Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
22 ноември 2010
Мислења
18
Поени од реакции
1
Другари кај може да се најде низ Скопјево минерално масло за хидраулични кочници од Шимано.Однапред фала за одговорот.
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Која е разликата од обични кочници и овие на диск? Ми треба некој „трекинг“ точак. Ќе возам по асфалт веќинома. Не знам, некако не сум многу убеден дека мора да земам со диск. КТМ вака како марка какви се?
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Која е разликата од обични кочници и овие на диск? Ми треба некој „трекинг“ точак. Ќе возам по асфалт веќинома. Не знам, некако не сум многу убеден дека мора да земам со диск. КТМ вака како марка какви се?
КТМ како велосипеди се одлични. Во скоро сите модели вклучуваат повисока класа на кочници, главини, преноси (предни запчаници) и слично, додека другите производители повисоката класа ја користат само во оние извиканите делови како менувачи и шалтери.

За разликата во кочниците, има доста разлики, побитните ќе ги набројам подоле:

- V-brake кочниците се поефтини за одржување. Гуртничките за тие кочници се по 200-400 денари за сет, зависи од квалитет, и сајли по 50-100 денари. Хидрауличните диск кочници имаат поскапи плочки, користат или DOT хидраулична течност или минерално масло за кочници и потребно е знаење за менување на таа течност. Ако го немаш знаењето, треба да платиш на некој што го има.
- Хидрауличните диск кочници имаат многу подобра модулација во кочењето, и се значително помоќни од V-brake од иста класна поделба. На пример Shimano Deore хидрауликата кочи значително посилно, и има значително повисока модулација на силата од Shimano Deore V-brake.
- Диск кочницата кочи на - многу нормално - диск, додека V-brake кочи по самиот обрач на тркалото, и со тоа ѕидовите на обрачот се трошат по што мора да се замени (ова се прави на доооолги километражи, но сепак е потенцијален трошок кој е доста повисок од само менување на дискот кај другиот тип кочници).

Тоа се од прилика главните разлики меѓу овие два типови на кочници. Ако забележуваш, ги избегнувам механичките диск кочници (со сајла) бидејќи според мене се тотално промашена инвестиција во велосипед. Единствено би оправдал купување на велосипед со механички диск кочници, доколку во многу блиска иднина е планирано надоградување со хидраулика. Многу лесен и едноставен процес, додека V-brake на хидраулика транзицијата е доста поскап процес и често неисплатлив.

Финална пресуда: хидраулични кочници препорачувам на секој што може да ги дозволи при купување, но и V-brake се прифаќа се додека се избегнуваат механичките диск кочници.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Дали некој бил и знае каде има продавници за велосипеди и велосипедски делови во Солун?
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Дали некој бил и знае каде има продавници за велосипеди и велосипедски делови во Солун?
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Имаат доста битна разлика во групата, особено најефтиниот и најскапиот. Shimano Acera е една класа над најниската кај брендиран Шимано производ, додека деловите со кои е комбинирана кај најефтиниот точак се буквално најбуџет верзиите што постојат од Шимано. Кај најскапиот, Деоре комбиниран со Ацера е сосема солидно комбо за трекинг, ако под трекинг подразбираме лесно сервисирање и лесно наоѓање на резервни делови. :) Бонус кај најскапиот се и нормално кочниците. Другото се согласувам дека е идентично, баш ги чешлав спецификациите на сите три, и освен кочници, група и гумите, се останато е идентично
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
Земи си KTM Life Track Disc M и ќе се дружиме :)
Ќе зимаш од кај нас? Праша во КТМ дали ги има моделите за кои си заинтересиран?
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Земи си KTM Life Track Disc M и ќе се дружиме :)
Ќе зимаш од кај нас? Праша во КТМ дали ги има моделите за кои си заинтересиран?
Во Словенија живеам од тука ќе земам. Ги има моделите и утре ваљда ќе земам го земам тој од 450. Ќе поминам и до Giant да видам да не имаат некој добар попуст, мислам дека се поквалитетни :icon_mrgr:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
159
Поени од реакции
74
Во Словенија живеам од тука ќе земам. Ги има моделите и утре ваљда ќе земам го земам тој од 450. Ќе поминам и до Giant да видам да не имаат некој добар попуст, мислам дека се поквалитетни :icon_mrgr:
Види и Specialized Crosstrail ако има...

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Член од
14 мај 2009
Мислења
159
Поени од реакции
74
Земи го KTM Life Track.Кај него само механичките дискови не ми се допаѓаат инаку е подобар за 50€ плус од Crosstrail-от.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.325
Ќе ми објасните зошто не ви се допаѓаат механичките дискови?
Онака, дали сте користеле и хидраулични и механички и дали навистина можете да почувствувате некаква разлика? Нормално, освен онаа во цената за одржување (која кај хидрауличните е далеку повисока).
 

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ќе ми објасните зошто не ви се допаѓаат механичките дискови?
Онака, дали сте користеле и хидраулични и механички и дали навистина можете да почувствувате некаква разлика? Нормално, освен онаа во цената за одржување (која кај хидрауличните е далеку повисока).
Класична механичка диск кочница со помош на сајла ја придвижува само едната страна на клештата, што значи дека едната плочка е статична додека другата се движи,. Поради тоа, потребно е често да се штелуваат кочниците со цел да задржиш оптимален bite-point.
Хидрауличната кочница ги придвижува двете страни од клештата, и кога плочките се трошат, воопшто, или многу малку се забележува на рачка.

Друго, силата на механичката кочница во голем дел зависи од силата која ти можеш да ја произведеш со твојата рака. И тие кочници имаат механизми за boost на внесената сила, но при продолжено кочење на долги спустови, раката навистина се изморува дури и кај хидрауликата, а не па кај механиката.

Има механички кочници кои се многу добри, и единствено тие би ги препорачал, но воопшто не се ефтини. Ќе ви ги пуштам подоле:

TRP Spyre mechanical disk brake:
https://www.merlincycles.com/trp-spyre-disc-brake-63801.html
Ова е механичка кочница која има клешта слична на хидраулична кочница - двете страни од клештата се придвижуваат. Одлична механичка кочница, најдобра на пазарот, но по доста висока цена.

AVID BB7 mechanical disk brake:
http://www.wiggle.co.uk/avid-bb7-mtb-disc-brake/
Најдобрата класична механичка диск кочница. Сосема коректна цена за нова клешта, иако јас тие пари би ги потрошил на половна хидраулика.

Бонус на ова се добар сет на рачки за кочење, препорачливо од производителите е да се спарат со рачки од истиот бренд, што е дополнителен трошок. Ваквиот сетап ќе кочи одлично, на ниво на можеби ниско-средна класа на хидраулика. Но, пак ќе треба да се штелува почесто, што мене навистина ми смета иако обожавам сам да чепкам на моите велосипеди.

На кратко, тоа е тоа од моја субјективна гледна точка. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom