Цвеќиња (одгледување, нега, совети...)

Член од
19 март 2011
Мислења
63
Поени од реакции
19
Вака сеа, јас ќе си прашам се' шо ме интересира, а не знам. Нов сум во одгледување цвеќиња на балкон и многу се заразив.

Од оние нешта кои ги имам, имам билки:
1.Темјан
2.Босилок
3.Чубрика
4.Жалфија

Многу се мали, ги насадив во мн плитко мало тесно садче. Сега веќе растат и имаат стебла кои за недела дена ќе бидат баш височки. Прашањето е: Како и кога да ги преседам? Во многу голема саксија или доволно е секое поединечно да го засадам во, да речеме, канче од кисело млеко (таа големина на сад) ?


Цвеќиња:

1. 1001 цвет (калибрахоа)
2. Грчка сардела
3. Едно шо го викаат „шеќерче“

и едни црвени на кои името не им го знам. На нив, коа ќе процветаат, стојат неколку дена па ќе почнат да се сушат, а во периодот измеѓу секогаш има нови пупки кои процветуваат, па така никогаш немам суво цвеќе, постојано имам нови, големи цветови. Арно ама, „шеќерчето“ ми е заедно во долга саксија со темјанот и тоа црвеното цвеќе чие име не го знам. Почнаа баш да растат. Особено темјанот почна екстра да шири, да излегува надвор од саксијата и мн ми е жал, не знам како да постапам... Дали да копам да го вадам и пресадувам или така само ќе го оштетам? Не ми е јасно...

Уште едно прашање: Прочитав по интернет дека на секое залевање (или секое второ) треба да им ставам на цвеќињата течно ѓубриво. Дали? Никој од продавачиве од кај шо ги купив не ми спомна за нешто такво, па сега не знам како да постапам...

Нешто што ме мачи е и наводнувањето: Едни рекоа многу вода, други многу малку требало да ставам... Слушнав и дека не е добро да ставам вода од чешма. Дали да ја превривам водата пред да ги налевам или да купувам шишиња вода специјално за нив :))) ???

Многу прашања, знам, ама, се надевам дека ќе има некој кој ќе сака да ми одговори, оти љубовта за растенијава ми е екстра, многу си ги сакам :)))))

П.С. Засадив и рукола. Супер ѝ оди. За некоја недела ќе се јаде =) Исто и нане...

Што друго од салата и зачини може да се чува на балкон кој е претежно изложен на сонце?
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Некој Авокадо да одгледува? Како иде со садењето на земјата? Што земја користите за садење? Веќе стеблото порасна околу 40 цм и горниот дел почна да се разгранува со доста листови. Е сеа, на интернет што читав требало да го скратам на околу 6 инчи кога ќе потпорасне. Дали да го сторам тоа или нема потреба? Пошто вака доста е убаво, и разгранувањето му е прекрасно.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Некој Авокадо да одгледува? Како иде со садењето на земјата? Што земја користите за садење? Веќе стеблото порасна околу 40 цм и горниот дел почна да се разгранува со доста листови. Е сеа, на интернет што читав требало да го скратам на околу 6 инчи кога ќе потпорасне. Дали да го сторам тоа или нема потреба? Пошто вака доста е убаво, и разгранувањето му е прекрасно.
Од каде најде семе/корен за авокадо?
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Од каде најде семе/корен за авокадо?
Од самиот плод. Во средината што се наоѓа гољушка или како год да се вика. До сега сум пресреќен што ми успеа, исто посадив во голема саксија 10 лимони, од кои испаднаа 8. Се извинувам за квалитетот на сликите.Ова е моето Авокадо. 33145788_1946599305359223_4277961862617759744_n.jpg 33171933_1946599198692567_6097460337353687040_n.jpg
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Браво јас пробав пред 2-3 години со истиов метод и не ми успеа. Не излезе ништо од ,,голушката,,(така ние ги нарекуваме коштенливите семки од сливи, праски, кајсии...)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Од самиот плод. Во средината што се наоѓа гољушка или како год да се вика. До сега сум пресреќен што ми успеа, исто посадив во голема саксија 10 лимони, од кои испаднаа 8. Се извинувам за квалитетот на сликите.Ова е моето Авокадо.Прегледај го приврзокот 191109 Прегледај го приврзокот 191110
А како го направи ова? Освен тоа што забоде чечкалици да држат, ти направи расцеп и закалеми дрвце или самото потера од семката?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Чачкалиците се за да се држи семката до половина во вода, и самата пушта најпрво корени а потоа стебло.
Но мене не ми успеа...но можеби сум го утнал или периодот или плодот бил лош
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Update. Го скратив стеблото, сеа чекам повторно да потера лисја. Горниот дел се засуши, па се надам дека добро сум го засекол.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Од самиот плод. Во средината што се наоѓа гољушка или како год да се вика. До сега сум пресреќен што ми успеа, исто посадив во голема саксија 10 лимони, од кои испаднаа 8. Се извинувам за квалитетот на сликите.Ова е моето Авокадо.Прегледај го приврзокот 191109 Прегледај го приврзокот 191110
И јас пробав и не ми успеа. Секоја чест!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Од Грција купив многу убави ќупови од керамика за мизерни 4 евра по ќуп.Кај нас пластичните се поскапи. Ги продаваа оние со комбиња што продаваат низ градовите. цената беше многу повисока...но човекот спушташе и молеше цело време. Малку ми падна жал и купив 3 и одвај ми ги собра во колата
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Луѓе, што ми ги јаде цвеќињата? Овакво нешто никогаш немам видено... листовите изгризани, а околу цвеќињата нешто црно. Црниве ситни топчиња ги има насекаде околу цвеќињава, дури и на подот. Имам цела џунгла, ама баш овие цвеќиња се нападнати од штетници и ниедно друго. The fuck is this?!? 20180714_170014.jpg
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Луѓе, што ми ги јаде цвеќињата? Овакво нешто никогаш немам видено... листовите изгризани, а околу цвеќињата нешто црно. Црниве ситни топчиња ги има насекаде околу цвеќињава, дури и на подот. Имам цела џунгла, ама баш овие цвеќиња се нападнати од штетници и ниедно друго. The fuck is this?!?Прегледај го приврзокот 194002
Napraskaj gi so insectocidi za gasenici. Moite nemozea da poteraat od niv i od mali goli polzavi sve jadea. Eve gi sega 30 dena posle prskanje.


[DOUBLEPOST=1533317360][/DOUBLEPOST] 20180803_105030.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom