Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Денес ми се случи нешто што веројатно требаше да го доживеам дваесетина години порано... Улетана со електричен точак(да, и електричен знам да возам сега) се обидов да избегнам кола што возеше на тротоар(веројатно товареше нешто претходно), удрив во задниот дел на колата и квалитетно треснав на земја. Возачот и луѓе наоколу се стрчаа да ми помогнат, јас сва збуњена лежам во агонија, ама храбро се дигнав и ги тешев сите наоколу. :icon_lol: Среќа немаше скршеници или посериозни повреди, само што изгледам како жртва на семејно насилство. Најинтересно е што во оние неколку секунди додека паѓав единствена мисла ми беше само да не се повредам посериозно, за да можам да си го остварам патувањето.
 
L

Löwe

Гостин
Мене стварно ми е јасно дека радоста е навистна голема кога ќе ти се роди второ машко дете, ама никако не ми е јасно која е потребата истиот настан да се прославува во 2 по полноќ со песните ТУЃА СИ БЕСКРАЈНО, АХ КАДЕ Е МОЈТО ЛИБЕ, ЖАЛ ЗА ДЕСПИНА и слично.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.496
Поени од реакции
80.563
Како не ги пуштија по грешка сите епизоди на ГОТ, барем немаше да замараат луѓево со серијава до крај на година. Давеж еј...

П.С. @Емкаа не се однесуваше постов специјално на тебе :icon_mrgr:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Спортистиве, најконкретно Вардар, се гордоста на Македонија. Оваа година спортските успеси мислам дека ги надминаа политичкиве срања. Бар малку политикава да се повлече од земјава, Македонија ќе цвета:coffee:
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.606
Поени од реакции
12.390
Драга, се појави нов стенд ап комичар на сцена. Овој е инженер што „ ПРОГРАМИРАЛ во Ворд Прес “. :ROFLMAO: Колку само гордо го кажа ова пред соба полна луѓе
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
ДК

Ја читам статијата за труење во 7-ца и си викам ја сјебале работата овие.

После тоа го читам текстот и гледам дека уствари превентивно ја затвориле ама инспекцијата не нашла ништо.

Доколку испадне на крај дека нема докази дека потеклото на труењето е од 7-ца јас би го тужел порталот и сите останати кои пренесуваат информации со вакви bait/сензационалистички наслови.

П.С Во 7-ца можеби еднаш пред 5 години имам влезено и реално ич не ми е гајле али ме нервираат вакви статии кои избрзуваат со заклучоци и би можеле да уништат нечија репутација.

П.С2 Новинарската етика во МК = апсолутна нула
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Прв пат го гледам клипот како возрасна.
Владо продава сладолед на деца, облечен у елек шо си го купил у Тајланд, додека снимаше спотови на Патаја. Покварен свет, јеби га. Или ја имам покварен ум.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Разбирам и вкус и се ама дајте бре више преку таквото од српскиов шљам звани Саша Ковачевиќ, Сергеј Четковиќ, не знам кој :mad: во државава загаден си од тој жанр, нема мрдање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom