Харуки Мураками

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
уживам во јапонската книжевност досега имам читано од Јусунари Кавабата и секако Харуки Мураками од Мураками досега ги имам прочитано Sputnik Sweetheart ,1Q84 a Norwegian wood само што ја почнав.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Ја прочитав Спутник љубов. Почетокот ми го зароби вниман.ието но полека приказната замина во друг правец, спротивно од тоа што очекував. Ми се допадна стилот и како ги опишува сцените, прави да се најдеш самиот во приказната и да ја почувствуваш атмостферата која ги опкружува ликовите. Не ми се допадна преводот, во некои делови се чувтсвуваше дека е буквално преведено и некако ми "стрчеше". Патем ми се допадна ликот на "раскажувачот" и Сумире, а Миу не баш. Се на се, не е лоша книга. На саемот би купил нешто друго од Мураками за да прочитам, одамна сакам, а минатата недела случајно ја сретнав "Спутник љубов" во една локална книжарница и си реков ќе почнам со неа :cool:. Има некој друг прочитано нешто? Да ми даде предлог што следно да прочитам од него? :D:D
 
1q84 и norway wood
 
Член од
19 април 2014
Мислења
400
Поени од реакции
1.113
Го немаше првиот дел од "1Q84" и "Норвешка шума", па си ги земав "Кафка на брегот" и "Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак". :)
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
Го немаше првиот дел од "1Q84" и "Норвешка шума", па си ги земав "Кафка на брегот" и "Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак". :)
јас ја планирам after dark за следна
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Ја имам дома, ама не знам дали вреди да почнам да ја читам, троа сум специфичен кога се работи за книги и не читам се’ и сешто. Можиш да ми објасниш накратко што жанр е, за што пишува, која е содржината...?
Во моментов ја читам трилогијата 1Q84. Ова е прва книга што ја читам од него, досега имам прочитано стотина страни. Од тоа што го прочитав, прилично ми се свиѓа стилот на пишување и поставувањето на приказната. Книгава е доста долга, 1300 страни, ако ми го задржи вниманието да ја дочитам до крај ќе земам и нешто друго од него.
Не е лош, воопшто не е лош. Има интересен стил на пишување, како да раскажува движење на филмска камера а при тоа пак сме свесни за емотивните моменти на карактерите кои ги доживуваат во себе. After Dark (Кога ќе се стемни или како и да е на македонски превод) беше прва негова книга која сум ја прочитал и ме освои со стилот. Спутник Љубов и мене не ми се допадна до толку, некако не е според неговите стандарди. Сакам да ја прочитам 1Q84 али шо знам, скапа ми е уште...
Немам прочитано многу книги од Мураками, само Норвешка шума и 1Q84. Стилот на пишување му е некако чуден, сонлив и можеби малку спор. Во комбинација на тематиките што ги употребува, целата работа делува некако забегано ама на интересен и допадлив начин. Мураками не е од оние автори чии дела ги читам во еден здив, ама секако е интересен и не е заморен за читање.

Се чуствува и разликата помеѓу културите во неговото пишување, Јапонците ми се фасцинанти, на добар и на лош начин истовремено.
Штета што не го знам јапонскиот јазик, просто се чуствува дека некои работи се изгубени во преводот.
1Q84 е мех. Настрана од дупките у причата во кои не навлагам поради тоа што можеби се намерно направени, динамиката на приказната расте до некое ниво и послем опаѓа. Стилот на пишување е одличен патем. Зумирано, сцените се многу добро опишани, али причата е...онака, 4/10 бар по мој вкус.
уживам во јапонската книжевност досега имам читано од Јусунари Кавабата и секако Харуки Мураками од Мураками досега ги имам прочитано Sputnik Sweetheart ,1Q84 a Norwegian wood само што ја почнав.
Бидејќи ја барав IQ84 првиот дел во Три и од таму разбрав дека е распродадена одамна, да ве прашам, дали некој од вас ја има и има желба да ја продаде?
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
Бидејќи ја барав IQ84 првиот дел во Три и од таму разбрав дека е распродадена одамна, да ве прашам, дали некој од вас ја има и има желба да ја продаде?
не си правам приватна библиотека
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
може трампа само за повратен билет до Токио ;)
 
Член од
22 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
101
Покрај неколку обиди со Мураками, конечно му дадов шанса и започнав да го читам со "Безбојниот Цукуру.....". Питок стил, меланхоничен и депресивен. Како и да е, ми се допадна. Но, "Норвешка шума" ми беше како да читам некролог, особено крајот тотално утнат. И веднаш се гледа дека има одреден шаблон на пишување (барем според овие две книги): самоубиство, депресија, ликови кои не знаат што сакаат од животот, и трагајќи низ "мудроста на волшебниот ум на Мураками" стануваат попатетични од претходно, главните ликови секогаш се напуштени од некој без да им каже зошто, па сето тоа се врти во круг. Ја купив "Кафка на брегот" сега на попустот во Три, па ќе видиме како ќе поминам.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.524
Поени од реакции
7.115
Мураками ја претставува правата слика на животот не само убавините има и лоши моменти и сивите животот во Јапонија не е сјаен имаат голем број на самоубиства .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Во моментот ја читам Убиството на командантот, ја имам прочитано Безбојниот Цукуру Тазаки и годините поминати на аџилак, како и Спутник љубов. Сум читал многу и за другите книги, но не ми поминале низ раце. Со години ја барам Норвешка шума, но иако од Три најавија дека повторно ќе ја печатат, не испадна ништо од тоа.

Налетав на едно меме каде што спајдерменовците се главните протагонисти од книгите на Мураками и се посочуваат со прст, покажувајќи дека нема разлика меѓу нив. Нависатина, главните ликови во книгите на Харуки имаат слични особини и наликуваат еден на друг. Во нив се крие некаква депресија, осаменост, незадоволство од работното место, меланхолични сцени на исчекување да се случи нешто лошо, иако нема најава за нешто такво, нефункционални семејства итн. Главниот протагонист скоро секогаш има некоја лоша конекција со фамилијата која се опишува низ сеќавања, разделба од партнерот која води кон изолација во некој чуден свет во кој се случуваат уште почудни работи, издвојување на уживањето во џез и рок музиката...
Се прашував дали му се случило нешто во животот што лично се соживува со главните карактери од неговите книги? Кои патем, често се безимени раскажувачи.
Имаше еден убав коментар на интернетов, главните протагонисти најчесто се ликови со кои читателот лесно се поврзува, преку нив истражувајќи многу покомполексни и поинтересни карактери. Немам читано многу за неговиот живот, освен за часовите по пливање и трчањеето, ама некои имаат искоментирано дека знаејќи детали од неговиот приватен живот, Мураками би можел да биде главен лик во некоја негова книга.

Еве еден про-феминистички осврт на женските ликови во неговите книги.
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
106

Јас ја најдов норвешка шума и други неотпачетени кај нас ама на пдф па ќе ги копирам ама на српски :(
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Во моментот ја читам Убиството на командантот, ја имам прочитано Безбојниот Цукуру Тазаки и годините поминати на аџилак, како и Спутник љубов. Сум читал многу и за другите книги, но не ми поминале низ раце. Со години ја барам Норвешка шума, но иако од Три најавија дека повторно ќе ја печатат, не испадна ништо од тоа.
Јас ја имам. Мислев дека е достапна скоро во секоја книжара? Ќе треба да се распрашам. Прекрасна приказна, нема да зажалиш кога ќе ја набавиш.

Налетав на едно меме каде што спајдерменовците се главните протагонисти од книгите на Мураками и се посочуваат со прст, покажувајќи дека нема разлика меѓу нив. Нависатина, главните ликови во книгите на Харуки имаат слични особини и наликуваат еден на друг. Во нив се крие некаква депресија, осаменост, незадоволство од работното место, меланхолични сцени на исчекување да се случи нешто лошо, иако нема најава за нешто такво, нефункционални семејства итн. Главниот протагонист скоро секогаш има некоја лоша конекција со фамилијата која се опишува низ сеќавања, разделба од партнерот која води кон изолација во некој чуден свет во кој се случуваат уште почудни работи.
Некогаш вака размислувам и јас, но за ликовите на Стивен Кинг. Не сум чул слични размислувања од други негови читатели, ама вака ми делуваат многумина од неговите книги.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom