Кајг
Многу години си немаме муабетено.
Многу не сум ти кажала.
Ама Кајг, морав да ја оставам Пума. Морав, зошто бремето и' беше тешко веќе. Морав да и' дадам шанса да најде нов пат.
Доаѓам јас Кајг. Од време на време.
И секогаш ме фаќа носталгија. А не треба.
Пума е добро. Скоро 10 години поминаа, Кајг, а толку паметам... како вчера да беше.
Никогаш повеќе нема да биде исто. Лошо или добро е тоа... не знам. Луѓето ги препознавам на други места. Пораснавме Кајги. Уште знаеме да дебатираме до бескрај
ама.... возрасни сме веќе. Па се' почесто ме мрзи да дебатирам. Се поретко сметам дека тој од другата страна вреди доволно за да го трошам своето време.
А ако нешто научив, е дека единствено нешто кое е бесценето, е времето.
Поминува, што и да правиме. Нема назад.
Што и да одбереме.
До следното читање... не ме заборавај