VELUX EHF Champions League 2017/18

Кој е вашиот фаворит сезонава?


  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Денеска ништо чудно Рајн Некар да го изеде во Плок,се повреди Гвардиола главен во дефанзива им беше,вака се многу отсечени само Пекелер и Талески можат да играат на 3 и 4 у одбрана.
Ама Јакобсен сам си праи неможе со 12 13 играчи да тераш и ЛШ и Бундеслига,
Сега уште Шмид да се повреди и отиде цела сезона,а кај и да е ќе се деси тоа по 60 минути секоја утакмица игра не го вади :noze:
Вардар треба да ги преслуша Франѕузинчињата,искрено ме изненадија овие немаат кознае каква екипа ама пак ќе се догураат до 2 место,а Вардар најверојатно денес 1 место ќе си загарантира:jeeee:

Има и уште едно дерби Љубо против своите и тоа во Џерманска дворана.:duel:
Ако изгуби ќе биде "Го фатија во негов двор, со негови камења, во негова глава":pos:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Веспрем најверојатно втор во група на крај, и ќе оди на победникот од Мотор-Скјерн, голем бод вчера од Фленс Арена, иако можеа лесно да бидат и два бода, прокоцкаа +2 на 2 минути до крај.
Кил машки се изрезили среде Шпаркасен Арена, додуша и не беа толку лоши колку шо беше Киелце добар, стварно добро играат децата на Талант овие три текми, да играа вака во првите 10 кола кај ќе им беше крајот, страшно брз ракомет, со само две укрстувања правеа огромни вишоци.
Доцна се разбудија, вака одат или на Нант или на Барса од другата група, во секој случај со ваква игра можат со секого.
Мотор ја разреши дилемата за патникот во 1/8 финале.
Во другата група Вардар слаби 45 минути, доцна се разбудија.
Сепак не е страшно, рутинска победа дома со Висла и средена работа.
Висла нема шанси во Скопје, вчера тие си ја испуштија шансата, во второ им се случи германски блиц-криг, ги прегазија Шалабајзерите.
Меч на одлука ќе е ППД-Кристианстад, за тоа која екипа ќе се провлече во 1/8 финале, добар фикс за нареден викенд:zloo:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
ПЕ ПЕ ДЕ, кој дебакл.
Ги тепаа едни РНЛ и Нант, и тоа со доста убедлива игра, за на крај во најважната текма да личат на некои аматери, од рака им паѓаа топките.
Речиси бев сигурен дека ќе победат, на крај тежок блам доживеаа.
Швеѓаните ни криви ни должни си искористија се што им се поклони, доста добра подвижба одбрана играа во второ, ги натераа Загребашите на еден куп грешки и неизнудени шутеви.
Сами си се виновни и ППД и Висла, на хартија се поквалитетни екипи, но во директни дуели не успеаа ниту еднаш да ги тепаат Швеѓаните, на крај заслужено децата на Лингрен си одат понатаму.
Загреб и Висла нека поработат малку, ќе видиме како ќе изгледаат за наредна сезона.

Вардар, многу матен меч, пристапот кон играта на Вардар беше криминален,бетер од криминимален,тренинг меч.
Висла заслужи победа, иако и таа немаше да е доволна.
Вардар ќе мора сериозно да го промени ритамот на игра, пред се да го врати она ниво на игра во одбрана кое го красеше во првите текми до пауза за ЕП, не може да биде оправдување и паузата, освен Циндриќ, Карачиќ и Столе ниту еден од клучните играчи не се изнаигра, можеби Кањелас дедото, другите или не играа на ЕП, или имаа мали минутажи, а и да имаа изиграни минути повеќе беа на ревијални мечеви, како на пример оние на Србија на Марсениќ:icon_mrgr:.
Голем пад, пред се во одбраната, од екипа која примимаше под 23,24 гола ( колку беа точно ) во овие последни 4 текми примаат по 28,29 гола во просек.
Со ваква игра многу тешко во четвртфинале, како оди формата пак изглеа со Киелце, мислам дека најкомплетни се Пољаците, ја подигнаа доста формата, имаат и привилегија што Швабите ќе се насочат комплетно на Биндеслига, едните бркаат титула, другите бркаа пласман во ЛШ, таму ќе изгубат многу енергија, за разлика од нив Киелце сосема одморен ќе го чека 1/8 финалето, ништо чудно и Сегед да скини некој скалп, и тие се класични лудаци, посебно ако ги потценат/

ПЕ СЕ ЖЕ, хаха, кој меч вчера, како успорени снимки беа во второ.:pos:
На крај Кил четврти, иако нема да им е лесно со ПИК СЕГЕД, тоа е сигурно.

Оваа двојка е многу неизвесна, исто и РНЛ-Киелце, па и Монпеље-Барса, на другите 3 меча доста веројатни се патниците за 1/4 финале.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.989
Ајде официјално мечевиве за во 1/8 финале:

Монпеље-Барселона

Скјерн- Веспрем

Мешков Брест - Нант

Криштијанштад - Флензбург

Киелце - Рајн Некар

Пик Сегед - Кил

Подобриот од Киелце-Рајн Некар во 1/4 финалето ќе игра против ПСЖ а подобриот од Пик Сегед-Кил ќе игра против Вардар.

Останати 1/4 финални двојки:

Подобриот од Криштијанштад-Флензбург ќе игра против Монпеље/Барса
Подобриот од Брест/Нант ќе игра против Скјерн/Веспрем

Ќе биде зезнато сепак да бидеме реални, ама огромна предност е тоа што реваншот ќе се игра дома, тука би требало да падне Сегед/Кил


Премногу е битно тоа што Вардар заврши прв и те како огромна работа е тоа што ќе имаат поголем одмор од другиве екипи, ептен уморено делуваат после ЕП
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Се изгубија комплетно Маџарите! Ај што се изгубија играчите ама и Пастор ми се чини со нив во комплет. Упорно го држеше во игра Балог до 51-52 минута иако главната разлика Кил ја направи на сметка на неговите грешки. Еден куп топки им даде у раце на Кил со тие негови ризични пасови до крилата и до пикерот. И Бодо како да игра против Орошази у маџарско првенство во моменти кога се крши резултат, скок шут од неизградени позиции, мизерен. Навистина очекував многу повеќе од Сегед сезонава, компактна екипа се, добар тренер имаат, но очигледно нешто не штима. Вака како што стојат работите 99% е веројатноста дека Вардар ќе игра со Кил, освен ако не се деси некое чудо у Сегед.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Осминафиналево почна без изненадување, 7 парчиња за Сегед се премногу за проаѓање. Во прво дуел Зарабец vs Скубе, разигруваа, асиистира, пробиваа низ зона, едниот со поддршка од Вујин другиот од Банхиди. Егал утакмица до 42-43 минута, тогаш Скубе малку падна во темпо, а што му текна на Пастор да го внесе Балог наместо Сршен и сам нема да се сети после три дена мислење. Балог им е најдобар стрелец сезонава во ЛШ, ама денес беше без компас, изгубени топки, подавања во празно, наспроти сосема коректната игра на Сршен до тогаш. Доволни беа неколку наивни грешки за да влезат во машината на Швабите, примија 4 гола за 2 минути и после тоа немаше враќање. Сега ќе чекаме наслови на порталите од типот „Кил закажа 1/4 финале со шампионот“.

ПС
при една одбрана на Шего коментаторот на Арена откако го испофали спомна дека следната сезона најверојатно оди во Вардар ????
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Кил речиси е во 1/4 финале, одлична партија во второ полувреме, ја стегнаа максимално одбраната, се разбрани главоњата и резултатот е тој што е.
Не е мала работа да ја задржиш екипа како Сегед на само 8 гола во едно полувреме, кога ќе се земе во обзир тоа што Маџарите:icon_mrgr: им закуцаа речиси 40 комада на шалабајзерите, 30 на Вардар на последните две гостувања.
Полека добива некој лик и физиономија овај нов Кил, имаат опасна артилерија на бековски линии, можеби најдоброто дуо голмани во светот,солидни крила, јак пикер( фали овде ротација, нон стоп игра Винчек, нема одмор),да не беа повредите ќе беа далеку подобри.
Нон стоп некој фали во екипата, ако се комплетираат ( Дамке, Нилсон) да се врати во вообичаена форма Дувњак ќе бидат многу опасен ривал за Вардар во 1/4 финале.

Киелце- РНЛ

Пародија од ситуација, една екипа, еден натпреварувачки ден,два меча:icon_lol:
Едниот во за нив приоритетна конкуренција, другиот само за тренинг, колкаво значење им даваат Швабите на домашните натпревари, за нив меч со Ерланген има далеку поголема важност отколку меч со шампионот на Европа на пример, на едниот меч ќе играат пред 7,8 илјади гледачи, на другиот пред 2,3 тисуча.
Ситуацијата во која се најдоа денес лесно можеа да ја решат, но кај Германците нема ништо спонтано, тука се тв права во игра,тоа што е викенд и сите сакаат да гледаат едно дерби меѓу Кил и РНЛ, па така излезе дека меч со Киелце е меч од Ш класа.
Можеби и ЕХФ требаше мечот да го стави во некојси термин (среда, четврток)па да се гледа некоја добра утакмица, вака излезе дека љубителите на ракометот се лишени за две добри утакмици на две јаки екипи.Уште еден доказ дека ракометот е далеку од сериозен спорт, вакво нешто во европска кошарка нема шанси да се случи, да не прајме муабет за фудбал/

Кристианстад- Фленсбург
Апсолутни фаворити се Швабите, не би требало да има проблеми, можеби на првата текма ќе покажат заби Швеѓаните но во двомеч немаат никакви шанси.

Мешков-Нант

Белорусите треба да покажат заби, посебно во Брест, не ми се верува лесно да пројде денес Нант.
Опасна екипа има Мешков, треба да дадат добар фајт, ништо чудно и да тепаат денес и да одат со позитива на реваншот.
Се одмараа еден месец за овај меч, изгубија се живо и диво во СЕХА:zloo:, не се замараа воопшто, денес ќе одат ALL-IN.
Треба да е добра, израмнета утакмица.
Нант има за нијанса појјака екипа, па би требало да е во предност во реваншот.

Скјерн- Веспрем

Веспрем е апсолутен фаворит овде, во двомеч немаат шанси Данците.
Би требало да пружат отпор, барем на првиот меч, сепак имаат многу солидна екипа Викинзите, нема да е лесно за Маџарите.
Скјерн на домашен терен е далеку поинаква екипа, треба да излезат со отворен гард.

Монпеље-Барса

Дерби на 1/8 финалето во секој случај.
Лидерот на Францускиот шампионат не е за мајтап екипа, ќе има мака Барса овде, во секој случај.
Ништо чудно и да го сркнат со неколку гола, па да е држ-не дај во Блау Грана, но како и да е, би требало било каква разлика/негатива да ја анулираат во Шпанија(добро сеа, не било каква).
Опасен ростер има Монпеље, врвен тренер, доста уиграни се, треба да дадат добар фајт.
Барса од друга страна сеуште си ја бара формата, во Шпанско првенство со Ваљадолид тепаа по истек на време, со шут од 9 метри на Палмарсон, на поставен блок.
Не се како на времето, дефинитивно, доста неконстантно делуваат, ако играат вака тешко до Ф4.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Два зицери со ред им кине младинецов од РНЛ, а Штрлек си ги буши цело полувреме - пушти забод, вишок на лево крило, гол, акција из уџбеника :pos:
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Ова ситуацијава со РНЛ само покажува дека ракометов е уште далеку од сериозен спорт. Па у пм нели уште пред да почне сезоната се прави некој календар за да не дојде до вакви ситуации или па ако дојде се оства простор за промена на терминот. Па и за ЕХФ подобро е да се играше во среда или четврток ќе имаа поголема гледаност отколку вака.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
РНЛ лузер на денот, во Полска очекуван дебакл, а примија и петарда од Кил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom