Општи вело муабети, прашања, совети

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
:pos::pos:
Ќе пробам со седиштето да видам дали има разлика.
А за ова регулацијата нагоре - мислиш со додатни спејсери за хед сет или стем со аголна ротација?!
Спејсери најверојатно, зависи каков волан имаш.

Бајк фит не е заебанција ако сакаш да возиш на подолго. Летово бев до италија и назад со точак, по 8-9 саата возење на ден. Пред да тргнам бидејќи земав нов точак, 3 недели го штелав за да ми биде се таман. Ако нешто почне да те боли после еден саат замисли после 8 како ќе ти биде.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ајде некој патилец и подобро упатен да каже решение за трнење на дланки. :unsure:
Честопати кога возам го имам тој проблем после само извозени 10-тина км. Чувствувам дека цел притисок од возењето паѓа само на рацете а претежно возам асфалт, на рамен терен или терен со мали/средни елевации. Мислев првично дека воланот ми е мал па го сменив, од 600мм преминав на 740. Стемот е 10цм а седлото за неколку степени наведнато надоле, нели, поради поудобна вожња и простата. За мојата висина (187цм) во "теорија" ми одговара големината на рамот на велосипедот што го имам. Се работи за 26R MTB 52цм ... е сеа, top tube е 55цм(мислам дека можеби тука лежи проблемот) зошто кога ќе се истегнам убаво во аеродинамична позиција, минимум уште +-10 цм понапред може да е воланот.
Можеби и инерцијата од накосеното седиште ме влечи нанапред, незнам....
Менување со нов велосипед или алтернатива нешто со стем со регулација на агол, рогчиња за воланот или нешто слично?!
Како што ти посочи @ficdogg, аголот на седиштето е проблемот. Поради аголот се лизгаш напред, и бегаш од оптималната позиција на вртење педали. Бидејќи телото природно сака да се врати во оптималната позиција, туркаш со дланките сакајќи да се вратиш назад. Комбинирано со дополнителната тежина на дланките поради „газот за украс“ (прекрасна фраза, пофалби кон фицдог за истата), се создаваат болки и трнење на дланки.

„Неколку“ степени е многу широк поим. Седиште се мести од +1.5 степен до -1.5 степен, во зависност од телото. Ако земеш васер-вага/либела и апликација на телефон за мерење агли, и почнеш од 0 степени, додека стигнеш до 1 степен ќе видиш забележливо навалување на седлото надоле. Ако идеш „неколку“ степени, тоа е више опасно по здравје :)

Доколку не ти е удобно седиштето и во оние граници на толеранција од плус/минус 1.5 степен, барај си друго седиште (по можност со централен отвор).
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Го поставив седлото (Selle Q-bik) како што треба и тестирав на 50км тура. Да ви кажам - одма подобрување.
Почна трпнењето дури по 15-тиот км и не престана :D

Ипак ме влечи дека не е до тоа и дека најверојатно должината на top tube не ми одговара.
Не би да вложувам во ново седло или други инвестиции во велосипед кој ретко го возам вон сезона и што не планирам уште долго да го имам, бидејќи во блиска иднина најверојано ќе преминам на 29R,хибрид или Роуд бајк.

Во секој случај фала ви на одговорите, пожелно е човек да ги знае (y)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Чек ја дури сега капирам дека возиш МТБ.
МТБ не се баш за на долги стази затоа што имаат само една позиција на рацете, немаш простор за мрдање. Пробај стави рогови ако имаш да позајмиш од некој, и мењај позиција на рацете од време на време, исто и земи ракавици знаат да прават разлика. Јас на турата тргнав со мтб волан со рогови ама додека не земав ракавици имав проблем со трнење, кога стасав во црна гора, малиот и домалиот прст на левата рака не си ги осеќав, си земав ракавици и после немав толку проблем. Инаку ова на роад бајкот никад ми се нема случено, STI шифтери се закон :D

Исто добро би било да ги одмориш рацете една недела, па да пробаш пак. Чим викаш дека има одма подобрување, може скроз да ти помине откога ќе ги одмориш малку. Но сепак ако сакаш да фураш долги стази, зимај роад и не се мисли.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Член од
4 ноември 2016
Мислења
15
Поени од реакции
5
Луѓе на роуд бајк со алуминска рамка и со задна карбонска вилушка се појави тенка пукатина на бојата баш каде се спојуваат алуминиумот и карбонот дали е рамката дефект или е нормално поради самата спојка?
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Луѓе на роуд бајк со алуминска рамка и со задна карбонска вилушка се појави тенка пукатина на бојата баш каде се спојуваат алуминиумот и карбонот дали е рамката дефект или е нормално поради самата спојка?
Јас немам искуство со карбонски рамки, ама доста сум читал и сите се согласуваат на еден легитимен тест по кој се познава дали пукнатината е само во бојата или оди подлабоко:
- земаш метална паричка и почињаш со тапкање 15тина сантиметри пред пукнатината, со секое тапкање приближувајќи се кон самата пукнатина. Звукот треба да е конзистентен од почеток до крај, вклучувајќи и на самиот дефект во рамката. Луѓе што се разбираат пишуваат дека ако пукнатината е подлабока од бојата, звукот ќе е забележително различен, како на видеото подоле. Ако продолжи со ист тоналитет, качувај се и вози (и ако ти смета козметички, санирај го).

Пушти и некоја слика ако не те мрзи. :)
 
Слика ненам бидејќи сакав да го кипам велосипедот и на лице место приметив
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000

Знае некој како се викаат овие стегичкиве мали за фаќање на кабли?
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412

Знае некој како се викаат овие стегичкиве мали за фаќање на кабли?
На англиски се викаат c-clips, на македонски се викаат везици за кабли :D зошто чисто сумњам дека некој држи вакви за продажба (можда Номад, глеам доста модерна продавницата им е).
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
На англиски се викаат c-clips, на македонски се викаат везици за кабли :D зошто чисто сумњам дека некој држи вакви за продажба (можда Номад, глеам доста модерна продавницата им е).
C-clips, тоа е зборот што ми фалеше. Фала ти. Веќе нарачав од нет, не се ни трудам да побарам овде. :)
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
C-clips, тоа е зборот што ми фалеше. Фала ти. Веќе нарачав од нет, не се ни трудам да побарам овде. :)
Зошто не ги врзеш со пластичните стеги како сите останати?
Има причина зошто ретко кој ги користи овие поготово на MTB, многу лесно губат цврстина после некое време, се шират и паѓаат.

За сите што имаат потреба, или некоја антика во подрум и малку среќа

https://www.facebook.com/modusbike/photos/a.1529601070613558.1073741828.1513114725595526/1980933455480315/?type=3
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Зошто не ги врзеш со пластичните стеги како сите останати?
Има причина зошто ретко кој ги користи овие поготово на MTB, многу лесно губат цврстина после некое време, се шират и паѓаат.
Врзани ми се со обични стеги. До сега ми се имаат неколку пати скинато. Па мислев овие да не се подобри. Барем поубаво изгледаат, обичните се грди. Ќе ги пробам, па ќе пишам здравје.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Каде е сликано ова? Ми личи познато местово.
Ако си возел низ гостиварскиот регион, можда и познато ти е. Ова е пат за село Долно Јеловце, има и ресторан Конак во селото.

Опасен сегмент, 3.9 километри со просечен успон од 8%. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom