Американски фудбал - NFL лига

Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Se uspav i se budam na minuta ipol do kraj. :D
Jbg, kje gi tepaat Steelers i tojeto. A ova e nezgodno gostuvanje za NE, Brady so ovoj poraz ima 7-9 skor vo Majami.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Сосема очекуван расплет, НЕ и кога победуваат во Мајами тоа се тешки утакмици, сега Беличек гарант ќе излезе ќе рече нема везе од утакмица до утакмица одиме, ама очигледно е дека Мајами не им лежи. Згора на тоа, кога ја видов листата на неактивни играчи уште повеќе се уверив дека ќе биде тешко. НЕ немаа буквално ниту еден нормален лајнбекер, собрани играчи од practice squad, ништо чудно што Дрејк имаше таква вечер. Згора на тоа имаа, т.е. немаа поминато ниту еден 3-даун од 11 обиди, рекорд стар 30+ години. Брејди немаше никаква заштита од линијашите, имаше 2 пресечени топки и катастрофа играше општо земено, ама и покрај се изгубија само 1 ТД разлика. Така да не гледам толку црно на овој пораз, таман Беличек да ги изриба малце да се стегнат за плејоф.
Во однос на 1 место во АФЦ исто така не игра голема улога, во случај да победат пак се први, ако изгубат можно е да паднат 3ти ако Џексонвил победат се до крај, што мислам ќе им даде уште еден мотив плус да изиграат максимално во Питсбург.
Во однос на фантази, видов сум изгубил само 2 поени и да решеа Мајами да му дадат носење на дрејк на гол-линија, ќе изгледав како разгалена тинејџерка што квичи кога нешто не и е по мерак :icon_lol: Сепак фантази боговите ми дадоа најболен реванш, 2 поени пораз со 2 ранинг бека на клупа со повеќе поени од флексот :D
Следнава недела освен во петок сабајле, ќе има утакмици и во сабота, така да убаво ќе се пополни времето цел викенд.
 
Член од
29 февруари 2016
Мислења
569
Поени од реакции
641
Синоќешната утакмица не би ја коментирал, попладне после работа ќе ја гледам. Би се задржал на Стилерси оти мислам дека не има неколкумина овде нивни фанови.
Три недели по ред не малтретират до последна секунда:D, не верувам дека така можат и со НЕ. Класичен пример на добар тим со лош тренер. Мислам дека Томлин е само добар во делот со мотивацијата, тактички е тапа. Како може у последен напад да повикува пас игра на втор и трет обид и да им остави тајм аут и пеесетина секунди на Балтимор. Веќе почнаа заебанциите на негова сметка дека само што ќе го види Беличек тој почнува да се дави во пот.
Бел и Браун се во животна форма, Бен така-така, голем хендикеп е тешката повреда на Шазир, но овие Стилерси можат да ја освојат лигата.
Прв тест е во недела, ако успеат да победат и го тргнат комплексот наречен Бил Беличек, тогаш има на што да се надеваме.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Истите глупости со пасовите вчера ги имаа и Долфинс, многу порано требаше да заврши утакмицата само да му ја даваа топката на Дрејк и да го оставеа да троши време, плус гарант ќе дојдеше до некој нов прв даун, страшна вечер имаше, ама не, Катлер сакаше да фрла цело време, па на крај ќе се искомплицираа многу работи да не правеше глупи фаули офанзивната линија на Петси.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.074
Јас го имав, односно компјутерот ми го имаше одбрано Лак бе, го чував до 9 коло :)

Победа врз @Марли во 1/4 финале, најмногу благодарение на Џејк Елиот и Џеред Кук, другите ми потфрлија, ама среќа и нему му потфрлија а и тоа што го оставил и seoski Зик на клупа.

Во полуфинале речиси сигурно ќе изгубам од @BilboBaggins и тоа со поени од Томас, играчот кој го дадов во трејдот за Кем кај него, стопосто

Јебени близу копа кај мене немам 3 дена интернет.

Ред е да честитам, ама криво ми е, во саботата Милер пишуваше дека е квуесчанабл, и го стаев сеоски Зик и прв тим, и после испадна дека Милер е реди ту гоу, и викам ај посигурен демек, и тука го изгубив мечапов.

Со среќа на вас што пројдовте, за нас другиве остануе другата сезона, до тогаш



:icon_lol:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.287
Утревечер Денвер-Колтс ТНФ....најлош рејтинг ќе им има утакмицата :D
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.836
Поени од реакции
23.074
Утревечер Денвер-Колтс ТНФ....најлош рејтинг ќе им има утакмицата :D

Не, и покрај што се срање годинава, овие два тима сеуште се меѓу првите 10 по број на фан базата во Америка, на стара слава нормално.

Ова ќе биде еден од по гледаните ТНФ сезонава.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.287
Не, и покрај што се срање годинава, овие два тима сеуште се меѓу првите 10 по број на фан базата во Америка, на стара слава нормално.

Ова ќе биде еден од по гледаните ТНФ сезонава.
Грешка си :D

Денвер-Колтс имале 6.5 рејтинг.

Послаб ТНФ рејтинг од утакмицава имале само Бафало-Џетс (очекувано), Тексанс - Бенгалс (очекувано) и 49ерс-Ремс (исто очекувано, иако утакмичиште беше ова) (ова само за четврточни утакмици е ме мрзи да ги гледам сите и за МНФ, али приметив една-две и од тие што се бетер)

Најслаб рејтинг сезонава имала Минесота-Кливленд од Лондон (поочекувано од ова не може :D Браунс во Лондон...нормално никој нема да станува рано да гледа :D )

Многу малку екипи има што веќе влечат рејтинзи, мислам сезонава е добра за тоа што ете во идните сезони и Вајкингс, Чифс и сл. ќе може да донесат рејтинзи пошто имаа добри партии. Али да, во право си за тоа дека уште имаат добра фан база да беше побитна утакмицава за плејоф партали би направиле
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Јас го имав, односно компјутерот ми го имаше одбрано Лак бе, го чував до 9 коло :)

Победа врз @Марли во 1/4 финале, најмногу благодарение на Џејк Елиот и Џеред Кук, другите ми потфрлија, ама среќа и нему му потфрлија а и тоа што го оставил и seoski Зик на клупа.

Во полуфинале речиси сигурно ќе изгубам од @BilboBaggins и тоа со поени од Томас, играчот кој го дадов во трејдот за Кем кај него, стопосто
Бива ли бе ваков секс да ми даде Хант кој 10 утакмици го нема никаде? :cenzura:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Бива ли бе ваков секс да ми даде Хант кој 10 утакмици го нема никаде? :cenzura:
Kareeeem is back! :duel:

Доста време беше во лоша форма, прошлиот меч го оставив на клупа, сега не се заебав. Бев помирен дека ќе загубам пошто очекував 10 поени од него и 15 од Гордон, се надминаа двајцата. Сега исто враќање на форма очекувам и од Џорди Нелсон кој пропадна начисто без Роџерс, ама му е омилена мета нему, очекувам ако Роџерс игра на ниво, да има 1 тачдаун пас до Нелсон сигурно. Се двоумам меѓу Деде Вестбрук и Тајлор Локет кој да ми биде третиот ресивер, ќе одам со Вестбрук зашто очекувам Џегз да тепаат лагано со Хјустон, затоа и Бортлес го ставив место Кем на квотер. Иако имам огормна предност, ништо не е готово, пошто моиве играчи или даваат по 20+ поени или имаат едвај по 7. :D

Кога сме кај the bad man, мислам дека Каролина - ГБП ќе биде и можеби со поголема гледаност од Стилер -ЊЕП, ради неговото враќање. Но мислам дека ќе тепа Каролина тесно, премногу се надеваат на Роџерс, а Каролина има добра дефанзивна линија која ќе го напаѓа постојано, не верувам дека во првата текма одма ќе оди он на ризични искачања од покет. Ќе биде светско чудо Пекерс да отидат во плејоф годинава затоа што не само што треба да тепаат све, него треба и тројца од Сиетл, Рамс, Каролина, Детроит, Атланта да загубат по 2 утакмици...

Влегуваме во последните три кола, што значи секое коло ќе биде покољ сеа, вечер има фантастичен распоред за уживање у НФЛ. :kafence:

А за вчера, Лајнс рутинирано со Берс, сабајлево ја гледав снимката од Чифс-Чарџерс. Што да се каже освен да се повторам за Филип Риверс, најмизерниот wannabe елитен квотер, самата фаца кога ќе му ја видиш е ко македонски исселеник во САД кој мисли дека е прејак, а за курац не го бива. Ќе сврзе 2 утакмици мисли дека е прејак и ќе фрли 3 интерсепшна после тоа. Блејк Бортлес е Расел Вилсон за шутраков...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom