Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.281
Поени од реакции
78.933
Нека почиваат во мир. Лесна им земја.
Баш тоа сакав да прашам . Зошто толку долго се криеше идентитетот на дечкото (освен иницијалите А.Т. И 35 години) а нејзиниот одма го открија пред јавноста ?.
Најпрво беше откриен идентитетот на дечкото, одма утре дента. Не знам на кој сајт.
Јас се прашував обратно.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Jас сум скроз излезен од оваа активност, ама уште познавам многу луѓе.
Ќе има веројатно објаснување, ама веќе има луѓе што си ги раскажаа нивните видувања. Двајцата починати се движеле на крајот од групата во улога на водичи што е нормално во една планинарска тура. Првите се качиле и виделе какво срање е на врвот и ги враќале сите што се движеле нагоре. Тие одбиле и продолжиле до врвот. Што се случувало понатаму, само знаеме дека има трагичен исход.
Мојата реакција и реакцијата на повеќето е изборот на денот за одење. Од вакви рајан гигсови тапаци си патиме. Ако имаш 99% прогноза дека има навала на циклон со силни ветрови, снег, облаци - кој кур искачаш од Скопје и тргаш накај Кајмакчалан? Тоа е здравата планинарска логика, која добри 90% од македонски аматери-планинари ја немаат. Со самото тоа што го носиш човекот го ставаш на искушение, а тоа не е добро. Има многу луѓе кои воопшто немаат знаење, ама сакаат да докажат нешто и некому или од некаков потаен срам тргаат. Оваа ситуација сум ја доживеал јас лично и од денешна перспектива ми е срам за некои одлуки што сум ги носел во животот, ама среќа не сум загинал.
Планинарските клубови во Македонија се на ниво на куртони, на безглави шупци што им се дига ако соберат пари за некоја летна акција на Алпи или на Елбрус и за тоа организираат комерцијални акции преку цела година, на која се пријавуваат и девојчиња што немаат од Сити мол подалеку отидено. Такви се тие на видеото, така не изгледаат планинари кои се движат зимно време.
ФПСМ е нешто како МОК, како ФФМ во времето на Зинго, има еден состав на врвот, кој појма нема што се дешава, а само си искачаат друштвенца или сами групи си одат зимски на Кораб, Титов врв и да не ги бројам - многу сериозни места во зимно и во секое време од годината. Ја организираат таа зимска школа и делат лиценци.....секоја чест Калина, ама со 26 години, прво немаш животно искуство, а не па планинарско. Не ја кривам нејзе, многу ми е жал за девојката, беше полна оптимизам и ширеше само насмевки. За дечкото исто така многу ми е жал. Биле стаени на искушение, а не би требало да бидат - тоа е проблемот. Екипи одат на К2 и дремат во базен камп со месеци додека не се отвори период на поволно време, а не со роговите напред и идеме да гинеме.
Несреќи од ова ниво не се случуваат во земји со сериозно организирани федерации, клубови и едуцирано население.
Во јануари на Стефани, врв на Олимп, тешко се повреди една планинарка. Има страотни последици од падот (кој го видел Олимп се чуди како останала жива)....истата го превземала потегот на своја одговорност - најава за многу топло време, со лавинска опасност - има шанси да пројдеш, ама процентот на шансите да наебеш се зголемени - одлуката била нејзина и никој тогаш не кривеше планинарски клубови. Сега кривицата е јасна како бел ден.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
И зошто тоа треба да го земеме како релевантно? Зошто макфакс или спортске.мк пишале нешто?
Па МТВ, јавен сервис јавно се истреска во 9 саат вчера дека телата се мртви а истите уште не беа ни најдени, за после тоа, пред крај на вести да се извинат и да кажат дека не ја исклучувале можност да се преживеани.
Ги земам за релевантни затоа што немаше демант. Еве и на форумов членови лично ги познавале, дел се од планинарско друштво и имале еден куп пријатели и познаници кои се качувале со нив. Да не беше веста точна родителите сигурно не, ама некој од друштвото ќе демантирал дали е тоа вистина или не. Жал ми е за луѓево ептен, ама вина овдека само можеш кај лично нив да бараш и кај природата, која секако џабе ја бараш.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Муабетот ми е дека не можеш да земеш релевантно, само затоа што медиум објавил а еве сега и пишуваш затоа што немало демант.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.235
Поени од реакции
41.548
Во секој медиум го пишува истото.
vo sekoj medium pisuva deka alekasndar ima 35 godini, sto ne e tocno, a od start site istoto go teraa koga izlegoa prvo so inicijali, pa posle i so ime i prezime, i pak istata greska ja pravat, najde ti da se potpiras na nasive mediumi, narocito sto znaes i sam na sopstvena koza si osetil kako izvestuvaat, i kolku se profesionalni.
Inaku vo vakvi uslovi ko na postavenoto video sto se, oddeluvanje moze na mnogu razlicni nacini da se protolkuva, zatoa treba da se poceka oficijalno soopstenie od lugje koi bile prisutni tamu, vaka moze da se pretpostavi deka svoevolno se oddelile, a mozebi i vo cel toj haos na veter i nikakva preglednost, nesvesno da se desil raspar so grupata a nikoj da ne primetil deka gi nema.

Ostanuva da vidime sto tocno se slucuvalo.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не знам што ги коментирате македонските порталчиња како копираат промашени информации. Извештај од МНР, некакво соопштение - к***ц. Одамна знаеме дека ова е територија обична, а не организирано општество.
Да им беа телата на наша територија ќе ги извадеа во мај - не знаете колку е далеку - мислам за наши власти е Проксима Кентаури.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Нека почиваат дечките, сочувство до нивните фамилии ... а до сите останати не барајте влакно во јајце, вакви работи се случувале и ќе се случуваат за жал. Ваквите тури се од адреналински карактер ( галичица и дечкото со точакот што почина ), се знае каде се иде и по каква линија се иде и во какви услови. Доколку процениш дека не можеш да се соочиш со предизвикот се враќаш назад, за оние кои не знаат и не биле сето ова им е неразбирливо.
Ваквите тури никогаш не се одржуваат поради заработка или личен интерес, едноставно наоѓаш истомисленици со кои го споделуваш адреналинот, ништо повеќе од тоа.
Да ама кога некој организира некоја тура ваква каде што одат многу рекреативци, работата на организаторот и тоа како е да процени и да донесе одлука и за другите да се откаже качувањето и слично.
Не може во таква група на луѓе како што викаш ти да се остави на проценката на секој посебно. Бидејќи некој аматер и без искуство баш поради тоа неискуство да има тотално погрешна проценка.
Ова на сопствена проценка повеќе би го оставил на група од искусни планинари.
Инаку така е некогаш се случуваат несреќи и тоа е тоа, едноставно треба да се трудиме со организираност да се намалат што повеќе,

Друго ме занима во вакви услови како што беа прикажани на видеото, нели е логично цела група дасе движи како поврзана со долго јаже за во случај некој да не заостане и ја изгуби групата?
 
http://publications.americanalpineclub.org/articles/13201212891/Know-The-Ropes-Snow-Climbing
Ехеее пријатељу, тоа е техника за движење во наврска. Цела наука е. Ти личат ли кандидативе на такви?
Мислам, не ги окривувам нив, туку тој што ги качил у комбе и ги стаил вака ко за стрелање.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Темата е "Во чест на Калина..."
Ве молам препукувањата кој бил крив и што како се случило, каква опрема треба и слично да се дискутира на темата Планинарење

Не ги уништувајте сеќавањата и не нанесувајте дополнитлна болка на луѓето што ја познаваа Калина.

Нека биде ова тема за тоа како живееше Калина, како ширеше позитивна енергија и како помагаше.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.241
Поени од реакции
4.433
Ја знаев онака, не бевме блиски баш зборевме пред нова година да помине на кеј на тренинг некој ден. Не знам шо да кажам трагедија голема, ужас. Нека почиваат во мир.

Здравјето е најбитно, еве у трчање сум 3 и пол години и знам луѓе шо на секоја можна трејл трка одат, па и ултра, небитно дали го познаваат теренот, небитно дали имаат искуство, небитно дали е у регионов. Зошто? Замор се ствара, одмори малку, малку да се подлизнеш и отиде...
5/6/7 еве 10 годишно нека се ок е, ама секој втор викенд...
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Темата е "Во чест на Калина..."
Ве молам препукувањата кој бил крив и што како се случило, каква опрема треба и слично да се дискутира на темата Планинарење

Не ги уништувајте сеќавањата и не нанесувајте дополнитлна болка на луѓето што ја познаваа Калина.

Нека биде ова тема за тоа како живееше Калина, како ширеше позитивна енергија и како помагаше.
Се согласувам. Не знам дали имаше потреба од посебна тема...
 
Josef K

трагач
Член од
4 јануари 2014
Мислења
193
Поени од реакции
690
Мое видување на настанот, како некогаш активен планинар што учествувал во организирање на планинарски тури.

Првин, одговорност од организаторот/главниот водич мора да има. Без разлика на тоа што од Трансферзалец пишале дека не одговараат за ништо. Безбедноста на планините зависи од два фактора - објективни и субјективни. Временските непогоди се објективен фактор и на нив човекот не може да се делува. Но доколку временските услови се непогодни организаторот мора да ја прекине акцијата зошто постои можност групата да биде доведена во опаснот. Планината секогаш ќе си остане таму и секогаш ке има можност за втор пат. Посебно кога станува збор за планини со поголема височина од 2500 метри кои имаат своја микро-клима и каде што владеат други правила. Кој бил знае што значи тоа и знае што е менување на четири годишни времиња во 5 минути. Одговорноста е уште поголема доколку не ги послушале советите на луѓето во ски-центарот. Мене ми се случи во Полска на Високи Татри изричито да ми забранат да продолжам на Свињица поради лавинска опасност. Водичот рече ако ве пуштам на Свињица, вие ке одите во провалија, а јас во затвор.

Второ околу групата. 50 луѓе се многу за зимска акција. Денот е краток, условите лоши и групата никогаш не може физички да биде на исто ниво подготвена што остава простор истата да се развлече. Дури да ги зенемариме временските услови и големината на групата, распоредот на водичите мора да биде напред, средина, крај, со движење во колона од 1 и пол, 2 метра и постојана врска преку радио станица. Доколку еден човек сака да оди во WC сите мораат да чекаат. Одделување у никој случај. Дури и да се случило, правило е, и тоа морале да го знаат, дека минималниот број во група е 3-ца. Еден да се повреди, двајца да го донесат или пак едниот да остане со повредениот, а другиот да бара помош.

И ваквите настани не се прв пат. Низа на грешки довеле до целата ситуација. Клубовите мора да се доведат во некаков ред со организирањето на акции.

Нека почиваат во мир.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.459
Поени од реакции
20.248
Да ама кога некој организира некоја тура ваква каде што одат многу рекреативци, работата на организаторот и тоа како е да процени и да донесе одлука и за другите да се откаже качувањето и слично.
Не може во таква група на луѓе како што викаш ти да се остави на проценката на секој посебно. Бидејќи некој аматер и без искуство баш поради тоа неискуство да има тотално погрешна проценка.
Ова на сопствена проценка повеќе би го оставил на група од искусни планинари.
Инаку така е некогаш се случуваат несреќи и тоа е тоа, едноставно треба да се трудиме со организираност да се намалат што повеќе,

Друго ме занима во вакви услови како што беа прикажани на видеото, нели е логично цела група дасе движи како поврзана со долго јаже за во случај некој да не заостане и ја изгуби групата?
имале информација за времето, ја знаеле планината и условите и не биле аматери (иако според мене има професионалци и спремни луѓе да ги изброиш на една рака). толку
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Нека почиваат во мир и двајцата, а за останатите нека биде лекција: планина не е играчка.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.629
Поени од реакции
81.522
Видео од извлекувањето на телата

Kajgana Shop

На врв Bottom