Група 2 (MKD, ESP, DEN, GER, CZE, SLO), главна фаза - Вараждин

Кои две селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    137
  • Гласањето е завршено на .

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
Ама нема сега прегледување снимки. Тоа за ако треба да се досуди во нивна корист инаку јок!
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Мене она што лично ме изненади од досегашната игра на нашата репрезентација, го пишувам ова во позитивна конотација е тоа колку сме непредвидливи. Различна игра приспособена на противникот, Раул прави магија со ова што го има на располагање. Играта не зависи само од неколку играчи туку скоро сите согласно нивните способности придонесуваат во играта и крајниот резултат, кој е неслучаен. Порано играта се базираше исклучиво на неколку индивидуалци кои ако имаа лош ден тогаш киксиравме и против послаби репрезентации. Немавме разновидност во играта, владееше монотонија. Вие можете да имате збир од најдобрите индивидуалци во светот но доколку немате селектор со идеја, план за игра, човек стратег во права смисла на зборот, тогаш ќе делувате како раштиман оркестар. Раул дефинитивно си ја знае работата, човекот е визионер кој го препороди ракометот во глобала, воведе новини кои се евидентни и тотално различни од диносаурус методите кои мнозината селектори ги практикуваат сеуште.
На последниов натпревар со Германија ми се допадна свежината која ја донесоа помладите играчи, се надевам дека тоа нема да биде само момент на блесок туку истата игра ќе ја пренесат и во наредните натпревари комбинирани со искуството на постарите сигурно одиме во полуфинале. Тоа е она што ни треба, искуство комбинирано со младешки елан и желба за надигрување. На вакви првенства и утакмици се раѓаат големи играчи.
Кога станува збор за германската репрезентација, немој некој да ги величал ѓубрињата арогантни националистички. Нивниот однос е срам за спортот во целина. Ние во ниту еден момент во текот на утакмицата не бевме потчинети од "големината" на европски првак која ја носеа во нивниот багаж, напротив, во поголемиот дел од натпреварот бевме и подобар противник и само среќата ги спаси од сигурен пораз. Покажавме спортска величина за разлика од нив кои со нивните постапки во текот на целото првенство покажаа лузерски менталитет и ништо повеќе.
Јас лично сум умерен оптимист, претпазлив. Ако покажеме ваква игра и во наредните натпревари како до сега, зрела игра, тимски дух и сите си ја одработат работата како што треба, тогаш полуфинале не ни бега, па и медал без претерување е реалност. Најбитно е да уживаме во играта а дефинитивно до сега играме класа светски ракомет.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Најбитно е прво да ги победиме Шпанците. Зошто?

1. Имаат 3 дена одмор до натпреварот, таман да се смират страстите и да се опорават од тепањево.
2. До недела 20:30h ќе знаеме епилог од 3 натпревари, а горе-долу и ќе се оформи донекаде групата.
3. Ќе се растеретиме за натпреварот со Чешка (иако оваа репрезентација со Раул не пати од тој македонскиот комплекс на пониска вредност али ЈБГ, секоаш постои сумња дека ќе ислива на површина).
4. Шлагот на тортата Данците - па да ги отпадниме здравје боже

Едино што не ни одговара (хипотетички гледано и во лошо сценарио на работите за нас) е тој (меѓу) термин на последниот наш напревар, кој им остава простор на Германците и Шпанија евееееентуално да решаваат каков расплет би имала групата па да зависиме од некој од нив.

Прегледај го приврзокот 184011
Ептен е зезнато што ќе имаме помалку од 19 саати помеѓу утакмицата со Чешка и Данска...се надевам ќе успееме некако со пола сили да ги тепаме Чесите ама...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718
Ептен е зезнато што ќе имаме помалку од 19 саати помеѓу утакмицата со Чешка и Данска...се надевам ќе успееме некако со пола сили да ги тепаме Чесите ама...
со пола сили со Шпанија 1 бод а исто со 1/2 сили со Чешка 2 бода и на крај со Данска фулл сила минимум 1 бод - вкупно 7 бода на крај доволно за #2?
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Знае некој каде може да се купи карта за последното коло, на 24ти? Има ли карти воопшто?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262

А бе ви текнува едно време кога се радувавме на пласман во втора рунда а сега жалиме што не сме тепале првак??

Ептен ме ќефи ова што за разлика од кошаркава и останативе спортови тука одржуваме некаков стандард и полека одиме во следно ниво.

Инаку...ебење атмосферава на видеово, не би имал против за 2-3 недели на плоштад медал да се слави во ваков стил.....али нели да не летаме во облаци ипак
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Многу работи ќе бидат појасни денес.
Не се замарам со другите, единствено од наш аспект ја гледам групата, шо ги ебам ќе ги сечам:kuracc:
Дежелата ќе удри машки на Данците, Вујо знае дека има шанси сега, со една јака касапска одбрана која ја играат, и бекап од вратарите имаат и тоа како шанса, доколку нападот го однесат над својот просек тогаш имаат големи шанси, засега се резервирани во офанзива, ова се должи пред се зошто немаа многу лесни голови досега, а имаат навистина многу опасен офанзивен арсенал, мислам дека доколку одат над 26 гола ќе имаат голема шанса да се омрсат со грдите сурати од Данска.
Нешто е труло во Данската репка, не се и тие тоа што беа, Чешка го покажа ова на дело, да го види цела Европа.
Едно е сигурно, не се и тие репка од која треба да се стравува претерано, иако секогаш мора да се респектираат, но ништо повеќе од ова.
Лесно предвидливи се од аспект дека играат со ист ритам и да водат 10 разлика и да губат, не ја менуваат својата филозофија за ништо, ладнокрвни до максимум.
Имаат некои новитети имаат сезонава, селекторот со пискав глас, Шалабајзерот Николај Јакобсен,уфрли два млади копиљаци на десен,нивната традиционално најслаба позиција, Кристенсен и Киркелоке, првиот на Шпанија и закуца 8 комада, ова го спомнувам пред се зошто десните бекови на душманите ни се најголем проблем нас, многу слабо ја браниме 5-ката, ќе мора ЕЛ КОМАНДАНТЕ да пронајде лек за грдите, жолто-кафеави ракометарчиња, добро да се затвори таа страна, пред се зошто на десно крило го имаат Ласе Сван и пред се она педерастично ракометарче кое ни ја реши судбината во Белград, мршшш , кои сурати, како од нафталин извадени. hqdefault.jpg со мерак да ги тепаш.:sakasuste:.
Имаат среќа што за репката не игра Златко Димитровски, ака БИТОЛСКИ РАМБО, :sakasuste:(постарите љубители на ракометот знаат шо мислам) имаше рачињата да им ги сокрши:sneaky:.
На бек се најопасни, пред се зошто имаат неограничен ростер да ротираат, не е само Хансен, тука се Расмус Лауге Шмит из Фленсбурга, Мортин Олсен, Дамгард од Магдебург, сите се страшни пуцачи кои пуцаат од кај стигнат, сосема различен меч ќе е од оние со Словенија и Германија, овие нема да се колебаат да пуцаат од кај стигнат, нема да бараат игра во простор меѓу 9и6, ако видат шанса ќе не удрат јако, наше е да ги спречиме, можеби таа 5-1 зона на Ел Команданте би завршила добра работа, пред се затоа сите погореспоменати играчи се пред се шутери, иако имаат завидна техника и брзина, но не се класични плејмејкери од типот на Карачиќ и Циндриќ, па би можеле добро да ги изреметиме ако им ја умртвиме таа комбинаторика, да се отсечи надворешната линија колку што може од пикерите и крилата, посебно од крилата, овде се најсилни, мајстори за игра по крила, не смееме да правиме и многу исклучувања, тука се најопасни, при правење вишок, пред се по крила.
Кога сме кај крилата, лево го немаат веќе Егерт ХРЧАКОТ, сеа игра батето на Ландин, Ландин ЏР, го памети рајата од мечевите на Вардар со Копенхаген пред некоја сезона, 2 метра, далеку е од Хрчакот, и Мортенсен е тука, како и да е, далеку поопасна е таа двојка сурати на десно крило.
Доста ќе ротира Николај, па ќе мора и ние да парираме со доста измени како би ја зачувале свежината. и секако во напад да ги изреметиме.
Клучно е да се исфрли онај провокаторот од голман, ГЛАВОЊАТА ЛАНДИН, дечкото е со краток фитил, нешто како Силвио, ако не отвори како треба не го барај, ќе си влези Јаник Грин, добар вратар е и овај, но не е класа на главоњата кој со тие киклопски раце го покрива цел гол, не смееме во никој случај да го разбраниме, ако го разбраниме многу тешко ќе оди, гнасен голман е, не оди на проценка туку со некоја си ШПАГА-СТИЛ на бранење на удари од дистанца покрива речиси се.
Мислам дека Киро е лекот за овај, речиси секогаш има опасни статистики со Данците, би требало да му тргни, засега доста скромен учинок има во напад, иако можеби и тоа е тактиката на Раул.

Почнав со Данците, да продолжам со Фуријата., нашиот прв душман на менито.
Со овие имаме уште поголема шанса да тепаме, зошто?
Зошто немаат таква шутерска артилерија како Данците, полесно ќе ја скоцкаме одбраната, на позициона игра сме повеќе од рамноправни, единствено треба да се внимава да се спречи нивната брза транзиција при наши технички грешки.
Исто, десен бек, треба Алекс да се затвори, и Гурбиндо може да е доста опасен,
Останатите бекови се повеќе техничари отколку пуцачи, можеби Раул или Дани Сармиенто би не изреметиле со нивната техника и промени на правец, но доколку ја имаме таа густина како со Швабите не треба да се грижиме.
Кањелас ДЕДОТО не е тежок за чување иако е многу непредвидлив ако му оставиш простор, како делува како да е пред умирање и на крај ќе распали:pos:, како стара пушка е, не пука не пука, ама кога ќе распали :uzi:
Тука се и Душебаев ЏР волуме 2, и Гони од АИКС, ништо посебно, иако ако добијат простор не се за потценување.
И кај овие најважно е да не ги оставиме крилата да добијат многу топки, и пикерот, секогаш кога ќе видат мака со течноста на нападот очајно бараат или пикер или некој пробив на левиот или десниот бек по страна, па ако направат дупка да шутираат,или да продолжат топка до крило, со густа одбрана ако успееме да ги избркаме од просторот меѓу 9и6 завршуваме лавовски дел од работата.
И голманите се опасни, посебно Перез де Варгас, другарчето има невиден рефлекс, можеби и најдобар на цело ЕП, хендикеп му е висината, не може да го брани голот со тело, среќа шо го немаат Штербик,пола сила им беше тој.
И Коралес е класа голман, но далеку се од Штербик.
Би требало тука Киро да има некој совет плус за другите каде шо како да шутираат, и секако нашето најголемо оружје е стручниот штаб.
Раул ги знае до детали Шпанците, плус и Гарсија Парондо на клупа за помошник, сигурен сум дека на тактички план ќе бидеме максимално спремни.
Очекувам многу од текмата, ако ја тепаме оваа на коњ сме.

И на крај Чесите, кој би очекувал од овие лузери вакво нешто?
Најголемо изненадување се овие за мене, посебно по поразот од Шпанија, како успеаа да ја променат својата игра страшно нешто, како на некое Холувудско тинејџерско-спортско филмско сценарио, from zero to hero.(y)
Браво, секоја чест, ќе мора на овие посебно да се обрне внимание, познавајќи не нас секогаш играме најтешко која треба да е полесно.
Опасна репка, добро ги средил Јан Филип (опасен играч беше овај на времето), нешто како Раул, изгледа добро поткован е тактички.
Допадлив ракомет играат, многу брз, пред се благодарение на ол-раунд бекот Ондреј Здрахала, кој лудак е овај, по ова ЕП цела Европа ќе се тепа за дечково, а игра во СТ Гален:pos:.
Страшен играч, движења, промена на правец, удар од место, се има другарчето, сам игра. со Унгарците 21 шут зел, во НБА нигерите не земаат толку шутеви:pos:.
Мора да се најде чаре, не само да се лимитира, туку и да не ги разигра другите, тоа е клучот, под други мислам на десниот бек Каспарек, детето игра во Балатон Фуреди во Унгарско првенство, опасен шутер, не смее да ни се случи нов Стефан Чавор случај, мора да се затвори копиљот, мнигу шутеви зема, ако има ден може да ни напрај многу беља, 202 см е висок, топ во раката, другиот десни вањски добро го знаеме. Јан Штетлик, некогашен играч на СТ Рафаел, овај е доста понизок, не може да биде опасен ако му се остави простор,ако искомбинираат многу голови бековите тешко ќе ни оди, мора да се лимитираат на минималец, уште од старт да им се даде до знаење каде им е местото.
Од другите играчи кои ни се добро познати би ги издвоил бековите Бечвар и Павел Хорак, пикерот Петровски, нешто слично како нашите пикери е , само уште поголем бабачко:X3:, и на лево крило секогаш опасниот Јакуб Хрстка, и овај долги години се мота низ нашите сали, играјќи за Татран, добро познат, многу опасно крило.
Друга работа, можеби и многу поважна, не смее да се разбрани орелот МАРТИН ГАЛИЈА, 38% на одбранети удари има во просек,:shook: опасни статистики, ги сотре Данците 40 % одбранети удари имаше и последен напад каква само одбрана:shook:, исто и Унгарците ќе го запаметат, многу опасен е при зицери ситуации, како им влегува во шут страшно нешто, веќе го имаме запознато низ тие редовни порази и неуспеси при гостувањата во Чешка, редовни пациенти му сме низ годините.
Не смее да се разбрани овај, во никој случај
И Томаш Мрква има минутажа, впрочем тој пред ЕП им беше прв голман, и со Шпанија започна тој, им се случи хаварија, па потоа влета Галија.
Далеку подобро е за нас Мрква да е на голот, но ако играме паметно кој сака нека брани.

Тоа е тоа, да не се замарам со другите, глава нека кршат, но добро би било Словенците да ни направат услуга и да тепаат еден од фаворите Данска или Шпанија, а и Швабите да си ископаат очи со Данците и Шпанците, а ние со очекувам 7 бода да се чекираме во Загреб.

ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ДОМАШНИОТ ЕСАП ЌЕ НИ ИСКОЧИ :kafence::semolam::semolam::semolam::oeoeoe:
 

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
590
Поени од реакции
1.926
3 (три) дена одмор??? :eek: Овие ќе заборават ракомет да играат. А за крај на група две утакмици за помалку од 48 часа. То није лепо. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom