dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 42.893
- Поени од реакции
- 84.262
Модерно било да се става (Netflix) во наслови па ај и јас.
Ќе бидам краток.
Ранч е драма/ситком во продукција на Нетфликс. Главен лик е Ештон Качер кој што после неуспешната кариера како квотербек се враќа во ранчот на татко му. Татко му и мајка му се во фаза на развод и освен Ештон Качер го имаат и Дени Мастерсон како син. Динамиката на филмот е таа. Фамилијарен живот на ранч во југот на Америка. Ако сте фан на јужначки лајфстајл ќе ви се допадне серијава..ваљда.
МНОГУ битно е да напоменам дека серијава има laugh track така да..ќе ви треба епизода-две да се навикнете можеби, али после тоа е сасвим ок.
Серијава е малце чудно поделена на 4 дела. Според IMDb една сезона е еднаква на 2 дела. До сега се излезени 3 дела (од 10 епизоди) то ест сезона ипол. Другиот петок искача четвртиот дел.
Поради НАВОДНО силување или што ти знам Дени Мастерсон ќе биде истеран од серијава (ваљда ќе биде дел од четвртиот дел ама после тоа јок), ај да не навлагам ептен во тие НАВОДНИ работи и каков булшит е се тоа.
Ако сте фан на That 70s show, може да си ја гледате серијава како алтернативен тајмлајн каде што Келсо и Хајд живеат на ранч, пошто буквално истите ликови ги глумат more or less. Исто така во серијата подоцна се појавува и Ред од That 70s show.
Не знам дали некој ја гледа серијава ама сасвим ок серија е ако барате нешто периодов за гледање а не знаете што. Добар микс од драма и ситком моменти, а како што реков јас си поштувам вака јужначки сет-апи на филмови и серии што е исто така интересен aesthetic. Ако сте носталгични по that 70s show на пример серијава би ви била ок супститут.
Не сум ваљда единствен што го гледам ова?