Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Завршивввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввввв:ojeaa::ojeaa: Сеа Кајче уште разни формалности и да клапне тоа со приемниот и ете успеав! Значи вреди да се вложува енергија во работи што сакаш да ги правиш. Може најпрво ќе се враќаат како цигли по глава.. ама некогаш може да биде и добро. А за тие добрите работи вреди. Наздар, ОМ да си се почестам пиво.:jeeee:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Кајги,едвај чекам да завршам градинка,па да им ги затнам устите на злобниците кои велат дека за ништо не ме бива !
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.053
Поени од реакции
17.739
Какво будење имав сабајле :pos:

Ѕвони телефонот нешто, додека да погледнам исклучи. Гледам непознат број, ај си велам да се јавам којзнае за што ме бараат.

-Ало
-Ало господине, Ве барав пред малку.
...
Така почна муабетот, жената (девојката?!) не се претстави, рече од некоја си икс издавачка куќа била, имале промоција нешто на книги не знам како. Јас сонлив едвај ја слушам, ама од култура не сакам да прекинувам луѓе или да исклучувам. Ме прашува дали сум заинтересиран да слушнам нешто повеќе, ајде велам да чујам што има сигурно нема да е долго.

Кога си фати жената, те првата книга енциклопедија од 7 до 77, те втората нешто за здравје, те третата дали за рецепти што како се правело, абе кога се нави во раскажувањето мислиш автомат пуштија :pos:

Јас си слушам, отидов до купатило очи да си измијам таа си зборува, па начини на плаќање кои биле, нешто за достава, дури ми кажа дека во Скопје имале сопствена достава, човекот се викал Ставре :vozbud:

И сега ми вели која од трите книги најмногу ми фатила око, јас викам ајде првата нека биде. На 6 рати се плаќала првата, дали по 800 или не знам како, па ќе ми дале уплатници за пет месеци, при доставата можело да се плати 600 денари или ништо не морало. Се океј тоа, јас кога се сетив на салдото на сметката :sramezliv: и реков ај ќе размислам, ќе разгледам пак препрашав за која издавачка куќа станува збор (младински совет или како кажа точно, пак сум заборавил) и ајде пријатно, ми нагласи го имаш бројот јави се кога сакаш, до крајот на месецот трае промоцијата, да не сум пропуштил.

Нејсе, знам дека луѓето ова го прават за пари, такво е времето едноставно, мора на било кој начин да продадеш за да живееш и заработуваш. Ама независно од тоа, некако ептен со ентузијазам ми раскажуваше жената, секоја чест за тоа, позитива на денот. Иако ме разбуди од сон, ретко вака некој да се погоди на телефон, а да не ме изнервира до даска уште од старт :D
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Е,преку глава ми е од улавиве дома и од останатите !
Кога би можела да избегам..... :свиркам::kruna:
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Поабортирани суштества од бугарски државни службеници НЕМА. Значи дефинитивно у гз правени сите до еден, на ДВЕ мочани прашања да не знаат да ти одговорат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Не ми се верува колку блиски личности изгубив во последните три години и сите тие се од оние што раѓаат еднаш на 1000 години и се да си ги чуваш за цел живот, ама некој ги зема прерано.

Уште една голема загуба денес на млада личност и никогаш нема да се најде некој што е барем една четвртина од тоа што беше тој.

Човекот за неколку месеци откако дојде во компанијата стана омилен на над 200 вработени, што ретко на кој му има успеано за толку краток период и вистински професионалец во работата, а денес ни јавија дека сабајле починал во сон...
Штета.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ф

Флеш

Гостин
Добро утро/ден, СеверноМакедончиња .....

Како ви е долу јужно?! ....:вонзем: Влажно ? ......
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Со фориве за ладново луѓево станале бетер таксисти, четири години уназад се гледа дека климава е изменета, ноќите се поладни и врне цел јуни ама мораше да не прекрстат за форите да добијат значење. Оток веќе, ќе дојде август ќе квичите како е 45 степени.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.890
Четвртинa бурек сo пoлa литaр јoгурт 110 динaри.Ке ти ебем и Силбo и се.Истaтa причa и у фaмoзнaнa сендвичaрa нaплaќaaт 140 динaри зa хaмбургер.Дa земaт 50 динaри влез дa нaплaќaaт пaк кoлoни ке имa унaтре,нaчекaле прoстa мaсa.У Фрaнцијa 2 центи гo пoскaпеa лебoт пред 5-6 гoдини Пaриз ке гo зaпaлеa.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.920
Јас во Силбо ретко јадам, ама затоа пред малку на враќање од Чаир ми замириса на убаво печено лепче и ми се направија лиги, и влегувам во пекара " Џаковица" :D Гледам асортиман на лебови и го прашувам вработениот " колку е тој", ми вели "дваесет". Ок дај еден му викам и нормално, следи овлажнување на палецот и показалецот за полесно отварање на кесата, си мислам копиле не го прави тоа, не го прави тоа, те молам не го прави тоа, ама не, копилето го направи тоа и ми го зграба лебот со истата рака и прсти намокрени со неговите плунковни излачевини обогатени со спектар на бактерии и вируси. Копиле едно гнасно ми се згади и леб и јадење и пиење и све по список.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Кога бев мала мене ме праќаа секој ден по леб. Лебот тогаш не беше замотан, бар јас не памтам да беше, туку така си стоеше по рафтови и ти го ставаа во пластична ќеса. Секој ден купував по два.

Баш го дискутиравме тој момент со дечко ми пред некое време, нејќев да земам леб со скината фолија. Како, о како, сме го преживеале тој период на гол леб? :/
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Брат ми се грижеше за еден мал обичен глисер што ни стоеше долго време в двор пред да се охрабри да го стави на оглас, и ајде година дена е глисеров на оглас, ко пред некој ден му пишува едно набилдано бате на фејсбук Druze kolku e gliserot? и му враќа брат ми толку и толку, има документи, исправен е спремен е да се спушти во езеро, се океј, и тој враќа Vazhi bate ajde da izlezam od zatvor i ke naminam da go vidam zainteresiran sum.

Еве две вечери спијам со запалено светло изгледа ојдовме курбан ради еден глисер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom