Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Убаво е човек да е безгрижен, прост, глуп, необразуван, неинформиран.........., затоа што така си среќен. Од многу памет, размислување што како ќе биде, само главата знае да боли и да бидеш под континуиран стрес:coffee:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.821
Досадно е кога е викенд, ако е работен ден со душа чекаш викенд, кога ќе дојде викенд не знаеш што со себеси од досада, ако излезеш ќе пиеш, ќе потрошиш еден куп пари, другиот ден цел ден ќе ти биде лошо, ај дома ќе седиш, ама па ако седиш дома нема што да правиш, поминало време дури размилуваш за ова, дошло време за на работа, стануваш, идеш на работа и едвај чекаш викенд да дојде.
 
Ф

Флеш

Гостин
Денеска сефте прв неработен ден,зш сефте напуштив .....Купив пиперки,измив,испеков на плин,изљупив пуно,фрлив ѓубре,еве фати 22 часот,а станав во 9ч ...А моиве родители уште ми коментираат дека не сум работел ништо,сум седел само .....o_O Ајде сфати
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.374
Поени од реакции
42.567
Да ти се пофалам, се закелнерив пред некој ден. :D


Не е лошо, се уходив веќе, дури денеска и нозете не ме болеа... само 2 утакмици по ред на Јунајтед не сум испуштил кој знае од кога.. :( Се надевам наредната недела ќе ми се погоди распоредот бар ЛШ да гледам. xD
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Пред некое време приквечер додека го шетав кучето со глава полна маки и нервози, поминувам пред една зграда и гледам две девојчиња дечиња, да речеме некое второ одделение, си седат на клупа со ранците и си играат, се шалат, едноставно уживаат во детството. Во тој момент на глас си реков колку е убаво да си дете. Толку невин, толку безгрижен, а не како сега, организам кој е изложен постојано на канџите на општеството. Ме фати носталгија, си реков колку ми фали да бидам дете, па дури и се би направил за повторно да бидам дете. А кога бев дете едвај чекав да пораснам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom