Ozark

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Во Озарк, во Озарк, одиме во Озарк, таму птички пеат, иако е мрак!

Озарк е Нетфликсова серија која што има една сезона со 10 епизоди кои што траат по еден час. Најавена е и втора сезона.

Во главната улога глуми Џејсон Бејтмен кој што вообичаено сме навикнати да го гледаме во комични улоги. Тука својата харизма ја користи во улогата на патријархот на фамилијата Брд. Бејтмен е продуцент на серијата, а воедно и режира неколку епизоди од серијата во која што главната женска улога ја има актерката која што е номинирана за три оскари во својата кариера- Лора Лини.

Прашања и одговори:

Што е Озарк?
-Озарк е серија.

Не бе глуп, сакам да кажам, во смисла на серијава....што Е Озарк?
-Озарк е местото каде што се преселува фамилијата Брд поради тоа што ова место е последна шанса за Марти Брд да не биде убиен од шефот на некој си мексички картел

А бе педер, сакам да кажам..што се дешава у серијава, не се прави смешен знаеш што сакам да кажам..
-Во серијава се работи за перење на пари. На кратко Марти Брд е навидум човек со супер фамилијарен живот кој што потајно пере пари за мексиканскиот картел. Откако шефот на картелот ќе дознае дека некој крадел пари од него Марти купува време ветувајќи му на својот шеф дека во Озарк може да му испере многу пари од вообичаено.

Еднаш мајка ми по грешка ми испра 100 денари у фармерки. Дали е ова серијата за мене?
-Не. За друго перење на пари станува збор тука. Не си ваљда до толку глуп.

Не сум бе. Јас сум фигмент на твојата имагинација, толку сум глуп колку што ќе ме направиш, но никако не можам да бидам попаметен од тебе бидејќи ти не си паметен за да создадеш попаметен лик од тебе.
-Хаха?

Ја гледав Брејкинг Бед. Најдобра серија евр. И кога заврши серијава си реков "Хмм..сакам да гледам нешто како Брејкинг Бед...ама што не е Брејкинг Бед. Нешто што е создадено од човек што ја гледал Брејкинг Бед и си рекол дека може да направи нешто слично ама уствари после сфатил и дека не е така лесно да се направи најдобра серија евр па напраил нешто ок само" Дали е ова серијата за мене?
-ДА! ДА! ДА!

Тоа е се за интрото на оваа тема.

Ако ја гледате серијата пазете ги почетоците на секоја епизода. Тие спелуваат ОZARK и притоа тизаат делови од епизодата.

Серијата има една номинација за Златен Глобус (за главна машка улога во драма серија - Џејсон Бејтмен)

И ондак то.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Супер серија, ја изгледав одеднаш есеноска. Не е напорна да мораш да си фокусиран 100% од времето, глумата на останатите сем на Марти е мех ама не е битно тоа толку. Плус добивате и по некоја лекција за перење пари :)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Супер серија, ја изгледав одеднаш есеноска. Не е напорна да мораш да си фокусиран 100% од времето, глумата на останатите сем на Марти е мех ама не е битно тоа толку. Плус добивате и по некоја лекција за перење пари :)
Интересно беше кога му покажуваше на детето со машината за прање како се прави да се парите како користени. Лаундеринг 101.
 
K

kicodarker

Гостин
Воведов на серијава е толку глуп, моронски и очаен обид за смешно што самата серија ти станува бљувотина, и мора некој филмофил на кому веруваш да ти препорача да ја гледаш.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Воведов на серијава е толку глуп, моронски и очаен обид за смешно што самата серија ти станува бљувотина, и мора некој филмофил на кому веруваш да ти препорача да ја гледаш.
Не знам за какви обиди за смешно збориш. Сериозно е прашањево пошто стварно не знам што референцираш :D[DOUBLEPOST=1524696824][/DOUBLEPOST]Ааа на мојов обид збориш :D Мислев за серијата збориш.

То е, не може сите да сме комичари :D[DOUBLEPOST=1524696872][/DOUBLEPOST]Иако реално тоа што го пишав е стварно како би ја опишал серијата и нема ништо измислено надвор од тоа како ја доживеав
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Не се фатила на форумов серијава. Јас во моментов ја гледам паралелно со Better Call Saul, и Озарк повеќе успева да ме држи заинтересиран.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Изгледана втора сезона за неколку дена. Одлично си поминав, серијата ме држеше во напнатост од почеток до крај. Julia Garner и Laura Linney се фантастични, значи кидам капа. Исто и малиот што го глуми Џона.

Ми дојде на ум споредба помеѓу брачните двојки од неколку серии: Марти и Венди во Озарк, Валтер и Скајлер во ББ, Франсис и Клер во House of Cards. Во моментов М&В ме потсетуваат на Ф&K, ликот на Венди полека го надминува оној на Марти, очекувам во трета сезона да го фрли во сенка и дејствието повеќе да се врти околу неа.

Страшно добра негативна двојка се и Snells.

Втора сезона доста подобра од првата според мене. Секоја чест на сценаристите, им успеа да направат драма од серија за која мислев нема да издржи повеќе од две сезони.

Веројатно најдобра, ако не и единствена добра Нетфликс серија.

Потценета на ИМДБ.
 
W

wicked_1

hehehe
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
глумата на останатите сем на Марти е мех
Да се исправам - ги додавам на листава Рут и Џона а и Пети ФБИашот е језива фаца. Уште 3 епизоди ми останаа, мислам дека Озарк е најпотценетата серија на Нетфликс во моментов.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Ги изгледав и двете сезони. И не ми се верува како може толку да биде потценета серијава воопшто.
Драма, неизвеснист, тензија, wtf моменти, постепен развој на ликови, фантастична глума.
Препорака за сите љубители на ББ да ја изгледаат. Јас незнам некоја друга серија од овој тип да дошла толку блиску до ББ. Ако има некоја таква нека каже некој.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Добра серија.
Прва сезона далеку подобра од втората.
Џ. Бејтмен лошо глуми, дали е до него, или така е напишан ликот, не е важно, друг актер би завршил подобра работа.
И најиритантен лик, син му Џона, па и уште пари перел копилето...:uzi:
Навивам за картелот, се надевам сите ќе изгинат до крај..:D
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Серијава 3 сезони, една страна на форумов :pos:

Супер серија за бинџ. Одлично ми дојде за време на карантин, посебно што ми го тргнаа LOST на Нетфликс и немав што да правам.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Вчера ја почнав сега ја завршив 1 сезома, почната 2 сезона предобра серија
 
Kajgana Shop

На врв Bottom