Што мислат религиозни луѓе за еволуција?

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Еволуцијата итекако е докажана и е факт, во науката терминот ,,теорија" незначи дека нешто не е докажано. И гравитацијата е теорија! Зборот на кој си мислел најверојатно е хипотеза а не теорија.
Има безброј примери за еволуцијата, има видови што еволуирале во услови и периоди точно забележани или креирани од човекот, на темата еволуција наспроти креационизам сето тоа е многу пати образложено.
Во науката е докажана микро еволуцијата и дееволуцијата. Овде не спаѓаат промената на бројот на хромозоми во јадрата на клетките и создавање нови видови.
Теорија е спротивно од пракса, а хипотеза е претпоставка. Двете добро се совпаѓаат овде.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Во науката е докажана микро еволуцијата и дееволуцијата. Овде не спаѓаат промената на бројот на хромозоми во јадрата на клетките и создавање нови видови.
Теорија е спротивно од пракса, а хипотеза е претпоставка. Двете добро се совпаѓаат овде.
Ти никаде не спомна хромозоми во постот што го цитирав, спомна само еволуција и изнесе невистина дека била недокажана и затоа се нарекувала ,,теорија на еволуција". Тоа е погрешно, во науката теоријата е исто што и факт, т.е. знаење:

A scientific theory is an explanation of some aspect of the natural world that can, in accordance with the scientific method, be repeatedly tested, using a predefined protocol of observations and experiments.[1][2] Established scientific theories have withstood rigorous scrutiny and are a comprehensive form of scientific knowledge

Link
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Еволуцијата и научните истражувања не се во спротивност со религијата туку напротив,колку повеќе навлегуваш во науката толку повеќе сфаќаш дека се е интелигентно креирано-т.е. Креативната Интелигенција е присутна насекаде,од најмалиот атом до диносаурусите...Така да,оние кои прават поделби меѓу овие работи го прават тоа намерно затоа што не се на доволно интелектуално и секакво друго ниво зада го разберат ова што го пишувам
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Така да,оние кои прават поделби меѓу овие работи го прават тоа намерно затоа што не се на доволно интелектуално и секакво друго ниво зада го разберат ова што го пишувам
А да би го правеле ненамерно, дали и тогаш немало да бидат на „доволно интелектуално ниво“ за да го разберат тоа што го пишуваш? Ако да, како „намерното правење“ на тоа, е показател за нивното интелектуално ниво?
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
А да би го правеле ненамерно, дали и тогаш немало да бидат на „доволно интелектуално ниво“ за да го разберат тоа што го пишуваш? Ако да, како „намерното правење“ на тоа, е показател за нивното интелектуално ниво?
Не тролај човече,затрола
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Еволуцијата и научните истражувања не се во спротивност со религијата туку напротив,колку повеќе навлегуваш во науката толку повеќе сфаќаш дека се е интелигентно креирано-т.е. Креативната Интелигенција е присутна насекаде,од најмалиот атом до диносаурусите...Така да,оние кои прават поделби меѓу овие работи го прават тоа намерно затоа што не се на доволно интелектуално и секакво друго ниво зада го разберат ова што го пишувам
Turrican,

а како ќе ги споиш еволуцијата од една и интелигентно креираното од друга страна, оти истите се ептен „некомпатибилни„?

Еволуцијата подразбира бесцелност, бесмисленост и бесконечно восложнување на нештата, додека интелигентиот дизајн подразбира спротивни нешта, како: смисленост, целисходност, релативна непроменливост на створените нешта и сл...

А веќе е познато дека еволуцијата и религијата (која?...) баш и немаат нешто заедничко, туку имаат спротивставени толкувања на феномените во Вселената.
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Мравката работела милиони години и пак останала мравка. Мајмунот се глупирал за цело тоа време и станал човек.:D
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Види,значи ти ги гледаш работите од точка на религија со догми,јас ги гледам од точка на независен набљудувач,посматрач кој учи и се надградува,на оваа ниво на кое сум сега гледам дека и да се точни еволутивните теории,сепак тие се дело на Интелигентна креација а не на случајни рандом појави...Така да гледај на мене како на слободен мислител кој верува во Интелигентниот дизајн на се што постои,затоа реков дека еволуцијата и креацијата се слични работи
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
дека не постои надвор од засебните видови.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Turrican,

а како ќе ги споиш еволуцијата од една и интелигентно креираното од друга страна, оти истите се ептен „некомпатибилни„?

Еволуцијата подразбира бесцелност, бесмисленост и бесконечно восложнување на нештата, додека интелигентиот дизајн подразбира спротивни нешта, како: смисленост, целисходност, релативна непроменливост на створените нешта и сл...

А веќе е познато дека еволуцијата и религијата (која?...) баш и немаат нешто заедничко, туку имаат спротивставени толкувања на феномените во Вселената.
Види,многу луѓе на планетава едноставно немаат појма за тоа каква смисленост,цел и бесконечно знаење има вложено во еволуцијата-едноставно кажано,таа е дело на Интелигентен Креатор,не на бесцелни и бесмислени случајни рандом појави...Самиот Дарвин кој се смета за татко на еволуцијата немал појма од тоа како функционира клетката и каков сложен организам е таа,тој само загребал одозгора во тоа поле,едноставно кажано и најмалата клетка е толку сложена што едноставно е невозможно да е дело на случајни настани...Еволуцијата која ја учеа милиони луѓе низ историјата и во претходниот систем буквално учи дека ако помине ураган низ еден отпад за старо железо,после ураганот деловите кои ќе паѓаат на земјата случајно ќе се спојат во една голема BMW лимузина,будалаштина зарем не? хехе
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
364
Поени од реакции
152
Еволуцијата се случува кај поновите божји креации, за да се прилагодат на средината и условите за живот. Совршените не еволуираат.;)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Не сум религиозен у конвенционална смисла, ама мислам дека еволуцијата, т. е. теоријата за еволуција на Дарвин е еден голем BS.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
Види,многу луѓе на планетава едноставно немаат појма за тоа каква смисленост,цел и бесконечно знаење има вложено во еволуцијата-едноставно кажано,таа е дело на Интелигентен Креатор,не на бесцелни и бесмислени случајни рандом појави...Самиот Дарвин кој се смета за татко на еволуцијата немал појма од тоа како функционира клетката и каков сложен организам е таа,тој само загребал одозгора во тоа поле,едноставно кажано и најмалата клетка е толку сложена што едноставно е невозможно да е дело на случајни настани...Еволуцијата која ја учеа милиони луѓе низ историјата и во претходниот систем буквално учи дека ако помине ураган низ еден отпад за старо железо,после ураганот деловите кои ќе паѓаат на земјата случајно ќе се спојат во една голема BMW лимузина,будалаштина зарем не? хехе
Дур сме кај случајностите..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.581
Поени од реакции
11.595
Религиозните, се мисли сигурно на христијани и муслимани - бидејќи тоа имаме во Р. Македонија од религиозни (собрано со нивните секти) мислат дека еволуцијата не е реалност и е лага на луѓето кои сакаат да владеат со другите луѓе, но затоа пак само Богот во кој што веруваат е реалност со сите тие светци, ангели, архангели, војна на небото, Сотоната паднат на Земјата и слично...

Нема НЗС во овие муабети... All we see is faith beyond stupidity.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Вообичано, религиозните мислат дека „...еволуцијата е лага која трае....„.

И трае...и трае...и трае...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom