Снукер

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Утре, сабота, 21 април 2018, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2018.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е трикратниот 34 годишен шампион, Англичанецот Марк Селби, кој успешно ја одбрани титулата Светски Шампион во Снукер во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2017, каде што извојува победа над Шкотланѓанецот Џон Хигинс со резултат 18:15 .

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 ќе се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, сабота, 21 април 2018, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Селби - Џо Пери;
11:00. Марко Фу - Лиу Хаотиан;
15:30. Кајрен Вилсон - Метју Стивенс;
15:30. Рони О'Саливен - Стифен Мегваер;
20:00. Али Картер - Граем Дот;

Временските термини се според македонска временска зона.

Али Картер беше отсутен на денешната прес-конференција на 16-те најдобри професионални играчи на снукер на рангирачката листа на Светската Снукер Асоцијација, но потврдено е неговото присуство за утрешниот ден, сабота, 21 април 2018, во 16-на финалето на Светскиот Шамионат во Снукер 2018, каде што ќе си ги измерат силите со Граем Дот.



 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

21 април 2018
Прв ден - 16-на финале:

Марк Селби 4:10 Џо Пери;
Марко Фу 3:6 Лиу Хаотиан;
Кајрен Вилсон 7:2 Метју Стивенс;
Рони О'Саливен 3:6 Стифен Мегваер;
Али Картер 3:6 Граем Дот;

Испадна дека Џо Пери во четвртокот, 19 април 2018, даде точен одговор на прашањето "кој ќе го запре Марк Селби во театарот Крусибл" кога одговори со "јас". :D

https://twitter.com/joegentlemanjoe/status/986964632001744896


Утре, недела, 22 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Марк Ален - Лиам Хајфилд;
15:30. Шон Марфи - Џејми Џоунс.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

22 април 2018
Втор ден - 16-на финале:

Марко Фу 5:10 Лиу Хаотиан;
Кајрен Вилсон 10:3 Метју Стивенс;
Рони О'Саливен 10:7 Стифен Мегваер;
Али Картер 10:8 Граем Дот;
Марк Ален 6:3 Лиам Хајфилд;
Шон Марфи 5:4 Џејми Џоунс;

Веќе се познати учесниците во првиот меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Али Картер;

Утре, понеделник, 23 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Бери Хокинс - Стјуарт Карингтон;
15:30. Динг Џунхуи - Ксиао Гуодонг;
20:00. Лука Бресел - Рики Волден.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

23 април 2018
Трет ден - 16-на финале:

Марк Ален 10:5 Лиам Хајфилд;
Шон Марфи 9:10 Џејми Џоунс;
Бери Хокинс 10:7 Стјуарт Карингтон;
Динг Џунхуи 6:3 Ксиао Гуодонг;
Лука Бресел 3:6 Рики Волден;

Покрај својот 39-ти роденден кој го прослави на 23 април 2018, Англичанецот Бери Хокинс ќе го памети овој датум и по својот успешен пласман во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, откако на истиот овој ден кога го прослави својот 39-ти роденден, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 извојува победа над својот 27 годишен сонародник Стјуарт Карингтон со резултат 10:7 .

Среќен му 39-ти роденден на Бери "Јастребот" Хокинс, нека е жив и здрав и сите желби да му се исполнат !!!


Познати се учесниците во уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

Џо Пери - Марк Ален;
Кајрен Вилсон - Џејми Џоунс;

Денес, вторник, 24 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам - Џек Лисовски;
15:30. Марк Вилијамс - Џими Робертсон;
20:00. Нил Робертсон - Роберт Милкинс.
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
По испаѓањево на Селби, се ми се чини Трамп и Рони остануваат главни фаворити за титулата. Единствено Динг ако помати нешто, ама не ми се верува :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
По испаѓањево на Селби, се ми се чини Трамп и Рони остануваат главни фаворити за титулата. Единствено Динг ако помати нешто, ама не ми се верува :)
На овогодинешниот Светски Шампионат во Снукер 2018 се случија повеќе неочекувани пресвртници, играчи од топ 16 листата изгубија од квалификанти:

Марк Селби (број 1) изгуби од Џо Пери (број 22);
Шон Марфи (број 8) изгуби од Џејми Џоунс (број 51);
Марко Фу (број 11) изгуби од Лиу Хаотиан (број 68);

Лука Бресел (број 13) во моментов губи со резултат 6:8 од Рики Волден (број 27), но сеуште е рано за да се предвиди победникот од нивниот меч во 16-на финалето, Бресел добро се држи и делува како да може да направи пресвртница.

Рони О'Саливен (број 2) не настапи баш најдобро во првата сесија против Стифен Мегваер (број 18), а во втората сесија Мегваер не беше баш во најдобра форма во споредба со претходниот ден, поради што О'Саливен на крајот победи со резултат 10:7 .

Речиси сите се кладеа на Марк Селби пред почетокот на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, а Рони О'Саливен и Џад Трамп се втор и трет најголем фаворит, но јас лично би сакал да видам што ќе направи Џон Хигинс (број 5), ако одигра добро утре против Тепчаија Ун-Ноох (број 58), во осмина финалето ќе игра против победникот од мечот Стјуарт Бингам (број 12) - Џек Лисовски (број 30).

Ако Хигинс успешно ги помине 16-на финалето и осмина финалето, може да биде во добра форма за да стигне и до финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што теоретски - според ждрепката - изводливо е да игра против Рони О'Саливен - тоа би било прекрасно и незаборавно финале.

Марк Вилијамс (број 7) исто така не е за потценување, оваа сезона 2017/2018 беше најдобра за Рони О'Саливен, Џон Хигинс и Марк Вилијамс, не за џабе ја нарекуваат О'Саливен-Хигинс-Вилијамс сезоната. Во моментов Вилијамс води против Џими Робертсон (број 34) со резултат 6:1 , а ако извојува победа, во осмина финалето ќе игра против победникот од мечот Нил Робертсон (број 10) - Роберт Милкинс (број 37).
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
На овогодинешниот Светски Шампионат во Снукер 2018 се случија повеќе неочекувани пресвртници, играчи од топ 16 листата изгубија од квалификанти:

Марк Селби (број 1) изгуби од Џо Пери (број 22);
Шон Марфи (број 8) изгуби од Џејми Џоунс (број 51);
Марко Фу (број 11) изгуби од Лиу Хаотиан (број 68);

Лука Бресел (број 13) во моментов губи со резултат 6:8 од Рики Волден (број 27), но сеуште е рано за да се предвиди победникот од нивниот меч во 16-на финалето, Бресел добро се држи и делува како да може да направи пресвртница.

Рони О'Саливен (број 2) не настапи баш најдобро во првата сесија против Стифен Мегваер (број 18), а во втората сесија Мегваер не беше баш во најдобра форма во споредба со претходниот ден, поради што О'Саливен на крајот победи со резултат 10:7 .

Речиси сите се кладеа на Марк Селби пред почетокот на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, а Рони О'Саливен и Џад Трамп се втор и трет најголем фаворит, но јас лично би сакал да видам што ќе направи Џон Хигинс (број 5), ако одигра добро утре против Тепчаија Ун-Ноох (број 58), во осмина финалето ќе игра против победникот од мечот Стјуарт Бингам (број 12) - Џек Лисовски (број 30).

Ако Хигинс успешно ги помине 16-на финалето и осмина финалето, може да биде во добра форма за да стигне и до финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што теоретски - според ждрепката - изводливо е да игра против Рони О'Саливен - тоа би било прекрасно и незаборавно финале.

Марк Вилијамс (број 7) исто така не е за потценување, оваа сезона 2017/2018 беше најдобра за Рони О'Саливен, Џон Хигинс и Марк Вилијамс, не за џабе ја нарекуваат О'Саливен-Хигинс-Вилијамс сезоната. Во моментов Вилијамс води против Џими Робертсон (број 34) со резултат 6:1 , а ако извојува победа, во осмина финалето ќе игра против победникот од мечот Нил Робертсон (број 10) - Роберт Милкинс (број 37).
Абе тешко е многу да предвидиш, Нил исто ако има ден може да те растури.
Ама нз иако не беше баш во форма првово коло Рони, самиов пораз на Селби дополнително го мотивира и не треба да ја пропушти оваа шанса. Од друга страна, Џад секоја година се очекува конечно да освои ама не му иде..
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

24 април 2018
Четврт ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 10:3 Ксиао Гуодонг;
Лука Бресел 6:10 Рики Волден;
Стјуарт Бингам 7:10 Џек Лисовски;
Марк Вилијамс 7:2 Џими Робертсон;
Нил Робертсон 3:6 Роберт Милкинс;

Познати се учесниците во 4-от меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги измерат:

Лиу Хаотиан - Бери Хокинс;

Утре, среда, 25 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 3 меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Џон Хигинс - Тепчаија Ун-Ноох;
15:30. Џад Трамп - Крис Вејклин;
20:00. Антони МекГил - Рајан Деј.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

25 април 2018
Петти ден - 16-на финале:

Марк Вилијамс 10:5 Џими Робертсон;
Нил Робертсон 5:10 Роберт Милкинс;
Џон Хигинс 10:7 Тепчаја Ан-Нух;
Џад Трамп 6:3 Крис Вејклин;
Антони МекГил 3:6 Рајан Деј;

Познати се учесниците во уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги измерат:

Марк Вилијамс - Роберт Милкинс;
Џек Лисовски - Џон Хигинс;

Утре, четврток, 26 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на останатите 2 меча од 16-на финалето, треба да започнат и првите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Џо Пери - Марк Ален;
20:00. Лиу Хаотиан - Бери Хокинс.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

26 април 2018
Шести ден - 16-на финале:

Антони МекГил 10:8 Рајан Деј;
Џад Трамп 10:9 Крис Вејклин;

26 април 2018
Шести ден - Осмина финале:

Џо Пери 3:5 Марк Ален;
Лиу Хаотиан 3:5 Бери Хокинс;

Познати се учесниците и во последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

Динг Џунхуи - Антони МекГил;
Рики Волден - Џад Трамп;

Денес, петок, 27 април 2018, покрај продолжувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Рони О'Саливен - Али Картер;
15:30. Кајрен Вилсон - Џејми Џоунс;

Во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 се игра до максимални 25 фрејмови, односно во четвртина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

27 април 2018
Седми ден - Осмина финале:

Џо Пери 8:13 Марк Ален;
Лиу Хаотиан 7:9 Бери Хокинс;
Рони О'Саливен 7:9 Али Картер;
Кајрен Вилсон 5:3 Џејми Џоунс;

Утре, сабота, 28 април 2018, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

15:30. Џон Хигинс - Џек Лисовски;
20:00. Марк Вилијамс - Роберт Милкинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

28 април 2018
Осми ден - Осмина финале:

Лиу Хаотиан 10:13 Бери Хокинс;
Рони О'Саливен 9:13 Али Картер;
Кајрен Вилсон 13:5 Џејми Џоунс;
Џон Хигинс 8:0 Џек Лисовски;
Марк Вилијамс 5:3 Роберт Милкинс;

После првите меѓусебни 13 мечови во кои Рони О'Саливен без прекин извојуваше победи, во 14-от меѓусебен меч помеѓу Рони О'Саливен и Али Картер, кој се одигра денес, сабота, 28 април 2018, конечно Али Картер за прв пат извојува победа против Рони О'Саливен во меѓусебен меч на професионален турнир во снукер, откако во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 извојува победа над Рони О'Саливен со резултат 13:9 .



Во 19-от фрејм се случи неочекуван физички контакт помеѓу О'Саливен и Картер, кои се судрија додека О'Саливен се враќаше на своето седиште, а Картер се враќаше на масата.

О'Саливен и Картер се едногласни дека не стануваше збор за израз на гнев и/или незадоволство, туку за најобична и непланирана случајност, но новинарите не ја пропуштија можноста да се обидат да состават скандал од случката, при која О'Саливен му реплицираше на Картер со коментарот "престани да се лутиш" откако се врати на своето седиште, на што О'Саливен им возврати со својот коментар дека за неубави вести треба да се фокусираат на Сирија, Иран и други неславни места низ светот во моментов.





Веќе се познати учесниците во првиот меч од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, каде што силите ќе си ги измерат:

Марк Ален - Кајрен Вилсон;

Утре, недела, 29 април 2018, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат и останатите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Рики Волден - Џад Трамп;
11:00; 20:00. Динг Џунхуи - Антони МекГил.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

29 април 2018
Деветти ден - Осмина финале:

Џон Хигинс 13:1 Џек Лисовски;

Утре, понеделник, 30 април 2018, треба да продолжат и да завршат останатите 3 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018:

14:00. Рики Волден 8:8 Џад Трамп;
14:00. Динг Џунхуи 12:4 Антони МекГил;
20:00. Марк Вилијамс 10:6 Роберт Милкинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2018
Десетти ден - Осмина финале:

Рики Волден 9:13 Џад Трамп;
Динг Џунхуи 13:4 Антони МекГил;
Марк Вилијамс 13:7 Роберт Милкинс;

Утре, вторник, 1 мај 2018, во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00 Марк Ален - Кајрен Вилсон;
11:00; 20:00 Динг Џунхуи - Бери Хокинс;
15:30. Џон Хигинс - Џад Трамп;
15:30. Марк Вилијамс - Али Картер;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, исто како и во осмина финалето, се игра до максимални 25 фрејмови, односно во полуфиналето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451
Светски Шампионат во Снукер 2018
од 21 април 2018 до 7 мај 2018
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2018
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Утре, среда, 2 мај 2018, треба да продолжат и да завршат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2018, во кои силите ќе си ги доизмерат:

11:00; 20:00. Џон Хигинс 3:5 Џад Трамп;
11:00. Динг Џунхуи 5:11 Бери Хокинс;
15:30. Марк Ален 5:11 Кајрен Вилсон;
15:30; 20:00. Марк Вилијамс 4:4 Али Картер.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom