Фирми за внатрешно уредување во МК

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ме интересира каква репутација имаат фирмите за внатрешно уредување кај нас. Кои се посаглам, колку наплаќаат и на кој принцип работат.

Конкретно за мене, треба да уредам простор од околу 150-60 квадрати е сега дури јас трчам по мајстори и изигравам дизајнер, се решив да барам фирма што ќе го изведе сето тоа, нормално ако имаат прифатливи цени.

Ако може некој да ми направи груба пресметка за толкав простор колку би ме коштало, од ѕидови преправање, нов под (ламинат), нова дограма, мебел, маржа за изведувачот итн. Да не биде ептен скормно ама ни ептен луксузно (пр сваровски лустери :) )
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Не можам да ти направам проценка ама можам да ти препорачам едни млади и креативни дечки што мене ми помагаат во уредување :) Повели нивна (оскудна) веб страна http://www.smartliving.mk/ и фб https://www.facebook.com/pages/Smart-Living/339991702691700, лоцирани се на Ленинова. До сега сум задоволна од нив, се трудат да ти погодат според буџетот, можеш да ги исконтактираш :)
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Пробај да побараш некоја од овие
http://www.sezadomot.com.mk/ostanati kategorii-dizajniranje na enterieri.htm

Мој совет е дека ќе ти излези скапичко така посебно ако ти ги изведува работите некој. Во просек само уредување од дизајнер на дом чини околу 8 евра квадрат што ти иди некаде 1200 евра за твојава квадратура.
Мое мислење е да си ангажираш дизајнер кој би ти помогнал во изборот на материјали, да ти даде контакти од мајстори, да ти распореди елементи, инсталација за струја и вода, совет околу избор на бои, керамика, ламинати, избор н мебел и побитно да ти го направи просторот функционален, додека изведувањата би си ги надгледувал ти.
Си викам дека тогаш ќе најдеш дизајнер за по 4 евра од квадрат.

Еве мои предвидување за твојот простор

Градежен мајстор за корекции на одредени позиции и преправање на зидови- 500 евра
Во 160 квадрати простор имаш околу 500 квадрати молерај по 5 евра од квадрат би те чинело 2500 евра.
Нова дограма би чинела за толкав простор околу 3000 евра и тоа со тројно стакло. (ова лупам сега без врска, сепак треба да се види што сакаш)
Инсталација на струја ако немаш би те чинела околу 1500 евра
Инсталација на вода околу 600 евра
Плочки за кујна, ВЦ, купатило, тераси, окапници за прозорци (околу 1500 евра со м онтажа)
Кошулица за ламинат со стиропор 800 евра (8 евра квадрат мислам дека)
Ламинат јас би ти препорачал од Квик Степ по цена од 590 ден. квадрат втора класа. Со се убави лајсни и монтажа некаде 1300 евра би излегло.
Кујни, хај фај комоди, трпезариски маси, спални соби се неблагородна работа за предвидување од причина што зависи од тебе.
Внатрешни врати со се кваки би требало да имаш од 8 до 10 по цена од 180 евра квадрат со се солидна квака (1500 евра грубо).
Надворешна врата 300 евра
Фрлање на шут 200 евра
Не ми текнува ништо друго во моментов...прави сега есап :D
 
И мојата груба проценка беше тука некаде, струја и вода има донесено (живеам во станов) ама сепак ќе има трошоци пошо се наново ќе се преправа.

Се мислам дали да ги преправам постоечките врати или да барам нови, ќе им треба стружење, лакирање и нови кваки и лајсни ама сигурно ќе ме фати упола поевтино.

Ламинат ќе ми треба за 70 квадрати некаде простор, неколку соби имаат добар паркет од порано само да се прелакира.

Како и да е, не би требало повеќе од 15.000евра да фати ама сакам финишот да го работи соодветна фирма за ентериер пошо несакам да утнам тука.
 
nozo.mk

Ultras Karpos Boys
Член од
6 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
18
Гледам темава е подзаборавена. Некој да сподели искуство што го добил во меѓувреме со некоја од македонските фирми ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom