Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Едно со друго не се поврзани ама поентата е иста, дека и тогаш кога ти кажуваа некои дека не треба да очекуваш скоро ништо зошто не играте ЛШ ти се споредуваше со Јунајтед, како купувале мега јаки ѕвезди без ЛШ. Пак ќе кажам, се согласувам со се', дека треба и што викаш план да се направи за атак на Скудето следна година, нешто што ќе го направат и Наполи и Рома (покрај Јуве) ама дека и „само“ пласман во ЛШ не треба да се глеа како ситбек, зошто узастопен пласман во ЛШ е многу подобро од неиграње во ЛШ. Не значи дека и наредно 4-5 години ќе се гледа на тоа како успех и добра сезона ама за почеток и тоа е добро.
Па пеџа, редовно играње во ЛШ можеш да доставиш само ако целиш на скудето, и правиш тим кој одговара на поставените стандарди, во случајов на јуве, за освојување на титула во лига. Зашто реално сезонава лацио беа еден од главните конкуренти за ЛШ до задње коло, а најскап трансфер им беше лукас леива и марушич, двајцата земени за вкупно 14м евра. Тоа узастопно играње во ЛШ нема што да го дискутираме, мора да се подразбира после сезонава иначе било кое друго сценарио ке биде катастрофален фејл на управата и тренерот.

@Aleksandar91
Еве кои се ризиците иначе, ако поебеш нешто у врска со фифа фер плејот
Сеа не знам овие што ќе напраат со ова и дали ќе средат, ама чисто да видиш дека не е само интер инволвиран со ффп и дека само ние се замараме со ова срање. И рома исто лани затоа продаваа битни играчи, да не го јадат бламот и да ги избркаат од ЛШ.





еве и поопширно

https://www.football-italia.net/121756/report-milan-fail-ffp-tests
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Правен е муабетов 100 пати.
Дали може да се заобиколи ФФП на некој начин? Значи кинезите да внесат пари а да не бидат казнети?
Да/Не ?
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
што викаш план да се направи за атак на Скудето следна година, нешто што ќе го направат и Наполи и Рома (покрај Јуве)
Овие појќе планој прават кај ќе одет на скара за 1мај, отколку скудето како да освојат.


Зошто би го бркале Спалети, лол? Тоа е веројатно најглупата работа која би можеле во моментот да ја направат. Му дадоа тим за 4-то место, му побараа 4-то место, обезбеди 4-то место. Да го бркаш после една сезона единствениот тренер после Мурињо, кој го оствари таргетот поставен од клубот пред почеток на сезона, е прилично глупо по сите стандарди (иако најголем дел од другите тренери добиваа нереален таргет, ама тоа е beside the point). Најмалце примени голови во последните 10ина години, најмногу поени во последните 7 сезони, добра игра, плус успеа да го врати тимот во колосек, после оној пад што редовно им се случува на средина на сезона, нешто што ниеден друг тренер пред него не успеа. Спалети си ја заврши својата работа и си ја заврши прилично добро. На него отпаѓа најмал дел од вината за лошите резултати, а тој дел е неразбирливата заљубеност во Сантон, иако и немаше многу подобри опции на клупа од него. Најголем дел до вината ја имаат катастрофалното потфрлање на некои од играчите, најмногу од нападот, кои беа страшно неефикасни сезонава (во прва рака Кандрева и Едер, а после нив Перишич), а после тоа на тој што го градеше ростерот на тимот за сезоната, ради тоа што остави делови од тимот небалансирани и без соодветни замени, и природно ради тоа што преценил некои играчи. И ако на спортскиот директор може да му се опрости, играчите што потфрлија треба да летаат од тимот, пак тука најмногу мислам на Кандрева и Едер.
Како бе прилично добро ја завршил работата? Претпоследно коло дома губит од Сасуоло, С-А-С-У-О-Л-О, за после да се молиме од Кротоне и Зенга да им кинат бодови на Лацио, истиот тој Лацио кој 10години уназад им ги земаме секогаш најдобрите играчи и потрошени кило семки во претходните 3 сезони за трансфери. И последно коло место да "докажи" дека вистина заслужува да остане следната година во Интер, тој целосно се изгуби против Лацио со тактиките и со еден ТОН среќа, Интер некако е во ЛШ.
Да не почвам да пишам и играњето на Сантон, и една од "најдобрата" измена во фудбалот, Икарди-Сантон, 0-0 против Порденоне, од Серија Њ и тоа дома, немањето на победа од скоро 2месеци, итн.

Да, Спалети го "оствари" таргетот да игра Интер во ЛШ, ама искрено да правиме муабетот, Зенга појќе има удел шо Интер следната сезона ќе игра во ЛШ, отколку Спалети.

За следната сезона, нема потреба да се става притисок со борба за титула. Првата цел, треба да им биде стабилно 3-то или 2-ро место и минимум 3-то место во групата од ЛШ, за да продолжат во Европа во пролет. Во зависност од тоа каква сезона ќе имаат другите тимови, првично Јуве и останатите, од тоа треба да зависи дали и амбициите ќе може да им растат во текот на сезоната Ако Јувентус има сезона како последната, премногу би било да се бара да им бидат во чекор до крајот. Приоритет треба да им биде стабилно место на врвот на табелата и нова сезона во ЛШ, за клубот да има позиција за прогрес во иднина, да дојдат во ситуација во која се Рома и Наполи сега. Тогаш ќе имаат финансиска, организациона и тимска стабилност, што ќе овозможи да го направат следниот чекор нагоре. Нешто што Рома и Наполи не можат да го направат, а што Интер далеку полесно ќе може да го направи. Мислам дека таков и ќе им биде планот, зошто ми делуваат попаметни од порано. Вакви експерименти ко на Милан сезонава, по секоја цена треба да избегнуваат.
wat? Ќе се повторам пак ама, каква сезона имаше Јувентус, една утакмица во Италија не ми текнува каде шо биле изразито подобри од топ5 екипите. Ево нека кажат Јувенташите (знам дека читаат и овде :)) која утакмица биле подобри од Лацио/Наполи/Интер/Рома. Лацио си ги тепа во Торино, Наполи исто, со Интер две шанси направиа, Рома едино ја тепаја со еден тон среќа и тоа какви шанси имаа Рома, посебно Шик последна минута. На гости, со нас со судиска помош победија, со Лацио во 93минута дадоа гол, во Неапол се затворија после голот и цело време Наполи напаѓаше, во Рим 0-0 лагано. Исто и против долните екипи беа шит Јуве, против факинг Беневенто мораше судијата да им судит непостоечки пенал за да победет. Многу ги преценвите Јувентус ко тим, а тие буквално си се шлепаат до скудетото, зш имаат конкуренција 0.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Правен е муабетов 100 пати.
Дали може да се заобиколи ФФП на некој начин? Значи кинезите да внесат пари а да не бидат казнети?
Да/Не ?
Не, заобиколување = казна, псж и сити имаат плаќано по 50м евра казни ради праење на далавери такви, плус ние неаме стадион кој може да трпи спонзорство од 50евра ко они што имаат, па да смениме од меаца, у сунинг арена.
И за самофинансирањето има прецизирано у ффп правилата, дека трпи санкции и дека е секогаш предмет на истрага ако газдата од свој џеб уфрли пари у тимов преку спонзор.
Ама не е проблем на сунинг преку спонзори од кина да уфрла пари, а да не се нивни, така направија за барбоса и марио, сместа кинески пари влегоа од спонзорства у клубот, само што сеа не знам дали уште имаат рестрикции за тоа или не, минатото лето ништо од кина не влезе у интер така да и ова исто е многу битно летово да се види, дали се олабавени рестрикции или не, никој ништо за тоа не пишуе моментално ...

Иначе еве и УЕФА се огласија за Милан, можно е да го јадат дебело поради прекршување на ффп правилата, така да у никој случај нема сунинг или било кој друг у интер, а да не е разулавен нафташ од катар, да ризикува и да го ништи реномето на клубот со барање на некакви дупки у закон и пуштање нелегално пари у интер, ко што глеаш само сити и псж трпеле санкции ради тоа, никој друг тоа не го прави, сите се осврнуваат на маркетингот, тв правата и слично, само нас никој не ни е крив што пример у англија, фулам или вила ке добијат 160м евра ако се пласираат у прва лига, така ова е уште еден проблем за Италија, малце пари добиваат тимовите од тв правата за разлика од другите лиги.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Како бе прилично добро ја завршил работата? Претпоследно коло дома губит од Сасуоло, С-А-С-У-О-Л-О, за после да се молиме од Кротоне и Зенга да им кинат бодови на Лацио, истиот тој Лацио кој 10години уназад им ги земаме секогаш најдобрите играчи и потрошени кило семки во претходните 3 сезони за трансфери. И последно коло место да "докажи" дека вистина заслужува да остане следната година во Интер, тој целосно се изгуби против Лацио со тактиките и со еден ТОН среќа, Интер некако е во ЛШ.
Да не почвам да пишам и играњето на Сантон, и една од "најдобрата" измена во фудбалот, Икарди-Сантон, 0-0 против Порденоне, од Серија Њ и тоа дома, немањето на победа од скоро 2месеци, итн.

Да, Спалети го "оствари" таргетот да игра Интер во ЛШ, ама искрено да правиме муабетот, Зенга појќе има удел шо Интер следната сезона ќе игра во ЛШ, отколку Спалети.



wat? Ќе се повторам пак ама, каква сезона имаше Јувентус, една утакмица во Италија не ми текнува каде шо биле изразито подобри од топ5 екипите. Ево нека кажат Јувенташите (знам дека читаат и овде :)) која утакмица биле подобри од Лацио/Наполи/Интер/Рома. Лацио си ги тепа во Торино, Наполи исто, со Интер две шанси направиа, Рома едино ја тепаја со еден тон среќа и тоа какви шанси имаа Рома, посебно Шик последна минута. На гости, со нас со судиска помош победија, со Лацио во 93минута дадоа гол, во Неапол се затворија после голот и цело време Наполи напаѓаше, во Рим 0-0 лагано. Исто и против долните екипи беа шит Јуве, против факинг Беневенто мораше судијата да им судит непостоечки пенал за да победет. Многу ги преценвите Јувентус ко тим, а тие буквално си се шлепаат до скудетото, зш имаат конкуренција 0.
Со Сасуоло имаа еден тон утнати зицери, и на првиот и на вториот натпревар. Минимум два на Икарди што сега ми текнуваат. Каква е одговорноста на тренерот, ако играчите не ги реализираат шансите? Што може да направи, да влезе и да им ги контролира нозете? Неговата работа е да направи game-plan за да го стави во позиција да имаат зицери, дали играчите ќе ги реализираат или не, зависи од нивниот квалитет. Во натпреварите каде губеа бодови, тимот создаваше шанси, проблемот беше, пишав и во претходниот пост, што напаѓачите беа ужасно неефикасни цела сезона. Стартното десно крило имаше нула голови, for fuck's sake. Да е работата уште полоша, единствена резерва е Едер, кој имаше катастрофална сезона. Другата е 19 годишно дете од француска лига. Одговорноста на Спалети е првенствено за натпреварите каде го ставаше Сантон, чие усерување директно влијаеше на резултатот. И тоа е тоа, ако Перишич реши да си земе 3 месеци одмор сред сезона, и ако Кандрева реши дека не му се игра сезоната, одговорноста за тоа е на нив самите. Посебно ако тренерот нема други опции што ќе ги заменат.
А муабетот со Лацио, ич не ти го разбирам. Ако Лацио прави компетитивни состави со помалце вложувања од Интер, година за година, тоа значи дека спортскиот директор не ја врши добро својата работа, сигурно не е до тренерот што е тука една сезона. Спалети не го терал Интер да го зема Хернанес за 20 + милиони.
Освен ако не тврдиш дека Лацио има толку послаб тим од Интер, што борбата за 4-то место со нив е потфрлање на Интер. Што за мене е глупост. Лацио можеби има маргинално послаб тим од Интер, иако ја би рекол (имајќи ја во предвид оваа сезона) дека тимовите се со ист квалитет. Интер нема ни блиску талент во средина како Милинкович-Савич, ни играч од кпупа што има импакт како што има Фелипе Андерсон. Плус, што Имобиле, Луис Алберто, па дури и Леива имаа одлична сезона. Не е проблем на тренерот, управата, па дури и на самите играчи, ако ти им го преценуваш индивидуалниот квалитет. Местото им е да се борат за 4-то место, тоа го докажуват и претходните сезони.

Барање дежурен кривец е полесно, ама не е правилно. Има ли Спалети некаква заслуга за сезонава, или само е одговорен за проблемите? Пример, рекордот во дадени голови на Икарди, позицијата на Брозович во вториот дел од сезоната, играта на Кансело, формата на Скринијар и Миранда, или тоа е се до играчите?

За делот со Јувентус, Јувентус имаа 95 бода на крај, 30 победи. Тоа се 23 поени плус од бодовите на Интер сезонава, или 33 од бодовите на Интер од претходната сезона. Како ги освоиле е небитно, за поентата на нашиот муабет. Небитно е и дали играле добро, или не. Не даваат бодови за добра игра, даваат за резултатот на крај на семафор. Ако не сум грешка, Јувентус последните сезони константно иде преку 90 бодови. Затоа, ако има Јувентус слична сезона и следната година, да му поставиш цел на тимот, дека сезоната ќе им биде успешна, само ако имаат 20+ бодови од претходната сезона, е нереално и е рецепт за катастрофа. Посебно, ако тимот е ментално нестабилен и секоја полусезона им се случува слободен пад. Ако Јувентус има проблеми во текот на сезоната, а Наполи не тера со темпо како оваа сезона, тогаш веќе ќе може да се разговара за борба за титула.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Најглуп муабет од тоа да го кривите Спалети моментално не сте можеле да извадите.
Па на 99% од членовите на Интер на почетокот од сезоната очекувањата им беа да влезат во ЛШ, факт е дека ова беше максимумот, и тогаш и сега.

Сега ако случајно Спалети добие едно 4-5 класа трансфери, тогаш можеме да збориме и бараме подобри резултати, али со овие играчи ова е максимумот, и тоа е тоа, нема повеќе што да збориме или бараме од човекот.

Управата па и фановите уште на непочната сезона бараа од човекот пласман во ЛШ, тоа и го добија, сеа да не изиграваме експерти и да подценуваме нечија работа.

Спалети во една сезона ни ја стабилизираше одбраната како никогаш досега во овие 10 години, од кога он е дојден имаме и подобра игра, не перфеткна но со малку среќа, пласманот во ЛШ ќе беше решен уште порано.

Се сложувам со вас дека следна сезона со подобри засилувања треба и мораме да целиме кон скудето и ништо помалце, не мора да го освоиме, пред се мислам да се бориме за истата до крајот.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Икарди или Кансело да ве напуштат, а можно е и двајцата да заминат одма овие планови и математики за во иднина ќе ги смените и ќе ги колнете Кинези Корејци до 3то колено и пак успех ќе гледате во тоа 4-то место и квалификување во ЛШ, а настапот во ЛШ следна сезона од пред време поминување групи ќе го сметате за успех.
Во врска со последниот пост за каква стабилност зборуваш што Рома и Наполи неможат да ја имаат? Дали си сериозен? Па моментално од таа гледна точка Наполи, па и Рома за Интер се ПСЖ, а и политиката и стабилноста што ја имаат моментално изгледа како да ќе си тераат вака и во иднина без проблем и рутински ќе си играат ЛШ барем уште 3-4 сезони. Почекајте малку нека помине лето ќе видиме што ќе испазарите и дали ќе успеете да ги зачувате Икарди и Кансело. Лани Интер потроши +200м па ете им го напредокот за малку не освоија Серија А. ;)
Да, преку 400 милиони потрошија.
Муабетот беше дека, не можат да го направат следниот чекор нагоре, а тоа е вистински да му конкурираат на Јувентус за титула, и да освојат титула. Немаат и двата тима капацитет за тоа, последен пример е Наполи, кој имаше сезона што не верувам дека пак ќе ја има. Меѓутоа и кога работат добро како клуб, премали се за да ги имаат финансиските мускули и престижот за да привлекуваат играчи, за да дојдат до нивото на Јувентус. Наполи ја изгуби титулата зошто немаше клупа, а немаше клупа зошто има circa 150 милиони евра помалце приходи, од оние на Јувентус. Интер и Милан се друга приказна, имаат фан база, имаат бренд и имаат тежина, што со неколку стабилни години на финансиски и организациски план, можат да дојдат во позиција да го направат тој чекор. Затоа, приоритет на Интер треба да биде и следната сезона да биде на врвот, без разлика дали ќе биде во трка за титула, за да ја добие таа стабилност и да оформи јадро на тимот, како Рома и Наполи во моментот. Кога ќе дојдат до таа позиција, тогаш ќе можат полесно од овие два тима да го направат чекорот нагоре. Тоа беше поентата отприлика, затоа прочитај поубаво и разбери што коментираш, пред да коментираш.

Иначе, Наполи очигледно влага во rebuild mode следната сезона. Тренерот и дел од тимот очигледно си заминуват, што значи дека се на крај на циклусот. Слично и Рома има јадро на тимот што старее и што не знаеме како ќе го заменат. Така да, не се премногу далеку за Интер тие два тима.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.039
Поени од реакции
12.463
Икарди или Кансело да ве напуштат, а можно е и двајцата да заминат одма овие планови и математики за во иднина ќе ги смените и ќе ги колнете Кинези Корејци до 3то колено и пак успех ќе гледате во тоа 4-то место и квалификување во ЛШ, а настапот во ЛШ следна сезона од пред време поминување групи ќе го сметате за успех.
Во врска со последниот пост за каква стабилност зборуваш што Рома и Наполи неможат да ја имаат? Дали си сериозен? Па моментално од таа гледна точка Наполи, па и Рома за Интер се ПСЖ, а и политиката и стабилноста што ја имаат моментално изгледа како да ќе си тераат вака и во иднина без проблем и рутински ќе си играат ЛШ барем уште 3-4 сезони. Почекајте малку нека помине лето ќе видиме што ќе испазарите и дали ќе успеете да ги зачувате Икарди и Кансело. Лани Интер потроши +200м па ете им го напредокот за малку не освоија Серија А. ;)
Волку глупости,во еден волку краток пост, треба стварно да си уметник за да ги напишеш


Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
На почеток на сезона сите бевме со ставот дека конечно добивме тренер кој може да ни достави ЛШ и сите имавме такви очекувања и бевме позитивно настроени. Сега откако заврши сезоната можам да кажам дека Спалети треба да остане пред се затоа што го оствари замислениот таргет на управата, а второ затоа што нема друг подобар ДОСТАПЕН тренер. Трета ствар, преку кур од константно менување тренери.

А ако зборуваме искрено милион фејлови имаше сезонава Спалети, не е баш така ко што го претстави погоре Лупхол, на страна зицерите на Икарди и очајниот Кандрева. Интер имаше период од три месеци каде не можеше да победи, играчите беа уништени психички, не игравме фудбал, не знаевме кај тераме. За тоа кривица има самиот Спалети, затоа што во вакви ситуации импактот на тренерот е најбитен, Интер после одреден неуспех под палка на Мурињо на следната утакмица живи луѓе јадеше. Годинава под притисок се покажавме ОЧАЈНО сем последнава утакмица која сеуште не знам како ја добивме. Потфрли многу Спалети и малце фалеше да си ебе мајка и инвестирање и Кинези и Икарди и све, али среќа се деси она што се деси во Рим и испадна ок на крајот.
Нема отказ сега, човекот на ваков или таков начин ни достави ЛШ, нека тера и следната година.

Искрено според мене Спалети не е калибар на тренер што ќе ти достави Скудето, ужасен психолог е, за ова може да потврдат и фанови на Рома и доста лесно се кара со играчи. Нула титули во цела кариера сем во Зенит една или две, не знам колку освои, со тоа што таму имаше ПСЖ или Баерн лига, најбогат тим, милион добри играчи за нивни услови и пак успеа една сезона дебело да фејлне. Во денешно време каде треба да се бориш со еден моќен Јувентус треба да си квалитетен на секое можно поле, па и косачот на тревата да е подобар од оној на Јуве, а Спалети е едно 500 скалила подоле од Алегри. Али ај да не влевам негатива пред време, на крај краева нека застане клубов на нозе, нека игра редовно ЛШ па тренер во иднина ќе се најде. Реално многу луѓе би го воделе Интер кој редовно игра ЛШ и има и квалитет и пари за да атакува на титули, има историја, има огромна база на фанови, богати газди, буквално сите предуслови. Нека биде Спалети само почеток на една убава бајка. :)
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Премногу споредувате со Мурињо, тим составен од играчишта и само Деки ко умислена ѕвезда, затоа тој тим освои ЛШ а за овој е успех 4то место.

Мислам дека со 4тово место во последно коло на фантастичен начин обезбедено, забораваме/те колку очајни играчи имаме и неконзистентност.

ЛШ беше Must, планиравме со Милан да се бориме, испадна со Лацио да се натегаме.

Прошлото лето го погодивме само Скриниар, сега покрај Марио и Кондогбиа (кои би ги задржал), треба да се ослободуваме и од Весино па и Валеро. А се уште ги немаме обезбедено Рафиња и Кансело (двајцата 70 мил, Весино и Далберт 40 мил).

Доста работа имаат во Интер и треба паметно да менаџираат, тешко да извадат добри пари коа сите знаат дека мораме да продаваме 4~5 играчи.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
@loophole , со Лацио каде шо никој немојт да ме убедит дека имаме НАЈМАЛЦЕ рамноправен тим против нив, Спалети се изгуби цела утакмица, немаше човек на планетава шо се надеваше дека Интер ќе победи после првото полувреме како шо го изиграја. Се деси то шо се деси сега сме во ЛШ со тон среќа и ето не сакаш да го избркет заради то шо обезбедил пласман во ЛШ, ама Спалети со ништо не е заслужен за победата во Рим. Само глупавоста на Де Вриј и Лулич, и то шо го имаме Икарди. Е сега ако бевме во ЛЕ, пак ќе пишеше дека треба да остани Спалети?

И тоа шо го ставаше Сантон, пишиш ко мала работа да е, да не претерам ама Спалети шо имаше фетиш на Сантон, заради него изгубивме 5-6бода. Мала работа е тоа тренерот на својот тим, да им одземе 5-6 бода чисти. Ја гледав утакмицата со Јуве со Интераши и сите буквално рекоа ево ја еба овде Спалети. И не само ние, сите шо го гледале тро Сантон знаат дека е дрво дрвосано, ама зато Големиот Гранде Спалети (тој шо треба најповеќе да знае за играчите), сакаше да ни "докажит" дека гледа нешто во Сантон, и се деси тоа шо се деси со Јуве. Убо имаше напишано и стеф после утакмицата, "со кое лице бе утре ќе го видит Икарди и шо ќе му речит, згрешив братт то еееe".
И то ова се дешават ПОСЛЕ грешките на Сантон против Рома и Удинезе и катострафалната сезона(кариера?) шо ја има Сантон. Ај да разберев да му беше првпат ова на Сантон, па да го кривиме играчот, ама не, Спалети сакаше да докажит којзнае што, ќе ја испосереше цела сезона начисто и ги изгуби сите кредити кај мене.


Исто и пиша "Во натпреварите каде губеа бодови, тимот создаваше шанси"
wat??????????????????????????????????????????????

Аталанта 0-0 гости, еден зицер на Перишич, друго ево не ми текнува
Торино 1-0, Перишич статива, катастрофа игра
Интер 2-0 Беневенто, катастрофа цела утакмица беше, срам
Џеноа 2-0 Интер, Пандев беше Меси за сите играчи на Интер, еднаш ако шутнавме на гол.
Интер - Кротоне, 1-0 за Интер прво, и место да одет на уште еден гол, тие се бранат дома од факинг Кротоне и нормално 1-1
Спал 1-1 Интер, :pos::pos::pos: немаа ни шанси овде Интер, овие сами си дадоа гол никаков и после чудо беше и како не изгубивме утакмицава.
Интер 0 - 0 Порденоне, требит коментар нешо овде?
Интер 1-3 Удинезе, првото полувреме ги убивме на чисто овие и заради нормално Сантон и пеналот, па после второто се изгубија сите играчи од Интер. Кој е крив шо се изгубија сите играчи второ и шо незнае да мотивира или да смени тактика кога не оди?

Да не ти пишам и за другиве тие ми текват во моментов, нормално си имаат играчите своја вина за дел од игрите, како шо кажа Едер кој е изгубен во свемирот (и баш тогаш ко почна да игра Едер, а се повреди Икарди, имавме 2 месеци без победа), а го продадоја Јоветич за кило семки на Монако, Јоветич кој најверојатно ќе останеше и на клупа, тука ги кривам Кинезиве. Не вервам Спалети да е толку забеган да мислел Едер > Јоветич, пред сезона. Перишич шо заборави фудбал да играт втора сезона (со исклучок на неколку утакмици), а Кандрева, шо да пишам за чоеков, очај е целион, жал да ти паднит само ко ќе го видиш во она фацана.


