Фан клуб : Лина Ѓорческа

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
... ај сега малку посериозно, кога бев јас номинирана и прогласена за спортист на годината имаше поинакви правила, денес е малку поинаку, дали е во ред или не тоа допрва треба да се увиди токму поради вакви пропусти како и за младиот фудбалер што ете прв пат сега слушам за него, но секоја чест...
...на пример,
Град Скопје објавува оглас за избор на спортист на годината, потоа Огласот го објавува Сојузот на спортови на Македонија, кој е технички организатор на манифестацијата, потоа Сојузот на спортови ги собира сите пристигнати предлози и ги доставува до Комисијата за избор на спортист на Скопје за 2017 година...
заклучок?
Комисијата работеше по пристигнатите предлози, во тие предлози на пример го немаше младиот фудбалер Никола Секулов, највероватно пропустот е во фудбалскиот клуб од каде трансферирал Секулов или можеби самата фудбалска федерација ај донт ноу, ама никако како поединец сам од себе Секулов може да ја воодушеви истата комисија со своите резултати, со еден збор комисијата ( тим од 9 члена) не може да гласа ако нема предлог, па макар и од македонските граѓани, затоа реков јас за Лина дека кога победуваше сите бевме горди, сега со повреда ниту ја спомнавме за номинација, а тука се и Перо, Кирил :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ристеска и каратистката имаат повеќе штоф од Лина годинава, Сара полека станува првотимец во вицешампионот на Европа и можеби најдобрата наша ракометарка во моментов. За мажите ваљда не треба да ти објаснуваме, Поп Ацев и Стоилов се светски и европски шампиони.

А ти која си што си била спортистка на годината, Наташа Мешковска?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
... би требало со поддршка на Владата и со инвестициите во спортот ( не знам дали е сега тоа во континуитет, а би требало) , гласот за најдобрите македонски спортисти кои со своите резултати ја одбележаа 2017 година ќе може да го дадат спортските федераци, спортските новинари, стручната комисија при АМС и сите останати граѓани на Македонија преку интернет на веб страната www.sportistinagodinata.mk !
но, би рекла повторно МОРАШЕ ДА БИДАТ ПРЕДЛОЖЕНИ, НОМИНИРАНИ барем од Македонските граѓани овие 2+2 спортисти ...



Перо Антиќ кој со Фенербахче стана Европски шампион



Кире Лазаров кој беше најдобар стрелец на Светското првенство и беше клучен во пласманот на Македонија на Европското првенство во Хрватска.



Лина Ѓорческа која беше во центарот на вниманието на македонската јавност со настапите во квалификациите и освоени три турнири и настап на гренслем-турнирите...



и најдобрата фудбалерката на Барселона за 2017 год, Наташа Андонова,
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
... ај сега малку посериозно, кога бев јас номинирана и прогласена за спортист на годината имаше поинакви правила,
Јас колку што знам, тресење глупости на форум сеуште не е спорт.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
... би требало со поддршка на Владата и со инвестициите во спортот ( не знам дали е сега тоа во континуитет, а би требало) , гласот за најдобрите македонски спортисти кои со своите резултати ја одбележаа 2017 година ќе може да го дадат спортските федераци, спортските новинари, стручната комисија при АМС и сите останати граѓани на Македонија преку интернет на веб страната www.sportistinagodinata.mk !
но, би рекла повторно МОРАШЕ ДА БИДАТ ПРЕДЛОЖЕНИ, НОМИНИРАНИ барем од Македонските граѓани овие 2+2 спортисти ...



Перо Антиќ кој со Фенербахче стана Европски шампион



Кире Лазаров кој беше најдобар стрелец на Светското првенство и беше клучен во пласманот на Македонија на Европското првенство во Хрватска.



Лина Ѓорческа која беше во центарот на вниманието на македонската јавност со настапите во квалификациите и освоени три турнири и настап на гренслем-турнирите...



и најдобрата фудбалерката на Барселона за 2017 год, Наташа Андонова,
Женооооо, Стоилов и Поп Ацев имаат европска и светска титула. Лазаров го сркна од Вардар како поп сарма, која црна Македонија на СП..
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
... те молам, држи си ниво како како главен админ, повели кажи си го твоето мислење, не се ,,дери,, не ме викај ,,женооооооооооо,, и не ме ,,цитирај,,, ...благодарам !
...ќе ја пријавам официјалната веб страница како лажна за Кирил Лазаров! :toe:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
... те молам, држи си ниво како како главен админ, повели кажи си го твоето мислење, не се ,,дери,, не ме викај ,,женооооооооооо,, и не ме ,,цитирај,,, ...благодарам !
Ќе цитирам кого сакам, форумско правило нема за тоа.

Кажи ми сега ти како спортско образована особа, на кој основ Лазаров треба да е пред Стоилов или Поп Ацев?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678
... ако се чита што пишувам, нема да има забуна...
НАПИШАВ, требаше да бидат предложени или номинирани како предлог спортисти на годината Перо, Кирил, Лина и Наташа...тие воопшто не се спомнати, јас не реков дека спортисти Стојанче Стоилов (ракомет), Евгениј Поп Ацев (пливање) не се заслужни,
дали некој слушнал за Берат Јакупи (карате), Енис Барди (фудбал) и Димитар Ѓорѓиев (кик-бокс) ? или Нина Балабан (спортско стрелаштво), Анастасија Богдановска (пливање), Анџелика Митрашиновиќ (кошарка) па сме навивале на ТВ итн...? споредбено со тие што ги именував?
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Абе како може Перо Антиќ да не е номиниран не ме јебете, Евролига освои со Фенер, а и Лина требаше можеби да биде номинирана со оглед на тоа дека имаше доста успешна сезона и беше на чекор од пласман во главниот ждреб на АО.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Изгледа само по еден спортист од еден спорт можат да номинираат, ваљда го сметаат успехот на капитенот на Вардар поголем од успехот на Кире. Лина е 269та во светот, другите номинирани сигурно котираат повисоко во својот спорт. Единствено Перо можеше иако имаше епизодна улога во Фенер.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
http://ipon.mk/шампионот-дејан-георгиевски-имаше-пр/

Еве кој заслужува да ја земе наградата за „Спортист на годината“. Со само 18 години, на деби настап во сениори, освојува титула европски шампион и тоа во олимписки спорт. Дете во кое ако правилно се инвестира и поддржи може да напаѓа медал во Токио.
Кире веројатно е рекордер во освојување на ова признание, најголем македонски спортист на сите времиња, меѓутоа не може секоја година да ја добива иако мислам дека можеле барем да го стават во номинирани. Од понудените, ако Антиќ не заслужува да биде во номинирани затоа што имал мала улога во освојувањето на титулата на Фенербахче тогаш ни Столе не заслужува да биде номиниран за титулата на Вардар затоа што ако се гледа поединечно кој има заслуга за титулата, Столе е меѓу последните во тимот. Можеби го ставаат затоа што освоил титула со македонски тим како капитен за разлика од Антиќ, али сепак штрчи ако го има едниот, а го нема другиот во номинирани. Поп Ацев е шампион во натпреварување каде не настапуваат најдобрите маратонци затоа што се насочуваат на пократка дистанца која е олимписка трка, Поп Ацев таму не можеше ниту да обезбеди норма за учество. Овој кик-боксерот Ѓорѓиев три пати беше светски шампион сега го номинираат како бронзен на истото натпреварување :toe:, иако мислам дека и он еднаш ја има освоено наградава. На Барди доста му беа признанијата од Фудбалската федерација. Каратистов има добар успех али не се споредува со детево во теквондо.
Женскиот спорт во државава е ужасен, било која да ја земе наградата нема направено никаков значителен успех, така да нема да згрешеле ако ја ставеле и Лина во номинирани.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.528
Поени од реакции
34.678


споено две -спортист и убавина, во едно -Лина ! :ljubove:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Ќе игра квалификации за АО или уште е повредена?
Не, нема да игра.[DOUBLEPOST=1515560397][/DOUBLEPOST]
Не, нема да игра.
Фала на одговор, конечно некој да се најде информации за да одговори, а нема само да бара теми за расправии на форумов (y)
Повеќе членови како тебе фалат на форумов (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom