело данокот.

Погребот е утре на гробиштата во Ѓорче Петров од 11 часот.
Во ред тоа, сите знаеме дека беше џанкерче, но нечовечки е причината да ја бараме во дрогата, нели? :)

Јас имам комшија се брца 15 години со хероин (и помалку гипс) па се' уште се држи на нога. (не на нозе :icon_mrgr:)
 
И

Име И Презиме

Гостин
Идолот на Влатко беше боемскиот живот на Игор Џамбазов.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Одличен избор на идол.
јбг ! Читам и знам дека за мн работи сте во право како и сите "ние" другите .Иако имаше пороци беше само лош за себе а не и за другите.Ниту една ситуација (афера или лош муабет) немало за него .Финансиите и карактерот го направија своето .Како и за многу други работи нешто ке остане мистерија што ке го знаат одредени луѓе .
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.478
Поени од реакции
4.283
Епа сеа... со самата употреба на дрога го ставаш твојот потпис, и само си го одработуваш својот дел од "договорот"...
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Не треси глупости, нормално дека срцето откажува кога ќе се предозираш. Мене Влатко ниту ми бил нешто, ниту го познавав, освен што го имам видено на 3-4 пати направен стакло од дрога во Џубокс, така што не можам да судам каков бил. Меѓутоа имам посебен soft spot за луѓе што претеруваат со дрога и алкохол и потоа околината очекува да ги жалиш кога ќе си го уништат или згаснат животот. Ма ајде бе.
Ич не е жално ако е од предозирање. Некој со сила му давал дрога? Со сила ли го терал се дрогира? Кога бил доволно глуп да се дрогира никој не му е крив ниту па жално е.
Да ви почине некој најблизок(брат/сестра или дете,не дај Боже) на ваков начин,да ве видам дали вака ќе зборувате.
Каков-таков,Влатко беше нечие дете кое на млади години отиде.Затоа е жално,без разлика на тоа каков живот водеше додека беше жив.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да ви почине некој најблизок(брат/сестра или дете,не дај Боже) на ваков начин,да ве видам дали вака ќе зборувате.
Каков-таков,Влатко беше нечие дете кое на млади години отиде.Затоа е жално,без разлика на тоа каков живот водеше додека беше жив.
Ми почина да ти кажам право, имаше и по весници, ако сакаш ќе ти ја најдам статијата за најдено машко тело и иницијалите ќе ти ги кажам. Алкохоличар беше и тој ден се изнапи толку многу што му експлодирал џигерот буквално, го најдоа помаранџест целиот. Носен по приватни клиники да се лечи ама џабе, ако некој си одбрал да си го уништи животот, среќен му пат. И кој им е крив на таквите кажи ми, да не треба да ги жалиме? Абе дај седете мадро.

Јас не велам дека не бил нечие дете ама се работи за возрасна 33 годишна личност која самата си го одбрала тој пат и нема што да го жалиме.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Познавам луѓе што заглавиле со роба, некои се здрави и живи и имаат семејства денес. Тие се малцинство, повеќето не се живи одамна. Причините отсекогаш биле друштво, недоволна информираност што си прават и во што се впуштаат, желба за експериментирање и добар провод. Али да почнеш со роба за да го живееш животот на идолот е нов левел на лабилност.

И овој има отидено од истата болест али ја има преточено душата во музика, неговата причина бар има поента. Иако од аспект на некое повисоко морално-етичко гледиште секогаш главната причина е да си без мозок чим свесно влегуваш во тој свет.


Како и да е, жалосно е, пред се што ми личи на лик кој не доживеал и многу други работи и се барал себе си и ради глупости завршува вака. Нека почива во мир.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Вакви ситуации изобилуваат со лицемерни изблици на претерана тага, длабока жалост и колективно мршојадство. Познатите се збогуваат со Влатко, што напиша последен пат Влатко на facebook, дали Влатко ја насетуваше својата смрт? Секој сака да спечали малку внимание, и медиуми и негови познаници и не/пријатели. Ќе следат веројатно и неколку „поучни“ приказни за канџите на дрогата и за проклетството на славните и нивната несфатеност ( и споредби Морисон, Џоплин)
Не ми се допаѓаше неговата музика, ниту пак сум следел што правел во животот, иако ми се чини дека не беше многу активен последниве години. Секако дека неговата, очигледно прерана смрт, е голема загуба за неговите блиски, а и не е пријатно да слушнеш дека умрел млад човек, но се претерува.
 
C

Castiel

Гостин
Да ви почине некој најблизок(брат/сестра или дете,не дај Боже) на ваков начин,да ве видам дали вака ќе зборувате.
Каков-таков,Влатко беше нечие дете кое на млади години отиде.Затоа е жално,без разлика на тоа каков живот водеше додека беше жив.
Ми починал знам како е. На тие години од иста причина. Ич не ми е жал кога е некој доволно глуп да замине на таков начин. Голема работа ако е нечие дете. И помлади умираат од ракови и болести за нив е жал. За овие кои сами си го уништуваат животот ама ич не е жал.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ама,ако некој бил наркоман додека бил жив,не значи дека умрел директно поради дрога,можно е и од мозочен или срцев удар како последица од дрогирањето......
Wow каква мисла. Се гледа дека на клиника работиш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom