Општи вело муабети, прашања, совети

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Што ќе се случи аковозам со камен тврди? Јас баш сакам таква вожња, подобра е ефикасноста ака со ист бр на вртење педали поминуваш поголемо растојание. Да не пукаат ако се под огромен притисок?
Tubeless гумите не трпат превисоки притисоци. Нема да пукне ама може да излезе од лежиште и притоа да го распрска млекото насекаде :) На самата гума има максимум притисок до кој може да се пумпа, држи се на 0.2-0.3 bar под максималниот за да си намалиш ризик од она погоре. :)
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Мој совет ти е да баталиш тубелес. Реално, нема да добиеш ништо плус што ќе го почувствуваш во пракса, само компликации ако сакаш да менуваш гума.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Мој совет ти е да баталиш тубелес. Реално, нема да добиеш ништо плус што ќе го почувствуваш во пракса, само компликации ако сакаш да менуваш гума.
Придобивките се во секој случај добри. Пониски притисоци за технички спустови и камени терени без ризик од "штипење на гумата", и повисоки притисоци без проблем (поготово со преста вентил). Со tubeless самата гума ти дава поголемо ниво на "амортизација" на теренот и поголем "grip" поради намалениот притисок и зголемената нагазна површина.

Е тоа што се малку комплицирани за местење, освен ако не си научил 2-3 финти ги тера сите да се предомислат пред да ставаат.

Ако сакаш и заштита од дупнување и да возиш со внатрешна гума друга алтернатива ти е да најдеш некое млеко што можеш да го користиш во внатрешна гума. Мислам дека е изводливо и со шрадер вентил бидејќи можеш да го извадиш скроз (ако немаш специјален алат можеш и со пинцети да го одвртиш). Единствена мана би било можноста самото млеко да ти го блокира вентилот до степен што не можеш да ја напумпаш гумата ако треба.
Имам неколку стари внатрешни што ми седат онака, и ми се експериментира малку па некој ако знае каде можам да најдам мала количина млеко за прифатлива цена нека пише.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Придобивките се во секој случај добри. Пониски притисоци за технички спустови и камени терени без ризик од "штипење на гумата", и повисоки притисоци без проблем (поготово со преста вентил). Со tubeless самата гума ти дава поголемо ниво на "амортизација" на теренот и поголем "grip" поради намалениот притисок и зголемената нагазна површина.
Интернетот вика баш вака :)
Меѓутоа, во пракса и реалност, ова е како кога читаш спецификации за карактеристики на некој телефон, кои во реалност се толку занемарливи, што како корисник нема баш да ги почувствуваш. Освен за некоја лична сатисфакција како демек ете, возам со помал притисок, имам бољи грип... Толку се незначителни и занемарливи разликите, што не вреди човек да се замара со ова. Освен ако имаш вишок слободно време, ентузијазам и желба за чачкање :)

Да, во пракса нуди заштита од дупнување, ама не е дека не може да се дупне и не станува непробојна. Само поретко ќе се соочуваш со дупнати гуми. Ама кога ќе треба да ја смениш, ќе ти биде покомплицирано.

Кој има вишок време и ќеиф, нека проба :)
 
Воопшто не би се согласил дека разликите се занемарливи при возење пониски притисоци (особено кај MTB). И јас почнав со возење на 2.7 бар позади, 2.5 напред при првата година со MTB, за во третата година возење да стигнам до 1.8 позади, 1.6 напред. Небо-земја разлика. Бидејќи возев со внатрешни гуми, тука беше лимитот, а би идел и уште надоле со притисокот да возев тубелес.

Очигледни и лесно воочливи придобивки при качување:
- пролизгување на задно тркало при педлање на растресита подлога исчезна;
- балон ефектот кај што качувам нерамен терен и задното тркало ми отскокнува од земја исчезна (бонус е дааалеку поудобната вожња);
- бидејќи предното тркало има уште помала маса над него при качување, понизок притисок многу помага во бирање правец, т.е. ти го возиш точакот кај што сакаш, не те носи точакот кај што му е најлесно да се истркала.

При спуст:
- повторно, далеку поудобна вожња;
- корења и ситни нерамнини се осеќаат помалку, и помалку може да те исфрлат од линијата која си ја замислил;
- зголемен осет кон подлогата (да, звучи нелогично мека гума да дава повеќе осет ама кој вози со ниски притисоци, знае дека помалку ги чувствуваш оние мини-прелази од мека во тврда подлога и обратно бидејќи при низок притисок целиот крампон лежи на подлога додека при висок, помал дел е во контакт со подлогата).

Замисли, јас овие работи ги осетив возејќи низок притисок со внатрешни гуми (лесен сум, затоа немав штипнувања). На моменти ми требаше и понизок притисок и тука тубелес ќе ми дојдеше ко кец на десетка. Одговорно тврдам дека има осетна разлика и во 0.5 бар понизок притисок, а не па во 1.5 бар и јаче, колку што дозволува симнување надоле тубелес системот. :)

P.S. @Rocker05 иди во Бајкстоп, 250 денари беше малата флашичка Bontrager млеко. Јас ќе купам пак, ќе пробувам два-три фудбали да залепам со тоа :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не знам дали е право место за прашањево ама ми треба совет, каде да најдам квалитетни (но не надвор од разум со цена) кровни носачи и два држачи за велосипед?

Фала!
 
Член од
24 мај 2015
Мислења
400
Поени од реакции
281
Дечки планирам да купувам Abus Granit XPlus 540 од амазон. Да не знае некој дали се профава и во мкд, за да не го чекам 2 месеца. Поз
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Не знам дали е право место за прашањево ама ми треба совет, каде да најдам квалитетни (но не надвор од разум со цена) кровни носачи и два држачи за велосипед?

Фала!
Види кај дечкото. Имаш голем избор и малку поубави ценички има, ама и квалитет нуди

Дечки планирам да купувам Abus Granit XPlus 540 од амазон. Да не знае некој дали се профава и во мкд, за да не го чекам 2 месеца. Поз
23119900_1878742725499610_1985050558351547899_o.jpg

Нешто слично имаш во Пробајк. Прашај си точно за тој модел што го бараш.
тел. 02 277 1100
 
Член од
24 мај 2015
Мислења
400
Поени од реакции
281
Види кај дечкото. Имаш голем избор и малку поубави ценички има, ама и квалитет нуди

Прегледај го приврзокот 193176

Нешто слично имаш во Пробајк. Прашај си точно за тој модел што го бараш.
тел. 02 277 1100
Фала ти многу пријателе, ако го најдам таму моделчево ќе биде топ. Ова на сликава од таму го имаш земено? И која цена ако не е тајна
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Фала ти многу пријателе, ако го најдам таму моделчево ќе биде топ. Ова на сликава од таму го имаш земено? И која цена ако не е тајна
Незнам да ти кажам - го немам...
Ја спуштив сликата од нивната страна на ФБ има налепница со цена на него 4000 ден. најверојатно е . Најдобро ти е да си прашаш или да отидеш да си видиш.
 
DB.

Член од
23 септември 2005
Мислења
173
Поени од реакции
330
Мислење за овие велосипеди и дали е ок цената:

230 евра

200 евра

Не сум сигурен ама до 15.000 и овај е...
 
Член од
24 мај 2015
Мислења
400
Поени од реакции
281
Здраво. Дали некој имал прилика да користи Sigma брзинометри (километража) т.е. bike computers? Гледам дека outdoor.mk ги држат само во Скопје, а се прилично солени со цени, па да прашам искуства? Поз
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Мислење за овие велосипеди и дали е ок цената:

230 евра

200 евра

Не сум сигурен ама до 15.000 и овај е...
Колку што гледам од овие, Меридата е најмалку возена бидејќи е уште со фабричките гуми и грипови. По некоја логика ми личи на најразумен избор.

Пиши повеќе информации за другите. Колку се стари, што опрема имаат, колку редовно се оддржувани, колку често се возени и каде...
 
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
89
Здраво на сите форумџии, велосипедисти , љубители и подржувачи на овој спорт :) . Mе интересираат совети , мислења, ваши лични искуства околу следново: Правев комплетен сервис на велосипедот, го однесов на мајстор... тоа што требаше да се смени го сменивме.. во мојов случај Гуртни (пакни) за кочниците, кочниците се со хидрулика , купив Shimano гуртни, оригинални пар коштаа 800 денари, исто така направено е и промена на минерално масло во кочниците , и ланец нов оригинал е сменет истотака Shimano . Е сега одкако ја зедов точакот од сервис приметив дека кочницата не кочи баш најдобро, ептен е мека папучата, мислам си кочи во ред велосипедот но слаба и мека е папучата, само да напоменам кога го зедов точакот нов , таа иста папуча од кочницата беше ептен тврда и кога ке ја повлечеш имаш чувство дека ке те фрли од велосипед, толку јака што буквално во место те укопува :) прашањето ми е: што може во овој случај да претставува проблем? со оглед на тоа што сосема нови гуртни се сменети на велосипедот, истотака и сменето минерално масло ... но кочница сеуште е мека , треба да ја повлечиш скоро до самиот крај за да закочи добро... Кажувам повторно кога го купив прв пат нов точакот се си имав чувство дека ке летнам од велосипед од што беше тврда и јака кочницата. Молам за помош :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom