Мачки (општи дискусии)

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Земи си го мачето со тебе. Купи си една кутија и песок за во ВЦ кога ќе оди, и немора со папагалот да бидат во иста соба. Оти мачките се интелегентни животни, мојата се научи и сама вратите си ги отвораше. За болви имаш прашок или огрлица. Најубаво да си ја вакцинираш и понатаму кастрираш.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
349
Поени од реакции
350
Дечки ве молам совет... Седам под кирија во гарсоњера (во куќа) и едно маче старо може една годинка ми идеше на врата му давав јадење и полека полека стигнавме до спиење заедно. Си бара за надвор и нон стоп кога јас сум дома она е дома. Кога одам на работа ја пуштам надвор (дека имам и папагал ми е страв да не го немам) и кога се враќам само ко ретарда ќе ја викнам на 50 метри од влез и од нигде никаде излегува и ме чека заедно да си влеземе дома... Проблемот е што сега за една недела ќе се селам со цимерка (која нема да има проблем со мачето) но јас никогаш не сум чувала мачка и не знам како би било најекономично и воедно најздраво во врска со болви (а мислам дека ги нема), за песок да и купам (веќе има 1 година сигурно, не е мала да ја учам), за слобода на шетање како што имаше до сега (се селам во стан на 4ти спрат со лифт и домофон)... Се мислам дали да ја земам со мене
Најбитното е во врска со слободата и шетањето, нема да може да се научи да седи затворено по цел ден, ќе сака да шета, научена е така. Тоа што ќе си на 4ти спрат значи дека ќе мораш да ја носиш надвор. Поголем проблем ќе биде локацијата доколку е подалеку и непозната околина за него, па ќе мораш да имаш трпение додека се запознае со околината и да знае каде и е домот и влезот. Ќе мора лично да ја придружуваш и пазиш неколку пати додека шета.
Од мое лично искуство: јас живеам во стан на приземје, го научив мачето на шетање уште од мало, и сега нема ден да не сака да излезе надвор. Не ја пуштам да шета слободно, јас ја шетам со ремче бидејќи не е навикната на коли и ја фаќа паника. Преку лето, а и по еден месец во зима живее во куќа, каде што шета слободно, само за јадење и спиење влегува внатре. Првите неколку дена кога ја донесовме во куќата ја пазевме, сега останува надвор по цел ден и нема гајле. Ако не излезе барем 10 минути дневно, ќе збесне од плачење за надвор.
Имам и пријател со слична ситуација, само што нивниот мачор не се плаши од коли и шета слободно во двете куќи. Друга пријателка живееше со мачор на 6ти кат, но тој цел живот го помина затворен од мал, без желба за надвор.

Дополнително, бидејќи живееш под кирија, битно е знаеш дека сите газди не прифаќаат животни, па менување стан може да биде проблем.

Нагонот за парење е исто така многу голем проблем. Ако е машко е полесно: станува агресивен, гребе по мебел, уринира насекаде, но ќе го пуштиш надвор на некој ден и ќе си заврши работа. Доколку е женско, и не сакаш да имаш принова 2-3 пати во годината, ќе мора да ја стерилизираш, инаку ќе биде многу мачно и за нејзе и за тебе. Доколку не се оплодат нагонот им трае по околу 5 дена и се повторува на секои 3-4 недели, период во кој плаче и завива до физичка болка за мачор, нон-стоп.
Во зимскот период (ноември-февруари) не се парат, но сега им завршува "постот".

Во однос на песок и нужда, не би требало да има некој поголем проблем, мачките се доволно паметни и си ја знаат процедурата, само покажи им кутија со песок (и не менувај ја локацијата многу често).

Во однос на друга хигиена (внатрешни/надворешни паразити) и болести,
однеси ја на ветеринар на преглед, плус:
- апче против внатрешни паразити (глисти) (50 денари, се дава на 2-3 месеци),
- ампула против надворешни паразити (болви и крлежи) (250-400 денари, се дава на 3 месеци)
- вакцини (тровалентна (500-600 денари) и против беснило (500-600 денари), се даваат еднаш годишно)
- микорчип (800 денари + 100 денари за пасош/здравствена книшка) (задолжително по закон, за да може да прими вакцина против беснило)
- стерилизација/кастрација (1500-3000 денари, кастрацијата е поефтина)

Живеење со мачка е голема обврска, нема да можеш едноставно да заминеш без мислење за кој да ја чува, храни, чисти.
Одење на одмор/надвор од градот ќе биде проблем, а уште поголем за странство. Ќе може да ја оставиш два-три дена сама доколку јаде сува храна, но повеќе од тоа би било проблем, ќе мора некој да се грижи за неа.
Јас си ја носам со мене, се вози по 200km, понекогаш без проблем, понекогаш е малку нервозна.
Кај нас во автобус не пуштаат со животни (ни градски ни меѓуградски, не знам за воз) (во странство во градски автобус/воз/трамвај е дозволено, не знам за меѓуградски).
Одење во странство со кола е процедура (карантин), одење со авион или невозможно или скапо.
Рече дека имаш папагал, тој е полесен за оставање на чување кај друг, "само" го носиш кафезот. Мачките се територијални животни, и не сакаат менување на нивната животна средина, па некој ќе треба да доаѓа и да ја чува и да и чисти.

Затоа ти препорачувам добро да размислиш пред да ја земеш заедно со тебе.
 
Член од
28 февруари 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Имам персиска мачка која ќе се омачи за неколку дена, доколку е некој заинтересиран за купување на маченце нека ми пише :))))
 
Член од
5 декември 2017
Мислења
6

[DOUBLEPOST=1519941522][/DOUBLEPOST]a za izlegvanjata kakvi se mackite odnosno macorite nesto slusnav deka macorite izlegvaat redovno go sakaat nokniot zivot pa kasno se vrakaat posle doma i toe eden golem problem ke gi razbudi site doma zato moje mislenje smetam deka e poubo macka da se ima od neli macor
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.373
Поени од реакции
38.354

i mackite iskacaat, da se ebat so macorite
 
Член од
12 март 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво нова сум на форумот па незнам дали постои вакво прашање.
Тукушто купив скоро 3 месечно персиско албино маче поради тоа што сум неискусна би сакала да ве прашам за совет . Маченцето има проблеми со солзење на очите па би сакала да ве прашам како да ги чистам очите и со што и неколку други совети доколку сакате да споделите. Ви благодарам
 
Последно уредено:

Однеси го на ветеринар.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
прашање. Имаме мачка во влезот во зграда,1-2 месеци,Таа се навикна тука и ќе ја видиш пред секоја врата.Излага и надвор повремено сама.Но сега е овој проблем.Таа е бремена и кај да е треба да се омачи деновиве.Ја носев во подрум и послав во еден ќош но таа пак доаѓа внатре во влез,како да ја навикнам да седи таму доле,нели мачки не се врзуваат како куче.Да ја затворам во пакет-куќичка?
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
Дечки помош..
Имам мачор стар околу година и пол и ова првпат му се дешава вака да е. Денес има повратено 5-6 пати. Сабајлето најнормално му дадовме саламче, го јаде и по 1 сат можеби ја поврати саламата и плус некоја жолта течност. не обрнав многу внимание бидејки му се дешавало од прејадување да поврати, ништо страшно. После тоа излезе надвор, го немаше околу 2/3 часа и одкако се врати повраќа цело време. И тоа како водичка со бела пена. За расположение не е премногу опаднат онака, измрцварен е али не нешто страшно. Апетит нема ич, ниту вода пие ниту јаде. Му дадов едвај сосила апче реглан против повраќање, плус тоа со шприц му дадов млеко разредено со вода колку да не дехидрира, али не поминаа ни 5 мин цело млеко го поврати. Денес недела беше не можев нигде да го носам, али утре обавезно на ветеринар одиме. Што мислите, што можи да му е? Многу се плашам, многу.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511

Vet Avtokomanda raboti i nedela...moze da e zatruen...daju aktiven jaglen i nosi go na vet
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
Vet Avtokomanda raboti i nedela...moze da e zatruen...daju aktiven jaglen i nosi go na vet
Од битола сум, нема тука дежурни ветеринари. Мед. јаглен немав и не бев во можност да купам па му дадов реглан апче против повраќање. Сега спие. Утре ќе го носам на вет.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Каде можам да купам British shorthair?
И да не е некоја напумпана цена 300-400 евра.
 
Член од
3 јуни 2009
Мислења
349
Поени од реакции
350
прашање. Имаме мачка во влезот во зграда,1-2 месеци,Таа се навикна тука и ќе ја видиш пред секоја врата.Излага и надвор повремено сама.Но сега е овој проблем.Таа е бремена и кај да е треба да се омачи деновиве.Ја носев во подрум и послав во еден ќош но таа пак доаѓа внатре во влез,како да ја навикнам да седи таму доле,нели мачки не се врзуваат како куче.Да ја затворам во пакет-куќичка?
Кога ќе и дојде време за пораѓање сама ќе си се повлече на однапред најдено скришно место.
Во никој случај немој да ја затвараш или врзуваш, така само ќе и предизвикаш голем стрес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom