Јас имам три возрасни мачиња и неколку мали, но и веќе една недела кај мене иди мачето од комшијата. Тој искрено и не го рани добро па покрај моите мачки му давам и него. Морам да почнам вака, диво маче бепе, жилаво, само трчаше, се шуткаше негде, а денес го забележав кога си дојде дека оди како без волја, му ја измив главата онака да се свежни, му турив нова вода и се напи, јади нормално, колку претходно ама не се тепа да стигни до храната, ама зошто е и најмало му давам настрана да не го тепаат големите. Проблем е што комшијата скоро никогаш не е тука и страв ми е да не нд го забележи мачето и да не не реагира, за старт и не реагира доволно ни за основна нега. Па јас сепак ќе го известам него уште денес, само ме интересира да прашам дали вака можи да е од жешкото или нешто друго? Како да го негувам? Другите мачиња играат, трчаат, се туркаат, а ова сака само да лежи, ќе оди ќе касни малку, ќе се напие вода и ќе си легни пак или евентуално ќе си оди дома.