Докажете дека Бог не постои!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
1. Господ е машко
2. Господ не љуби
3. Северина е женско
4. Северина вика дека денес не постојат мажи што знаат да љубат
5. АКО Северина е во право И господ е машко ТОГАШ Господ не постои
6. Жените се секогаш во право
7. Заклучок: Господ не постои
 
Член од
13 август 2017
Мислења
14
Поени од реакции
1
1. За да докажеш нешто дека не постои, прво треба да е докажано дека постои.

2. Докажете ми дека Зевс(или било кој друг од илјадниците Богови во светот) не постои, па ќе го искористам вашиот метод. :angel:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
1. Господ е машко
2. Господ не љуби
3. Северина е женско
4. Северина вика дека денес не постојат мажи што знаат да љубат
5. АКО Северина е во право И господ е машко ТОГАШ Господ не постои
6. Жените се секогаш во право
7. Заклучок: Господ не постои
шеската ти е неточна и ти ја руши цела теорија
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
шеската ти е неточна и ти ја руши цела теорија
Не, не, никако. Жените се секогаш во право. Ај да закачам алишта и да направам ручек ќе образложам.
 
D

Daedalus

Гостин
1. За да докажеш нешто дека не постои, прво треба да е докажано дека постои.
Те молам, елаборирај ја оваа длабока мисла поподробно.

Можда мислеше, прво треба да се докаже дека е можно да постои или дека постоело некогаш?
 
Член од
13 август 2017
Мислења
14
Поени од реакции
1
Те молам, елаборирај ја оваа длабока мисла поподробно.

Можда мислеше, прво треба да се докаже дека е можно да постои или дека постоело некогаш?
Лош превод беше на веќе постоечки "quote" од англиски.
Поентата беше дека никогаш и не е докажано дек бог постои, за да јас докажам дека не постои.
 
Ако е некогаш докажано дека постои, постои и нема што да докажуваш дека не постои.

Тоа што сакаш да го кажеш е дека, товарот на доказот паѓа на тој што тврди дека постои, а не на тој што не верува у неговото постоење.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Ако е некогаш докажано дека постои, постои и нема што да докажуваш дека не постои.

Тоа што сакаш да го кажеш е дека, товарот на доказот паѓа на тој што тврди дека постои, а не на тој што не верува у неговото постоење.
А-ха! А окапито?
 
Кажав што кажав, не мораше да објаснуваш што "сакав да кажам".
Кој сфатил, сфатил.
 
Член од
18 јули 2017
Мислења
43
Поени од реакции
8
Ова е најретардираниот наслов што досега сум го прочитал.

Товарот на докажување лежи на верниците. Вие тврдите нешто, но бидејќи нема рационални вистинити научни докази негледам причина да верувам. Јас небарам причина да неверувам, туку немам причина да верувам.

Ако имам една кутија, некој човек ќе дојде и ќе ми каже дека во кутијата има мачка, ја отварам кутијава а таа е празна, кој треба да докаже дека има сега мачка во кутијава, јас или тој што сеуште твди дека има мачка во неа?
"Само треба да веруваш, не ти требаат докази"
 
Само у случајов со Бог, никој ја нема отворено кутијата за да види дека е празна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ова е најретардираниот наслов што досега сум го прочитал.

Товарот на докажување лежи на верниците. Вие тврдите нешто, но бидејќи нема рационални вистинити научни докази негледам причина да верувам. Јас небарам причина да неверувам, туку немам причина да верувам.

Ако имам една кутија, некој човек ќе дојде и ќе ми каже дека во кутијата има мачка, ја отварам кутијава а таа е празна, кој треба да докаже дека има сега мачка во кутијава, јас или тој што сеуште твди дека има мачка во неа?
"Само треба да веруваш, не ти требаат докази"
Кон болдот; верниците имаат доволно докази, веќе изнесени, а има и рационално-научни докази, така се чини дека ем доцниш, ем бараш докази за кои самиот не знаеш дека постојат.

Ако тргнеме од црковниот став дека Бог Творецот нема ништо заедничко со своите творенија, тогаш твоеото барање за „научи докази„ за постоењето на Бог, станува смешно. Сигурен сум дека не можеш ниту да замислиш како би требало да „изгледаат„ тие „научни докази„, иако постојните и достапните, го наведуваат човековиот разум на заклучок дека и Светот, како и секој од нас, с(м)е створени а не случајни битија.
 
Како прво, едуцирај се што е тоа абиогенеза,хемиска еволуција и биолошка еволуција за да дознаеш како настанал човекот толку комплицирано суштество.

Како второ, жилетиве нека зборат:

Жилетот на Окам: Кога ќе се постават хипотези, хипотезата со најмалку претпоставки се користи.

Жилетот на Хичкенс: Се што може да се тврди без докази може да биде разрешенo/одбиено како вистинито без докази.

Жилетот на Алдер: Ако на нешто неможе да се направи експеримент или да се набљудува нема причина да се верува/дебатира.

Стандард на Сеjган: За необични тврдења треба необични докази.

Е сега би те замолил да ми ги покажеш доказите за Господ. И не ми користи аналогии, метафори и логички грешки.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom