Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Здраво!
Ме интересира каде кај нас можат да се купат тарот карти по можност Rider-Waite-Smith шпилот и ме интересира во кои книжари можат да се набават книгите на Кроули за чии преводи претпоставувам се "виновни" луѓето што пишуваат на оваа тема и на темата за Телема,па затоа и се обраќам овде.Однапред благодарам на одговорите!Поздрав!
Може и по книжарите по Скопје да провериш, како и препродавачите на книги покрај кеј... сигурно има.

Во „Универзитетска библиотека“ - Скопје има, само не знам дали дозволуваат изнајмување или за читање таму... :)
 
Ровад

Анксиозен пациент и филозоф
Член од
28 август 2017
Мислења
15
Поени од реакции
44

Фала на одговорите.Ќе ги нарачам онлајн ми се гледа како најдобра варијанта а гледам дека имаат и тарот карти.Јас сакав пред се да ја нарачам "777 и други кабалистички списи" поради тоа што ме интересира кабалата и таротот,но морам да признаам дека сум тотален почетник и лаик,така да не би ми шкодел ниту некој совет од каде да почнам.Што друго од огромниот опус на литература на Кроули е за почетници?Ме збунува и уште нешто,гледам дека на купикнига 777 има 300 страни а таа што ја имам спуштено на англиски се само табелите и има некаде околу 65 страни.Има нешто дополнително во оваа или табелите се развлечени на 300 страни?
 
Интернет изданијата на книги постојат исто како MP3 музиката - да видиш што има основно, не многу квалитетно, па ако ти се допадне - да ја набавиш целата книга со фусноти, додатни есеи, додатни објаснувања... затоа и е дозволено да постојат истите за да може да ги симнувате.

Македонскиот превод ги содржи сите табели (со + колони, поврзани со арапската философија) и секоја колона на крајот на табелата е објаснет секој ред, зошто и како и има есеи за бројот, што е кабала, го има на почетокот „Воведот“ во „Разоткриена Кабала“ на Метерс и како додаток ја има Liber D (речник на еврејски зборови подредени според бројна вредност) :)

За Телема и Кроули може да се започне со било која книга ако никогаш ништо не си читал.

  • „Законот е за Сите“ - тоа се коментари на „Книгата на Законот“ од страна на Кроули. Единствени коментари преку кои може да се споредуваат нашите индивидуални истражувања во однос на „Книгата на Законот“ со истражувањата на другите без да се нарушат правилата од Liber AL vel Legis svb figura CCXX од коментирање на Законот пред други.
  • „Магика без Солзи“ е за сериозно проучување која има премногу референци кон други книги (лесно достапни на нет) за да се долови суштината на секое писмо и темата која ја обработува. А темите се Магика, иницијаторни системи, кабала, астрологија, објаснувања за искушенијата, философија за моралот, етика, Законот на Телема...
  • „Магика, Книга 4“ е стручна литература и во неа има се она за кое што Кроули зборува во другите книги, бидејќи многу од темите во оваа книга се премногу обемни и за да се разберат правилно се создадоа други есеи собрани во книги. :)
  • „Liber 777 и други кабалистички списи“ е обична книга со референци кон многу различни системи. Доброто разбирање на сите симболи од таа книга е од голема помош за секој што се заморува со церемонијална магика... Сите симболи се испреплетуваат меѓу себе и лесно е да се изгради сешто преку нив.
  • „Препород на Магиката“ се есеи за секакви теми. Ако те интересира Кроули како философ :)

ivop

Актив
Член од
15 декември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
49
Фала на одговорите.Ќе ги нарачам онлајн ми се гледа како најдобра варијанта а гледам дека имаат и тарот карти.Јас сакав пред се да ја нарачам "777 и други кабалистички списи" поради тоа што ме интересира кабалата и таротот,но морам да признаам дека сум тотален почетник и лаик,така да не би ми шкодел ниту некој совет од каде да почнам.Што друго од огромниот опус на литература на Кроули е за почетници?Ме збунува и уште нешто,гледам дека на купикнига 777 има 300 страни а таа што ја имам спуштено на англиски се само табелите и има некаде околу 65 страни.Има нешто дополнително во оваа или табелите се развлечени на 300 страни?
Овде можеш да порачаш.
https://www.facebook.com/sk.tarot/
 
Ровад

Анксиозен пациент и филозоф
Член од
28 август 2017
Мислења
15
Поени од реакции
44
Овде можеш да порачаш.
https://www.facebook.com/sk.tarot/[/QUOTE
Фала на одговорот,но јас веке ги порачав од купикнига каде што го продаваат Rider-Waite-Smith шпилот.Овие овде на линкот како што разгледав го имаат само шпилот од Марсеј.
 
ivop

Актив
Член од
15 декември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
49
Фала на одговорот,но јас веке ги порачав од купикнига каде што го продаваат Rider-Waite-Smith шпилот.Овие овде на линкот како што разгледав го имаат само шпилот од Марсеј.
Е да. Само малку се поскапички овие од купикнига (дупло) :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Е да. Само малку се поскапички овие од купикнига (дупло) :)
Парите немаат многу вредност кога се работи за овие ствари :)

Кроули зборува за оваа магиска пракса и кои се импликациите од истата во „Магика без Солзи“ (не се сеќавам кое писмо, не е до мене книгата).
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595

  • Секоја индивидуа во суштина е доволна на самата себе. Но, таа е незадоволна со себе, се додека не воспостави правилен однос со Универзумот.
  • Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби. Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
  • Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
  • Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора да изгледа така.

- Писмо од Кроули до негова пријателка и Сестра во Редот во врска со Магиката,
извадок од „Магика без Солзи“, А. Кроули
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Еден мал извадок од коментар на Кроули на „Книгата на Законот“, коментарот е дел од познатата книга „Законот е за Сите“.

"It is unnatural to aim at any goal.
The student is referred to “Liber LXV”, Cap. II, v. 24, and to the “Tao Teh King”.
This becomes particularly important in high grades.
One is not to do Yoga, etc., in order to get Samadhi, like a schoolboy or a shopkeeper; but for its own sake, like an artist.
New Comment to Liber Legis
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595

„Спиритуализмот и Христијанската наука, кои се или измама или блеф или погрешно толкување на фактите, се раширија низ сиот англо-саксонски свет, бидејќи не постои вистински критички дух кај полуписмените. Меѓутоа, ние не би сакале нашите лаборатории да бидат преплавени со новинари и љубопитни шарлатани; ние работиме со суптилни сили; нашата умствена обука е поинтензивна од која било друга наука во светот.
Јавната рамнодушност и лековерност ни одговараат совршено.
Рекламата може да ни користи само за изнаоѓање на нови членови; но ние имаме начин за да ги изнајдеме и без никаков јавен публицитет.
Од друга страна, ние не ги криеме нашите методи и резултати; но само правиот човек може да ги открие.“

--- Месечево Дете, А. Кроули ( достапна на македонски јазик 2017г. )
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
Сакале или не, Христијанската Наука и Масонството имаат големо влијание врз езотерискиот препород на Западот.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.595
Сакале или не, Христијанската Наука и Масонството имаат големо влијание врз езотерискиот препород на Западот.
Исто како што денешните луѓе кои „имаат моќ да гледаат и помагаат на луѓето“ што им се полни собите со икони така и христијанската наука направи препород, посебно во езотериските ствари со тоа што луѓето велеа: да христијанин сум ама ете богот ме нападна па пишувам за алхемија, кабала итн итн:) Ми се допаѓа литературата што ја читаш... христијански мистицизам, скоро па ништо колку еврејскиот мистицизам!
Сето тоа е заради луѓето да не се заморуваат со нештата, да се лековерни и рамнодушни како што пишува и погоре...

Да кажеше дека тајните окултни организации, кои се заморуваат со сите „забранети науки“ од страна на христијанските цркви и апологети, ја турнаа мрачната догма на христијанската наука и почнаа јавно да зборуваат за науката (која и те како се чува и денес во тајност од луѓето иако сите гракаат за таа наука) да те разберам... кое масонство и како извршило големо влијание врз езотерискиот препород? Кои масонски автори во своите книги зборуваат за таа езотерија а да не е само философирање и прераскажување едни исти сказни од стариот завет?
Кога започнува тој „езотериски препород“? После 1900 година? :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.282
Од аспект на Христијанството, Христијанската Наука нема многу заедничко со Христијанството (името можеби само), а нема ни со науката. Јас многу, многу, не ја ценам Христијанската Наука. Но, факт е дека има влијанија врз тоа што го наведов.
Речиси сите основоположници на разни правци и школи од западниот препород, биле или тврделе дека биле/се масони.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom