Денес само што ми стигна пратка од Асос. Системот функционира, но како што и очекував, го има проблемот за кој што зборував. Еве за што се работи:
На веб-страницата на Асос имаш број на порачка -
order no. Еве исечок од мојата порачка од самата страница:
Кога ќе кликниш на
TRACK ORDER, ти излегува ова:
Бројче за пратење нема. Се работи за обична пратка.
Ова е поштенската налепница од пратката што ми стигна:
Како што и најави Македонска пошта, на овие пратки им лепи налепница со нивен баркод со број за пратење (тоа што е најгоре). Под тоа се наоѓа бројот на порачката од Асос, а па најдолу се наоѓа баркодот од поштенската налепница од Асос.
Е сега тука настанува проблемот. Мак. пошта го зема тој број од баркодот најдолу и со тој број можете да ја барате пратката на страницата на поштата. Но тој број, ние како нарачател го немаме никаде во порачката на самата страница и немаме увид во него сѐ дури не стигне пратката. А пак со бројот на порачката не можете да барате.
Еве екран од системот на поштата:
Значи кога ќе го внесам бројот на баркодот од поштенската налепница, тогаш излегува резултат со бројот за пратење од мак. пошта... супер, одлично, тоа си функционира.
Но кога ќе го внесам бројот на порачката од Асос, тогаш нема никаков резултат:
Значи, хипотетичка ситуација:
1. Имаме порачано обична пратка, без број за пратење.
2. Пратката не е стигната (касни, изгубена, украдена).
3. Сакаме да провериме што се случува.
4. Нема начин како. Го немаме бројот од баркодот на поштенската налепница.
Мислам дека сега се разбираме.