Како и да е, со Спалети следната сезона искрено и јас очекувам да е подобро (малце затоа шо ќе му е втора година, па можеби ќе си поправи некои "грешки", а многу инаетчија ми изгледат и преголемо его чоеков, ама ајде ќе видиме) со нови играчи, ама "никош" немат да освојме со Спалети скудето, не зеде со Рома, нема да земи ниту со Интер, без разлика какви трансфери во иднина направиле Интер.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.037
Поени од реакции
106.833
Премногу споредувате со Мурињо, тим составен од играчишта и само Деки ко умислена ѕвезда, затоа тој тим освои ЛШ а за овој е успех 4то место.
Секако дека Милито и Мота беа играчишта тогаш, нема проблем. Да не се потсетуваме на мислењата на широката јавност за тогашниот трансфер период, мајки и шајки беа ебавани за продажбата на Ибра и носењето на Милито, али испадна како што испадна, освоивме триплете. :D И воопшто не е муабетот за квалитетот на играчите, зборев за менталитетот. Интер го има пред се Икарди, еден од најдобрите напаѓачи во светот, Миранда кој е преискусен играч и лидер на одбраната, Ханда е исто така многу искусен играч, Валеро, Дамброзио (колку да го нејќеме сепак има огромно искуство во Италија)... И покрај сево ова Интер сезонава не делуваше на тим со карактер, играме утакмица каде изгледаме ко Барселона од ерата на Пеп, четири гола за полувреме даваме, секој напад шанса, буквално доминација на секое поле, за следната да искочиме против некое село дома и да не можеме кон голот да шутнеме. Да не зборувам за утакмиците каде први ќе примевме гол, пресврт беше научна фантастика, одма почнуваше безидејна игра како со Лацио, пасови без никаква цел и идеја...
Поентата ми е дека тука тренерот го има најголемото влијание, види Сити колку утаккмици тепаа сезонава а не заслужија да ги тепаат, со голови во 90+ или со некои пресврти. Мене искрено не ми смета и пораз после примен гол, ама сакам тимот да покаже карактер и да напаѓа, да не се откажува од утакмицата. Секако дека не може баш секоја утакмица да ја свртиме во наша полза, ама изданија како со Спал, Кротоне, Џенова гости, Аталанта гости, е тоа ме вади од такт и сакам да им изнаебам се живо и диво. Интер мораше да победи со Аталанта, ФЕЈЛ, мораше со Торино, ФЕЈЛ, мораше со Сасуоло, ФЕЈЛ, единствено со Лацио оваа што ја добивме и покрај очајната игра. Ќе мора да се работи и на ова поле следната сезона, а се надевам дека ова со Лацио само ќе е темел на надградбата на менталитетот на тимов.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Колку и да е очаен Спалети,не е само тој крив.
Да не следи некој и да ве чита на форумов ќе си мисли Роналдо,Погба и Модрич ги имаме и тренеров не знае да ги вклопи.
А и не знам зошто ги преценувате сите играчи.Перишич ми го правите Меси јбт.Еве што изигра толку сезонава мајчиниов ќе ми каже некој?Правеше нешто вишоци или фаќаше топка и од 30 метри в гол влегуваше?Просечен играч за тим кој што се бори за ЛШ.За во Фиоре и Лацио измислен е.
За стилов на игра што го негуваме и пред се поради Икарди,МОРАМЕ да се појачаме здраво на средината.Кога ќе играме против поасолен противник не можеме играч да претрчаме ни па вишок да направиме.Очобол сме.За резерви може да се земе нешто поефтино или фри трансфер.Сеа откако фативме ЛШ можеби ќе се залажат некои и од подобриве играчи.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Секако дека Милито и Мота беа играчишта тогаш, нема проблем. Да не се потсетуваме на мислењата на широката јавност за тогашниот трансфер период, мајки и шајки беа ебавани за продажбата на Ибра и носењето на Милито, али испадна како што испадна, освоивме триплете. :D И воопшто не е муабетот за квалитетот на играчите, зборев за менталитетот. Интер го има пред се Икарди, еден од најдобрите напаѓачи во светот, Миранда кој е преискусен играч и лидер на одбраната, Ханда е исто така многу искусен играч, Валеро, Дамброзио (колку да го нејќеме сепак има огромно искуство во Италија)... И покрај сево ова Интер сезонава не делуваше на тим со карактер, играме утакмица каде изгледаме ко Барселона од ерата на Пеп, четири гола за полувреме даваме, секој напад шанса, буквално доминација на секое поле, за следната да искочиме против некое село дома и да не можеме кон голот да шутнеме. Да не зборувам за утакмиците каде први ќе примевме гол, пресврт беше научна фантастика, одма почнуваше безидејна игра како со Лацио, пасови без никаква цел и идеја...
Поентата ми е дека тука тренерот го има најголемото влијание, види Сити колку утаккмици тепаа сезонава а не заслужија да ги тепаат, со голови во 90+ или со некои пресврти. Мене искрено не ми смета и пораз после примен гол, ама сакам тимот да покаже карактер и да напаѓа, да не се откажува од утакмицата. Секако дека не може баш секоја утакмица да ја свртиме во наша полза, ама изданија како со Спал, Кротоне, Џенова гости, Аталанта гости, е тоа ме вади од такт и сакам да им изнаебам се живо и диво. Интер мораше да победи со Аталанта, ФЕЈЛ, мораше со Торино, ФЕЈЛ, мораше со Сасуоло, ФЕЈЛ, единствено со Лацио оваа што ја добивме и покрај очајната игра. Ќе мора да се работи и на ова поле следната сезона, а се надевам дека ова со Лацио само ќе е темел на надградбата на менталитетот на тимов.
Се сложувам за Спалети дека е крив за ваквиот финиш, за Сантон, за Дамбросио, за Кансело седење на клупа пола утакмици, за тактиката да Кандрева лупа само кросеви.
Милито не беше замена за Ибра, Ето беше, во никој случај не можат тие со овие играчи да се споредуваат, и не мислев само на трансферите, туку целокупниот тим нема карактер, со исклучок на неколкумината што ги спомна. Имаме комбинација од просечни играчи и просечни тренери, резултатите се тие.
Да се надеваме дека новите ќе бидат подобри од стариве, зашто тренерот останува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom