VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Монпеље навистина сезонава има доста опасна екипа, млада, полетна, со неколку стари волци како Гигу, Вид Кавтичник, се друго се грото млади копиљаци желни за докажување, Канаје уште еднаш како многупати досега покажа дека си ја знае работата, дечкото е институција во модерниот ракомет.
Неколку Француски репрезентативци со серија одличја на градите, како Порте, Жерар,и Фабрегас полека им се придружува, на вратата на репката тропа и Ричардсон, доста надежен левак, треба да е нешто големо од овај, сосема различен тип на играч од сите десни вањски шо ги имаат Експертите : Ремили, Мем, Дипанда, тука е и Бонефон, опасен шутер,
Симоне е години еден од најдобрите плејмејкери во Франција, неколку анонимуси од послаби репки како Тракевичиус ( растура другарчето), Соуси од Тунис, пикерот Махмуд, искина и овај, посебно со Барса.
Знае да селектира играчи Канаје, I give him that:aplauz:,не се за џабе таму кај шо се, први се во Франција во една конкуренција со екипи како ПСЖ, Нант, ако не беше тој кикс со Аикс ќе беа речиси сигурно шампиони, вака имаат меч помалку од ПСЖ и шанса за брејк и +2 поени на табела, иако тешко ќе оди до крај на 3 фронта.
Како и да е, пријатно изненадување е Монпеље, заслужуваат да се најдат на Ф4.
Фленсбург не смее да се отпише, Швабите се секогаш најпасни кога се потценети, страшен потенцијал има екипата, страшна клупа, не го кажале сигурно последниот збор, доста резервирани беа во средата, сигурно ако им се укаже шанса нема да се изглупираат, и кај нив е проблемот шо имаат фрлено се на една карта во Бундеслига, мртва трка е со Шалабајзерите, и некако ЛШ им доаѓа како резервен полигон, доста важни играчи како Јепсон, Мае не ни играа во средата, Могесен само во второ влезе, имаат многу широка клупа, и овде се во голема предност.
Но Монпеље е некако во залет, подобра форма, знаат да играат на резултат, домашен терен, би требало да искористат шанса.

Виве Киелце- ПЕ СЕ ЖЕ

Вистинско дерби на денот, можеби и на четврфиналето.
ПСЖ во улога на фаворит, но против состав како Киелце не е сеедно да се игра, во опасна форма е, или беше Киелце, за разлика од ПЕ СЕ ЖЕ максимално одморни и свежи го дочекуваат четврфиналето, додуша и ПСЖ немаше некои ептен тешки мечеви каде би можел да ја провери својата сила и форма, освен дуелот со Нант.
Вистински празник на ракометот треба да е овој дуел, две супер јаки екипи.
Очекувам пријатно изненадување од Киелце денес, зошто не е и победа, ПСЖ е се само не е непобедлива екипа, ако ја повторат играта од февруар и од четврфиналето со Шалабајзерите децата на Талант можат да се носат со било која екипа.
Мислам дека ќе тепаат денес, макар и со минималец.

Нант- Скјерн

Шанса за децата на Анти, ваква шанса за пласман во Ф4 тешко дека ќе имаат, реално најлесен противник добија, иако по она шо го прикажаа Данците со Веспрем можеби и не е така.
Сепак со Веспрем начекаа село без кучиња на првиот дуел, ги претепаа машки и после во реваншот имаа психолошка предност и успеаа да издржат.
Со Нант тешко ќе оди, иако не се без шанси, многу јака екипа има Скјерн, добро балансирана, опасна бековска линија која знае да се надополнува, имаат различен калибар на играчи на сите позиции и тоа ги прави многу опасни, пред се ако им дозволи противникот игра каде ќе дојде до израз нивната техничка супериорност.
Треба да е солиден двомеч и овај, Нант има мала предност со оглед на поголемо искуство шо го имаат, но не мора ништо да значи ова.
Тука се некаде екипите по квалитет.

Кил- Вардар

Израмнет меч, посебно во Шпаркасе Арена, во Скопје тешко дека ќе успее Кил да дојде до нешто повеќе, затоа тие гледаат шанса да удрат со се што имаат во Германија.
Во добра форма се, се стабилизираа доста во последно време, наликуваат на нешто, за разлика од есента кога беа распашана команда.
Во средата супер лесно го раскантаа еден јак Фуше Берлин, не е за потценување ова, исто и со Сегед дома искинаа.
Вардар ќе мора сериозно да си ја сфати работата, посебно во одбраната, ако дозволат да примаат лесни голови тешко ќе оди, посебно зошто одбраната на Кил во последно време е доста стабилна, знаат да играат Швабите на резултат, посебно ако имаат ден двата вампири на гол, а тешко дека ќе нема ден барем еден од двајцата вратари, посебно Ландин Главоњата, ова ако влези во форма и после доста лесно играат.
За Вардар важи истото, ако ја стегнат одбраната, ако има ден Штербик доста полесно ќе оди, посебно ако им се отворат шанси за лесни голови.
Видеќемо, тежок меч во секој случај.
По мое очекувам резултатска нишалка ( шо би рекол Југо) +1,2 за Кил, ништо чудно и нерешено да заврши на крај.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Auuuu golov na bombac pa pa

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Се губат малку судииве... Нилсен за да избега од дефанзивецот си го забиколи и си прошета низ 6-те метри, му дадоа топка и си закуца гол. :toe:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
+10 за Пе Се Же, 22 минута:pos:.
Шта речи, газење.
Не постои одбраната на Киелце.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Французиве се покажаа како прави џентлмени, инаку да продолжеа и во второ како во прво ќе осетеше Киелце што е генг бенг, ќе имаа кошмари како децата на РНЛ.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Вардар не би требало сам себеси да си направи проблеми, треба да ја заверат визата за Келн.
Не блескаа во Кил, имаа низа пропусти, Борозан тотално аут, Кристопанс не се ни виде, пикерите искинаа машки,но и покрај тоа бркаа, успеваа да се вратат, делуваше како Вардар да игра со доста резервација и ги чува своите сили за реваншот и како самите да беа изненадени од поклонот кој им го даде Кил во последните неколку минути.
Серија технички грешки на Кил, несвојствени за една јака екипа, малку и Гисласон ги измеша брзините во второ, но дури и да тепаа со неколку комада во Германија ќе им беше пеколно тешко во Скопје.
Освен ако нема Вардар некој ужасен процент на реализација во напад, под 60%, и да се разбранат голманите на Кил, не гледам како Кил би извадил макар и нерешено во Скопје, иако Кил во последните неколку месеци драстично го подигна нивото на својата игра, но сепак речиси е неверојатно како би тепале со +2 во Скопје ( со оглед на тоа што уште поневеројатно е како би примил Вардар 29 гола во Скопје).
Треба да тепа Вардар дома, со некоја разлика од 2-5 гола.

Скјерн-Нант
Данците на домашен терен се сосема друга екипа, но едно е да бркаш разлика од +6 дома, друго е кога си аутсајдер и играш растоварено како со Веспрем кога се им одеше од рака.
Мислам дека денес ќе бидам сосема различна екипа од неделата кога едноставно беа рашлапани, ако не се опуштеа на крај Французите ќе ги тепаа со +10 сигурно, вака ќе има некој набој.
И Нант не е некоја си ултра искусна екипа, и тие имаат слабости, но не би требало да пропуштат ваква шанса, се е на нивна страна, солена разлика, противник по мерка, подолга клупа.
Се зависи од голманите на Скјерн, ако успеаат да повторат некое од изданијата со Мотор и Веспрем дома ќе има некоја шанса, ако не тешко ќе оди.
Треба да е интересен меч, со брза и пред се ефикасна игра од двете страни.
Нант иде даље.

Монпеље- Фленсбург

Шлагерот на денот, се е отворено овде, сите опции се во игра.
Искуството е кај Швабите, младоста и пред се мотивираноста е кај Французите.
Ако изигра Монпеље како на првиот меч со Барса дома, тешко ќе оди за Швабите.
Сепак и Фленсбург не е за фрлање, добро играат на гости, имаат подолга клупа.
По мое ќе пресудат голманите, тука во предност е Монпеље, со секоја чест за вампирот Андерсон но Жерар според мене е за клас подобар голман и треба да ја реши текмата.
Во меч со помалку голови би требало Монпеље да е во предност.
Бел бумбар за Монпеље.

3 Француски тима и Вардар во Келн, која ситуација- среде Њемачка:icon_mrgr:
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.831
Поени од реакции
10.144
Кил ќе го поминиме, апсолутно не се сомневам. Во Келн само да не ни се падне ПСЖ во полуфинале ќе биде добро. Во финале има сами да се победат, под страшен притисок ќе бидат по ланскиот нокаут. АААААЈДЕЕЕЕЕЕЕЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕ
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
KO MATCHES
TEAMSTOTALMATCH 2MATCH 1VSTHW Kiel
HC Vardar56:5628 : 27
29.04.2018
28 : 29
22.04.2018
VSPGE Vive Kielce
Paris Saint-Germain Handball69:6032 : 35
28.04.2018
28 : 34
21.04.2018
VSSG Flensburg-Handewitt
Montpellier HB28:28 :
29.04.2018
28 : 28
18.04.2018
VSHBC Nantes
Skjern Handbold54:6027 : 27
29.04.2018
33 : 27
22.04.2018




PARTICIPANTS▼ SHOW ALL
FRAHBC NantesFRAParis Saint-Germain HandballMKDHC Vardar

се чека уште утакмицата
Montpellier 10-5 Flensburg-H.
29.04.2018 19:00
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
За малку три германски екипи ќе имаше, ама за малку. Да се спремиме за ланска реприза.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
За малку Комитите ќе ја платеа вересијата:icon_lol:, сепак на крај сосема заслужено иде Вардар даље.
Кил изигра страшен меч, изгинаа на терен, гризеа на терен, посебно во последните минути, исто сценарио како во Шпаркасен Арена, само сеа обратни беа улогите.
Вардар се изгуби последните 12,13 минути, само 2 гола дадоа, и тие едвај, како им беа СЕЧЕНИ РАЧИЊАТА ако имаше уште некој напад до крај се беше можно.
Циндриќ беше преморен, требаше да се одмори, исто и Мораеш требаше да одмори некоја минута, откако излезе Борозан и левата страна беше падната, со Кањелас не е исто, и се врати Кил од изгубена позиција.
Класично аматерско издание на Чупиќ вчера, убедливо најслаб на цел терен, како дебитант делуваше, пред тоа иако промаши Шишкарев неколку зицери таа страна делуваше далеку поопасно, откако влезе Чупко како да не постоеше десното крило, настрана што промаши два пенали, оние две контри шо ги поеба, посебно претпоследниот напад беше тежок фејл, сам му е Столе овај не му ја дава топката, ја чува во себе, па оди демек на десно крило, па пак се враќа назад:pos:.
Среќа голема што немаше време, инаку се беше отворено.
Одлична партија на Вуко, Циндриќ и пред се Арпад, тие прекршија, посебно Штербик, ако не беа тие 16 одбрани резултатот ќе беше сосема поинаков.
Заслужено на крај, честиткиза пласманот.
Но ако игра Вардар како последните неколку месеци тешко дека ќе успее да го повтори ланскиот успех, доста слабости има во тимот.
Кил ме изненади, страшна екипа можат да скоцкаат во иднина, грото од млади копиљаци, Миха Глувчето:aplauz:, кој играч ти станал овај Хобит, страшен напредок има од ЕП наваму, машина, која интелегенција ја има, преглед на игра, промена на правец, со Винчек се читаат како 100 години да играат заедно.
Наредна сезона доаѓаат и Рајнкинд на десен, Пекелер на пикер,страшен тандем ќе бидат со Винчек:shook:, одбраната ќе им е каде посилна, не знам за кој :kuracc: им е Ландин Џуниор на лево крило, дечкото е телетабиси во пакување од 2 метра:shook:, сигурно Ландин Главоњата ги уценил дека ако не го земат бате ќе си оди и ќе ги зафркни:backa:.
Опасна екипа спремаат зебрите, Билик, Нилсон веќе се задомаќинија,кога ќесеврати Кркмата на нивоУ, + Дамке, Екберг на крила, искусни волци како Вујин и Вајнхолд на десен бек, + Дисинџер ако е сеуште тука, сериозна екипа во секој случај, ќе има измени и на клупата, Филип Јиха е новиот помошник на Гисласон, на местото на Шпренгер.
Интересно ќе е да видиме дали ЕХФ ќе направи некој си преседан и ќе ги уфрли со некоја си валјд карта зебрите во ЛШ за наредна сезона, макар и во лузерските групи, затоа што како тргнале работите тешко дека Кил ќе успее да го стигне Магдебург во борбата за трето место.

Нант, очекувано, одлично отворија, но како одминуваше времето се враќаше Скјерн, посебно последните минути од прво и воведот во второ, од -3 на полувреме дојдоа до +4 во второ, но немаа сили, дојде до израз подолгата клупа на Французите.
Голем успех е и овај за Скјерн, добра екипа, наредна сезона ќе бидат посилни за Томас Могесен кој доаѓа од Фленсбург, ќе имаат што да кажат сигурно.
Нант има широк ростер, се врати по долгата повреда и Ниокас, па имаат многу опции на лагер, посебно на бековските позиции, опасни крила, лудак голман, на пикер го имаат можеби најдобриот моментално, Тоурна, мора да се смета сериозно на нив во Келн.
Истото важи и за Монпеље.
Онакво млатење на еден бундеслигаш одамна не се случило, како мали деца делуваа вчера Швабите, не се виде ниту Лауге, ниту Гландорф, никој не се виде, го изметија паркетот буквално со Германците децата на Канаје, а играа без Кавтичник:icon_mrgr:.
Страшен тим има Монпеље, добро балансиран, пред се со тие измени и ротации на играчи, не се знае кој кај игра, имаат 3 десни бека ( Ричардсон, Порте и Кавтичник) кои играат подеднакво добро и на среден бек, Симоне машина, Тракиновичиус машина, гази детето, Бонафон е тука, + на гол Жерар, гази другарчето, опасна екипа, опасен тренер, се опасно.:icon_mrgr:

И на крај, првиот фаворит ПЕ СЕ ЖЕ, по ростер, по имиња ја имаат најјаката екипа на планетата, без конкуренција, малку ги изремети повредата на Лука, пред се во таа ротација.
Како ќе делуваат во Келн видеќемо, една утакмица е, 60 минути, се е можно.
Притисок огромен, посебно врз нив, тоа може да е некоја кочница, така изгубија од Киелце пред две сезони, лани со Вардар наидоа на екипа која им изигра опасна одбрана, сезонава ќе видиме како ќе оди.
Се зависи на кого ќе удрат во полуфинале, се се врти околу Парижаните, ако се судрат со сонардниците во полуфинале сигурно ќе има опасен фајт и ќе влезат во финале доста истрошени ( ако поминат), а и Монпеље и Нант покажаа дека знаат како да ги тепаат.
Некако најдобар ждреб за ПСЖ би бил Вардар.:icon_mrgr:, или пак не?( Раул ):pipi:
Има време до Келн, уште 4 седмици, а дотогаш Вардар ќе си одмара во нашата лига:cool: и одморен ќе го чека Ф4, додека Французите ќе бијат тешка битка во првенството, и ова е голем фактор, пред се за свежината, а таа можеби е клучен фактор во вакви нокаут мечеви кога за 24 часа играш два тешки мечеви.

Прогноза за Ф4

Нант- ПСЖ
Вардар- Монпеље.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Kakva odbrana igra Gjer u pm

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Стандард МТВ, почна надвор да грми и ги снема Југо и Зоки :icon_lol:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Vakov takov ama imam osekaj deka Vidara uziva da komentira rukomet, si vlaga u svoj film :D

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Ѓер-ЧСМ Букурешт 26:20
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom