Економска политика на Македонија

B

Bafra

Гостин
Можеш и јаки девизи во кеш...те советувам Швајцарски франци тоа е нај булит пруф ако згусти...може Евра и Долари ама тоа е поризично. Инаку сега Франкот паѓа во однос на МК денар, Богов :kruna: значи на МК и иде боље од Швајцарија...добро :)
Во овие економски теми делуваш стварно со висок АјКју (y) :cuc:

Ама во политичките си торко невиден, како 2 различни личности да пишуваат ебаго.

Евро не би советувал за после 2018, ЕУ е во големи проблеми, Швајцарци откако откажаа приватност по банките и тие ќе губат. Само $$$.
Шо би рекол еден 90годишен, синко која војска го чува тоа марка/евро....
Двапати дупе сум бришел со марка, па ќе биде и третпат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Не се глупи постовите на политика тие се тинкинг оутсиде оф д бокс...премногу се затупени за да ги сватат :)...инаку и усд е ок ама повеќе верувам со франк. Но ако има рецесија и криза усд може и повеќе да расте ама затоа има страшно повеќе воатилити. Франк ти е побезбеден избор плус и немаат долг речиси ништо во споредба со уса.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
На сите наставнци и професори им се поврзуваат празниците до 9 Јануари, една од причините заштеда на затоплување, шо значи дупка е голема :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1514318365][/DOUBLEPOST]Првин одат тие со хипотеките и овај Фиат не мала риба за наш простор:

Банки и извршители го распродаваат имотот на Фијат Цаноски вреден 15 милиони евра
ViberFacebook MessengerFacebookTwitterSkypeWhatsAppTelegramGoogle GmailYahoo MailLinkedInPinterestPrintCopy Link

НЛБ Тутунска банка распродава голем дел од имотот на Фијат Цаноски и неговата компанија Фине. Според листата за продажба на имот преку извршител која може да се најде на сајтот на НЛБ Банка, на продажба е објект и земјиште на Перо Наков каде што беше А1 телевизија но и земјиштето во Гази Баба како и универзитетот во Скопје. Извршителот ја нуди на продажба и семејната куќа на Цаноски во Струга како и друг имот на семејството. Во документот стои дека имотот се располага врз основа на налог за извршување и хипотека а вкупната вредност е нешто под 15 милиони евра.

http://press24.mk/banki-i-izvrshiteli-go-rasprodavaat-imotot-na-fijat-canoski-vreden-15-milioni-evra
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Па се му е на разпродажба и зградата на фон во Скопје. Во кои простории ќе предаваат?
 
T

Terroir

Гостин
Па се му е на разпродажба и зградата на фон во Скопје. Во кои простории ќе предаваат?
Нема да има предавање, само се запишуваш си плаќаш редовно рата и после 4 години одиш да ја подигнеш дипломата.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Сега читав некои математики догодина 1000 денари повеќе давачки по семејство. Поскапена струја, вода, парно, нафта и цигари - акцизи.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
Сега читав некои математики догодина 1000 денари повеќе давачки по семејство. Поскапена струја, вода, парно, нафта и цигари - акцизи.
Така некако му доаѓа, по 1000 денари месечно плус, 13 минимална плата нема да стаса.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Сега читав некои математики догодина 1000 денари повеќе давачки по семејство. Поскапена струја, вода, парно, нафта и цигари - акцизи.

Во 2018 секое македонско семејство ќе има 1000 денари месечно помалку за трошење
[DOUBLEPOST=1514376374][/DOUBLEPOST]Е како де? Псссссссссссст долгот е неотплатлив и не може никогаш да се врати, затоа што парите за каматите не постојат, за да се врати стар долг мора да се направи нов. И на луѓево сеуште не им е јасно тоа.

Како тоа може? Постојано враќаме, а државниот долг расте!

Објавено во: Финансии 27 Декември, 2017

inShare

Од почеток на јануари па до крај на септември годинава од пари на нас даночните обврзници се отплатени 338,4 милиони евра за камати и главница државен долг. Во истиот период нивото на државен долг се зголемило за 24,3 милиони евра!

Како е можно да враќаме во континуитет државен долг, а неговата вредност да расте? Ова се факти кои може да се проверат во официјалната евиденција на Министерството за финансии, достапна на нивната веб страница на следниот линк.

Официјалните податоци го покажуваат следново:

Во првите девет месеци оваа година државата вратила наши – пари на даночни обврзници во износ од 338,4 милиони евра.

Во структурата на вратените до крај на септември годинава пари учеството по ставки е следно:

-камати на надворешен долг 69,1 милиони евра

-платена главнина на надворешен долг 118,4 милиони евра

-камата на внатрешен долг 33,1 милиони евра

-главнина на внатрешен долг 117,8 милиони евра

На крајот на септември годинава нивото на државен долг изнесува 3 милијарди и 876 милиони евра. Во споредба со крајот на декември 2016 година нивото на долг до крајот на септември е зголемено за 24,3 милиони евра. Официјалните податоци покажуваат дека на крај на декември лани нивото на долг било 3 милијарди и 851,5 милиони евра.

Вратени 338,4 милиони евра, а долгото пораснал за 24,3 милиони евра!

Споредбата на податоци покажува дека во овој период долгот се зголемил за 24,3 милиони евра односно при вратени 338,4 милиони евра во период од девет месеци државниот долг се зголемил од 3,851.5 милијарди евра на 3,875.8 милијарди евра.

Можно ли е да се промени нешто во состојбата со државниот долг за да се преврти оваа тенденција? Дали врши работа стратегија за управување со долгот ако не може да го намали? И дали е решение да го преструктуираат во долгорочен без да се намалува?

Р.Ф.

http://faktor.mk/kako-toa-moze-postojano-vrakjame-a-drzavniot-dolg-raste[DOUBLEPOST=1514388221][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Фијат и Велија беа едни од стварно добрите проекти на Груевски.
Секако, одвратна ми е малициозноста која по кој знае кој пат ја демонстрираше во бомбите за Цаноски.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
Зголемување на пензиите, потреба или ирационалност?
Исплатените пензии во месец септември беа за 621 денар повисоки од претходните. Дополнително зголемување на пензиите е предвидено во дополнетиот предлог буџет за 2016 година. Додека 297.179 пензионер во земјава (ПИОМ) се радуваат на ваквото покачување, во јавноста се разгорува дебатата дали овој чекор на владата е потребен, рационален, издржан и во право време.
Неколку насоки на размислување кои укажуваат на нерационалноста за зголемување на пензиите, се следните:
Прво, пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3 %, додека растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Графикон 1 покажува дека ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. До 2008 година, економијата во просек растела за 3,1% а пензиите за 2,9%, додека после 2008 година, економијата растела во просек 2,4% додека пензиите повеќе од двојно, 6,5%. Дополнително, во услови на ниска стапка на инфлација, скоро нула, не постојат притисоци за намалување на животниот стандард како резултат на зголемени трошоци на живот. Оттука, зголемувањето на пензиите е поголемо и од потребата за усогласување со трошоците на живот.
Второ, дефицитот во пензискиот систем континуирано расте во изминатите десет години, со забрзан интензитет од 2008 година (Графикон два). Делумно, овој раст се должи на исплатите кон вториот столб. Над 80% од дефицитот во пензискиот фонд се покрива преку средства од буџетот на РМ. Истовремено, бројот на осигуреници во однос на бројот на пензионери не се зголемува. Во 2014 година, за секој еден пензионер работеле 1, 8 осигуреник. А во најава се и мерки за откуп на стаж, со што бројот на пензионери ќе расте а соодносот осигуреник/пензионер ќе се намалува. На среден рок, веројатно ќе бидат потребни структурни промени за пензискиот систем да биде одржлив. Ние и идните генерации треба сериозно да размислуваме колкава ќе биде нашата пензија и кога ќе се пензионираме.
Трето, често се оправдуваат зголемувањата на пензиите со изреката дека “новите генерации живеат од пензионерите, пензионерите се тие што го одржуваат животниот стандард“, но кој ги плаќа издатоците за пензии?. Тековната и идните генерации ги плаќаат зголемувањата на пензиите. Приходите во фондот за пензиско и инвалидско осигурување се главно по две основи, редовните извори од придонеси за плата и буџетот на РМ. Редовните придонеси за плата ги плаќаат лицата кои се во тековен работен однос, а приходите во буџетот ги плаќаат повторно тековните генерации. Покрај тековните генерации, буџетскиот дефицит ќе го исплаќаат и идните генерации.

извор economic talks
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Македонија има најниска плата во регионот
28.12.2017 | 14:08
Економија
Прочитано: 338
Словенија има највисока просечна плата во регионот, а најниска Македонија.

Просечната плата во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056 евра, додека во Македонија 380 евра, објави Анадолија. Во Хрватска просечната плата изнесувала 795 евра, црна гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, Србија 396,29 евра.

Во текот на 2017 година најголем раст просечната плата имала во Хрватска за 45,83 евра, а најмалку во Босна и Херцеговина за 8,13 евра и Црна Гора за осум евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија просечната плата во октомври изнесувала 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци од годинава 22.808 денари.

http://24vesti.mk/makedonija-ima-najniska-plata-vo-regionot
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
Во 2018 штипјани ќе пијат вода поевтина за 5%
објавено пред 51 минути 55 Прегледи

Во наредните две години цената на водата во Штип ќе се намали за 10 %. Ќе се одвива етапно. Во Новатата година тоа намалување ќе биде за 5%, следната уште толку. Во овој период ќе се намали цената на водата и за правните лица за 9%
http://kanal77.mk/во-2018-штипјани-ќе-пијат-вода-поефтина-за-5/
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Во 2018 штипјани ќе пијат вода поевтина за 5%
објавено пред 51 минути 55 Прегледи

Во наредните две години цената на водата во Штип ќе се намали за 10 %. Ќе се одвива етапно. Во Новатата година тоа намалување ќе биде за 5%, следната уште толку. Во овој период ќе се намали цената на водата и за правните лица за 9%
http://kanal77.mk/во-2018-штипјани-ќе-пијат-вода-поефтина-за-5/
Тоа во просек по домаќинство иди по 30 ден. месечно или за цели 5 евра годишно заштеда.
Ептен јака мерка, популизам ала ДПМНЕ.
Што правиме со олигархија и нивно даночење?
Или ќе почека тоа некое време?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom