Работа на брод

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Тончи чисто информација зошто некои што го имаат STCW и ги поминале Вашите обуки претходни договори со други компании мораат пак да ги поминуваат? Не е малку глупо тоа?
Добро утро Warmaster, доколку веќе си присуствувал на обуките, не треба да плаќаш, но треба да присуствуваш затоа што има разлики од компанија до компанија. Регрутерите од различни компании имаат различни преференци.
Така да рифрешерот е поприлично потребен.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Тончи пиши за позициите и платите

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Повелете листа со позициите за ова интервју и основните плати.

BAR
Resort Deck Attendant - 800
Wine Steward - 2015

ENTERTAINMENT
Lighting Technician - 2000
Sound Technician - 2000
Video Technician - 2000
Broadcast Manager - 2500
Stage Manager - 3000

HOUSEKEEPING
Hotel Utility / Custodial - 767
Asst Stateroom Steward/ess - 1645
Stateroom Steward/ess - 2060
Asst Chief Housekeeper - 3160

RESTAURANT
Cafè Attendant - 1100
Asst Waiter/ess - 1650
Waiter/ess - 2150
Head Waiter/ess - 3000

SHORE EXCURSION
Shore Excursions Staff - 2215
Asst Shore Excursions Manager - 3615

STORES (МАГАЦИНИ)
Storekeeper - 1100
Hotel Storekeeper - 1108
Bottle Keeper / Asst Prov Master - 1108
Provision Master - 2451
Inventory Manager - 4251

GALLEY (КУЈНА)
Asst. Cooks - 1010
Assistant Butcher - 1310
Assistant Pastry - 1308
Asst. Baker - 1308
Cooks - 1310
Baker - 1830
Butcher - 1915
Kitchen Steward - 2152
Chef de Partie - 2700

GALLEY MANAGEMENT
Sous Chefs - 3500
Chef de Cuisine - 5798
Executive Souschef - 7174
Executive Chef - 10500
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846




Сер Ричард Брансон влегува на круз пазарот со Вирџин Војаџес :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Да, да... ова ќе биде интересно. Досега не сум видел волкав интерес во индустријата за нова компанија.
Мислам дека веќе имаат примено едно 10.000 цв-ња од разни луѓе :) Ќе биде интересно да се види какви ќе им бидат операциите.
Однапред можам да кажам дека ќе бидат стриктни во селецијата како ниту една друга компанија :)

Како ќе биде за работа, ќе видиме од 2020та натаму :)
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Веројатно shoreside менаџментот им е скоцкан уште пред да стане сево ова јавно, се шушкаше уште пред година дена за Брансон само за приватни резидентни крузери, не знам дали кај нас има инфо за овој тип на бродови, меѓутоа со оглед на тоа што се работи за еден од најсупешните претприемачи тоа да биде де лукс клиентела как целна група.

Финкантиери го гради бродот, последно бев во бродоградилиштето нивно во Монфалконе, околу месец дена, за брод исто, Капетанот и сениор офицерите и менаџментот се таму сигурно година дена пред пуштањето на морски проби,според мое искуство така да веројатноста е голема и тие да се скоцкани, како и да е мислам дека помина сево ова без многу помпа а пријатно ќе изненадат. Посебно со тоа што досега ги најавуваат и како еколошки најчисти крузери.

Едно е сигурно, ќе соберат крем де ла крем од екипажите од другите компании, ако не ќе има доста зголемување плати да се задржат:)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Кај Вирџин Хеад Офис менаџментот им е бифши Дизни Круз Лајн.
За да направиш најдобра компанија на брод, укради ги вработените од најдобриот.
Како човек што помина работејќи 3 години на Дизни бродови можам да претпоставам што ќе има на нивните бродови.
Со сигурност ЌЕ НЕМА ДЕЦА. :)[DOUBLEPOST=1511461950][/DOUBLEPOST]Додека сум на темава да пишам дека NCL бара луѓе за следните позиции:
- Casino Dealers
- Asst. Maitre' D
- Wine Stewards
 
Член од
27 ноември 2017
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво на сите.

Темата ја прочитав цела од почеток до крај и се надевам дека ќе ми помогнете вие поискусните кои веќе сте работеле на брод.
Не видов многу коментари од женски кои работеле на брод да споделат искуство, па секој совет и мислење од секого е добредојдено.

Прво, бидејќи ја прочитав темата од почеток (а тука има искуства од 2008 год.), имам впечаток дека ситуацијата сега е малку поинаква од порано на брод.
Ако некој има време, искуство и енергија да ми каже неколку зборови околу овие промени и разликите ќе бидам многу благодарна.

И конечно, аплицирав за позиција Slot Attendant на NCL. Во темата нема ни еден напишано искуство за оваа работа, но верувам дека сите од вас кои сте биле на брод сте запознале некој кој ја работел оваа работа па сте слушнале искуство, па би ве замолила да ми пренесете.

Исто така, знам дека секоја компанија е различна и секој брод е различен во истата, но сепак сакам да слушнам ваше мислење за NCL, бидејќи за таму чекам.

Нема да ве замарам со прашања колку саати се работи, колку кошта патот и останатите трошоци до укрцавање, колкави се платите, дали ќе можам да шетам, колку пара гаќи да носам и сл.

Конкретно ме интересираат ваши совети за мене како женско кое прв пат ќе оди на брод и секако не може ни да замисли како е таму. Неколку зборови за работата како Slot Attendant (од тоа што сте виделе или слушнале), предности и слабости.

Малку сум уплашена од се што прочитав во темава и за секој збор и совет кој ќе го одвоите за мене ќе ви бидам многу благодарна.

Поздрав до сите.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
@Sophie* добредојде на темава и честитки што ја прочита темава од скоро почеток до крај :)
Верувам дека ќе биде морнар од тебе.

NCL е мошне коректна компанија која нуди сосема фини услови за работа.

Брод е специфична средина, или ќе го обожаваш тој животен стил или ќе го мразиш. Не пиша колку години имаш. Но и без тоа најбитното е дека односот мажи:жени на бродовите е негде 4:1 но тоа не значи дека ќе бидеш третирана како кралица само затоа што си женско.

Слот атендант е поприлично посакувана позиција поради начинот на кој се распоредени работните часови (Во портови си слободна освен ако нема дрил или нешто инцидентно).

За крај да пишам дека на форумов освен Маја што работеше на Карнивал нема друга девојка која што пишувала. Дали ти ќе бидеш втора која што ќе пишува за своите искуства? Очекуваме во следната епизода на Кајгана Круз Лајн :)
 
Член од
27 ноември 2017
Мислења
4
Поени од реакции
1
@Sophie* добредојде на темава и честитки што ја прочита темава од скоро почеток до крај :)
Верувам дека ќе биде морнар од тебе.

NCL е мошне коректна компанија која нуди сосема фини услови за работа.

Брод е специфична средина, или ќе го обожаваш тој животен стил или ќе го мразиш. Не пиша колку години имаш. Но и без тоа најбитното е дека односот мажи:жени на бродовите е негде 4:1 но тоа не значи дека ќе бидеш третирана како кралица само затоа што си женско.

Слот атендант е поприлично посакувана позиција поради начинот на кој се распоредени работните часови (Во портови си слободна освен ако нема дрил или нешто инцидентно).

За крај да пишам дека на форумов освен Маја што работеше на Карнивал нема друга девојка која што пишувала. Дали ти ќе бидеш втора која што ќе пишува за своите искуства? Очекуваме во следната епизода на Кајгана Круз Лајн :)
Секако дека ќе го напишам моето искуство доколку го стекнам.

А за женски-машки поделбата, не мислев на тоа дали ќе ме третира некој како кралица туку суптилно можда ви дадов комплимент на вас мажите дека сте физички поиздржливи, што не мора нели да значи.

Ме интересираше како девојките околу вас на брод се "справуваа" со целата ситуација.

Прашувам бидејки малку ме исплашија некои коментари во темава од типот "работа на брод е борба со лавови", "секој гледа да те намести", дека многу луѓе не можат да издржат во таа средина и слично.

Затоа и ви се обратив за по некој совет бидејќи гледам имате доста искуство на брод а јас за жал не познавам никој што бил.

П.С. Што се однесува до твоето прашање Тони, 25.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Убава позиција е slot attendant, повеќето компании своите казина ги издаваат на концесионери, колку шо знам Players club или нешо слично беше името на компанијата шо ги има казината низ повеќето компании.

Еве @Tonchie ти напиша дека работите исклучиво додека бродот е во меѓународни води, исто како и гифт шоп, со исклучок на неколку пристаништа, ама 90% од поротовите сте слободни за шетање.

Staff members сте, и шо значи добра позиција со солидна плата ќе видиш дури кога ќе стигниш таму, досеа сум сретнал една скопјанка казино хост беше, една велешанка ама со бугарски пасош на твоја позиција и постар Охриѓанец казино супервизор, шеф, има уште двајца над него асистент казино менаџер и казино менаџер.

Сино небо и мирно море, многу среќа :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Идеална возраст за одење на брод.
Борбата на лавови ја имаш во оддели како ресторан посебно на бродови каде што нема доволно опрема. На нормални компании имаш од се доволно и плус резерва така да не мора да криеш филџани за кафе за да не ти ги украде асистент келнерот од соседната станица и слично.
Казино е сосема поинаква средина, помалку стрес од колеги.

И НАЈБИТНОТО: Немој да се враќаш дома коа ќе паднеш во депресија првиот месец. 90% од вработени паѓаат во депресија првиот месец. Оние 10 што нема да паднад во депресија првиот месец, паѓаат вториот. Животот на брод е синусоида, иде нагоре па надоле, само малку поинтензивно отколку животот на копно.

Ова што го спомна Клин дека си стаф, не знам што привилегии има стаф на НЦЛ, никогаш не сум работел на НЦЛ, тоа најдобро може да одговори @kazanski тој беше фотограф на таа компанија :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom