Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.888
Oнaa глупердa oд грaдoнaчaлник Шилегoв излеa 24/7 е пијaн.Вaквo игрaње кур сo aвтoбусиве сaмo нетoкму или пијaндурa мoже дa прaви.Вчерa изеде гoмнa без пaри ке вoзaт aвтoбусите,a денес нa пoлa ден гo прекинaa преку сooпштение.Кaквo мaгaре племетo дa му гo ебaм
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.130
Поени од реакции
18.127
Кој е побетер?
Овие сега шо ги бркаа (извинете, не им ги продолжија договорите) 'старите' кадри или тие претходните шо ги вработуваа со договори на 3 месеци за да ги држат на ланец пред секој тура избори?
Две фамилии мршојадци.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Нас местото природно ни е во Европа. Овде на форумов многупати е дискутирано за "придобивките" од политиките на Русија тука кај нас. Ене ти ги Србендине, прашај ги нив како Русите им помогнаа за време на инвазијата на НАТО во '99.
Не дека и Западните држави се нешто подобри но наивно е да се верува дека некој од братска љубов на некому ќе му помогне, особено не Русите. Во меѓународната политика постои само интерес, нема љубов. Треба еднаш да сфатиме дека ние не сме никаков фактор во меѓународната политика, единствено сме поле на интерес на големите сили и тоа е се.
Ние не можеме да си дозволиме да не завземеме страна кога ќе се земе предвид моменталнава констелација на силите на Балканот. Опкружени сме со НАТО земји и незнам како замислувате да им се придружиме на Русите или Кинезите.
Наш главен економски стратешки партнер ни се земјите од ЕУ. Скоро 50% од целокупниот извоз ни оди за Германија а вие ваму зборувате за Кина и Русија. Никој не спори соработка и со нив, пред се економска но ние немаме таква важност пак и не сме толку моќни, ни економски ни како пазар да им бидеме интересни на вакви џинови за било каква соработка.
Затоа нас изборот природно ни е насочен кон Европа. Без многу занесување, колку побрзо ја прифатиме моменталната реалност толку подобро за нас. Ние во ниту еден момент не можеме да излеземе како победници во спорот со името. Едиствено што можевме да направиме е да ги ублажиме последиците. Сега мислам дека е малку доцна. За ова се заслужни сите корумпирани влади од осамостојувањето па до денес, заедно со летаргичниот народ кој што живее во оваа држава.
Србите не побараа помош. А ако дојдеа русите тогаш, ќе настанеше хаварија и војна помеѓу нато и Русија.
И Русите не се мед и млеко, но тоа што ни го прават западњаците, да ни ја распарчуваат државата, да ни го менуваат името, тие да ни се премиери (Бејли, Ји), Русите тоа нема да го прават. А економски партнери можат да ни бидат и Кина, Русија, Индија и тн.
Европа те удира со нож во грб, ти идеш пак накај нив.
И ако не знаеше, во војната 2001 година имаше и Руски доброволци. Каде беа од Европа да ни помогнат тогаш. Каде беа и САД. Уствари полнеа комбиња и автобуси со албански терористи. Ете кај беа.
И пак ќе речам, НЕ НИ Е МЕСТОТО ВО ЕУ!

И на Бугарија местото и беше во еу и нато, па ете ги сега како Швајцарија се, нели...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Србите не побараа помош. А ако дојдеа русите тогаш, ќе настанеше хаварија и војна помеѓу нато и Русија.
И Русите не се мед и млеко, но тоа што ни го прават западњаците, да ни ја распарчуваат државата, да ни го менуваат името, тие да ни се премиери (Бејли, Ји), Русите тоа нема да го прават. А економски партнери можат да ни бидат и Кина, Русија, Индија и тн.
Европа те удира со нож во грб, ти идеш пак накај нив.
И ако не знаеше, во војната 2001 година имаше и Руски доброволци. Каде беа од Европа да ни помогнат тогаш. Каде беа и САД. Уствари полнеа комбиња и автобуси со албански терористи. Ете кај беа.
И пак ќе речам, НЕ НИ Е МЕСТОТО ВО ЕУ!

И на Бугарија местото и беше во еу и нато, па ете ги сега како Швајцарија се, нели...
Дали ти навистина мислиш дека србите во тоа време беа толку силни за да му се спротивстават на целиот НАТО сојуз? Еден испрдок од една распадната држава тогаш му се спротивстави на најмоќниот воен сојуз во историјата. Америте во тоа време беа на врвот на нивната економска и воена моќ. Советскиот сојуз беше во колапс а Кина ниту одблиску не беше тоа што е сега. Моронот Милошевиќ во тоа време баш заради поддршката од Русија им се чаталеше на НАТО и Америка. Мислеше оти Русија ќе му го чува грбот а тие кутрите немаа нафта во тоа време да ги запалат бродовите и подморниците. Тие беа во тотален колапс после распадот на СССР и нормално ги извисија Србите и Слобо, го попушија навелико. Тоа можеби беше најидиотскиот потег од сите потези направени во историјата. Прашање на време е кога ќе го признаат и Косово.
Па и Русија сега, нејзината економска и воена моќ е малку преценета. И со моменталната поставеност на силите Русија е далеку воено и било како послаба од Западот, т.е Америка. Истото се однесува на Кина која е сериозна економија во подем, но само економија. Воено, освен по бројност моментално никако не може да му парира на Западот и НАТО сојузот во целина.

Иако за моменталнава ситуација голема улога имаат и странските структури во државава, воедно и соседите, главниот виновник сме повторно ние. Така сме се поставиле бре пријателе, затоа не дупи кој ќе стаса. Никој не го натера Грујо да ја присвои половина држава, нити Бранко на времето со СДСМ да ја распродаде. Ние наследивме комплетна држава и самите ја сјебавме. Странците видоа само плодна почва за остварување на нивните интереси. Корумпирани политичари и поделен неписмен народ. Кога не знаеме да си ги браниме сопствените интереси тогаш некој друг ќе си ги оствари неговите. Во меѓународните односи нема братство и љубов. Ова што денес ни се случива е after effect на сите предходни лоши одлуки кои сме ги донесле во минатото, не стигна цехот.

Кога ги спомена Бугарите. Тие ти се типичен пример како се гледа сопствениот интерес. Во втора светска војна на почетокот беа на страната на Германците кога кон средината, кога се виде оти Германија ќе ја изгуби војната се свртеа на спротивната страна. Благодарение на Русија се стекнаа со држава и независност. Верувал ти или не Русија сноси подеднаква одговорност за нашата поделба на 4 дела. И што направија Бугарите? Во прва прилика му го свртија грбот на Русите. Никој нормален не сака да биде под руска чизма и да вози Лада и Москвич кога може да вози Мерцедес или Ауди.
ЕУ нив им е најдоброто нешто што му се случило во животот, кога ќе се земе во предвид каде се наоѓаа пред тоа ЕУ за нив е ЏекПот. Јесте, можда се последни во ЕУ но се последни меѓу најбогатите членки во најбогатиот сојуз на држави во светот, што не е лоша работа да се разбереме.
Нив никој не им спори дали утре ќе бидат држава или не, дали воопшто ќе постојат или не, за разлика од нас. Вакви или онакви тие си ги тераат нивните интереси. Јас не гледам некој бугар да се тепа за македонски пасош туку обратно, ние си газиме на достоинството и се тепаме за нивни.
Сума сумарум кога ќе се направи ретроспектива на поледниве 26-7 години ние дефинитивно сме најголемиот губитник во регионот, затоа што не не бива ни како народ ни како држава и затоа најголеми виновници сме си ние самите.

Моментално наша последна сламка за спас се ЕУ и НАТО со сите нивни маани, му се допаѓало тоа на некој или не.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708
Правната држава го допре дното... Богоевски бил виновен за клевете иако не ка=ал ништо невистиното, виновен е зошто медиумите го објавиле интервјуто од неговото сведочење во УСА :confused:
...тој бил прогласен за виновен и оти нема да им плати материјална штета бидејќи тужителите се повлекле од барањето. ???

А дали суд ќе прогласи за виновен Било кого од политичари и новинари што без завршена правосилна пресуда делат етикеди за крадење, корупција и слично ??
По се изгледа Лагата НЕ Е КЛЕВЕТА, само вистината е Клевета :facepalm:
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.117
Поени од реакции
28.853
Се гледа крајот на оваа куропушачка влада, нека рентаат гзови на друго место.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
@LordDragonII - јавно да ти го пријавам членот маде, кој освен за дедо ми ништо друго не пишува у темава
Пријавуваш јавно, а богами и скришно, кодош еден.
Фамилијарно да не ви е тоа?[DOUBLEPOST=1515617872][/DOUBLEPOST]
Затоа нас изборот природно ни е насочен кон Европа. Без многу занесување, колку побрзо ја прифатиме моменталната реалност толку подобро за нас. Ние во ниту еден момент не можеме да излеземе како победници во спорот со името.
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.916
За месец дена ја накрцаа Хирургија со партиски војници (y) Деца што работеа по 5 години за беспари, без никаков грб веројатно, им ги дадоа клоците.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
28 јануари 2008
Мислења
298
Поени од реакции
68
За месец дена ја накрцаа Хирургија со партиски војници (y) Деца што работеа по 5 години за беспари, без никаков грб веројатно, им ги дадоа клоците.
Според тебе какви се тие што работеле 5 години? квалитетен кадар или кадар од претходното раководство?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.916
Според тебе какви се тие што работеле 5 години? квалитетен кадар или кадар од претходното раководство?
Пишав, деца што немале грб а имале некаква среќа, или несреќа, да почнат да волонтираат и да се надеваат на вработување. Тие што имаа "грб", ги вработија во последната година од "владеењето" на ДПМНЕ, имаше три круга на делење на решенија.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
DOUBLEPOST=1515617872][/DOUBLEPOST]
[/QUOTE]

@VOLK2234
И?! Не ти ја разбирам поентата. Сакаш да кажеш дека постои некоја друга алтернатива и дека можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ без промена на уставното име? Ако постои таква можност и друга алтернатива тогаш веднаш сподели.
Јас не знам дали сте свесни но сите во регионов се претенденти за влез во НАТО и ЕУ. Србите уште тераат инат но и тие ќе си легнат на брашното. Се е тоа лажен патриотизам и популизам, мачкање очи на народот. Кога ќе дојде време ќе си ја наведнат главата и ќе потпишат се што треба.
Малку е доцна за ненадејни изливи на патриотизам. Гледам народов, посебно младиве многу нешто потресени за променава на имево што се готви во позадина.

Самите се доведовме пред свршен чин, не знам дали ми ја разбирате поентата. Имавме рок од 26 години да се средиме малку од малку, да станеме пристојна држава. Никој не тврди дека економските прилики се строго поврзани со членството во Еу и Нато. Вие ако сте способни и без нив ќе направите нешто а ние ги имавме сите предиспозиции за тоа. Останатите Ју членки излегоа разорени од војни. Бугарите до вчера немаа фармерки видено, за Албанците да не правиме муабет, сега имаат три држави. Кои се тие алтернативи кои сега ги имаме? Се што беше вредно се испокраде. Корупцијата и непотизмот царуваат. Како вие ќе убедите еден 23-4 годишник дека утре ќе биде подобро? Дека треба да чека уште 25 години на месијата што ќе ја препороди земјата, некој нов Грујо или Заев.
Да не се разбереме погрешно, никој овде не е за промена на името. Гадно се лаже секој оној кој мисли дека од моментот кога ќе станеме членка на ЕУ ќе земаме илјада евра плата. Напротив,членството во ЕУ ќе ја засили миграцијата уште повеќе. Нашата економија е кревка и неподготвена да парира со Европската и да ги следи тамошните закони и трендови.
За државата како целина, како структурна заедница нема да има некој голем позитивен импакт членството, меѓутоа за индивидуата, обичниот млад македонец ќе отвори избор. Нешто што ниту една власт последниве 27 години не му го овозможила. Затоа се доведовме самите пред свршен чин.

Ние сме моментално давеници и секој поединечно гледа да се спаси. Нашиот брод забрзано тоне а нашите соседи се ајкули кои настрвено чекаат од страна. Ако не се качиме на некој поголем брод наскоро може и да не снема. Моментално бродот ЕУ е најблиску но доаѓа по висока цена. Како што кажа некој погоре, времето не работи во наша корист. Многу шанси се пропуштија, да бидеме реални. Ако ја испуштиме и оваа тогаш работите ќе бидат многу неизвесни во иднина. На Грците им е гајле, тие се во ВинВин ситуација без разлика на исходот.
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Сакаш да кажеш дека постои некоја друга алтернатива и дека можеме да влеземе во НАТО и во ЕУ без промена на уставното име? Ако постои таква можност и друга алтернатива тогаш веднаш сподели.
Па, да. На ЕУ им гори, не на нас. ЕУ се испаничени од Русите, така да би не примиле утре и со реформи, и без реформи, и со име и без име.
Го нема ЕУ веќе тој луксуз за да бара влакно во јајце, Британија им отиде, и сега ги пуштаат канџите на Балканот.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Овој Пази Леџа опасен твитерџиски авторитет, стално излага на топ листа на ТајмМк. Баш пред некој ден налетав на овие мудрости, ми оставија доста впечаток, не знаев дека ти е инспирација. Не дека сум изненаден.
пазилеџа.jpg
пазилеџа2.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom