Најслободна, либерална религија

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Можеме ли воопшто да издвоиме една религија која е најлиберална за своите верници!?

Прашањето ми произлезе од читање на постовите на Ипси и Абрахас, единствените телемити кои ги познавам т.с.кои ги читам на форуми, единствените пропагатори на телемата...па дали е телемата навистина најлиберална религија како што они ја воздигнуваат??
Имам чуено дека индиските религии биле најслободни...што мислите вие?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Дали воопшто знаеш од каде произлегуваат религиите?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Шинто (Ками но мичи), Конфучијанство, Таоизм и така некои далечно азиски религии. Индиските религии генерално не се баш слободни.
Еве на пример Будизмот се дели на Теравада и Махајана. Теравадата е по традиционална и поограничувачка во некој поглед, и се пректикува воглавно во Шири Ланка и на југот на Индија, додека Махајаната е послободна во своите убедувања и од неа се пројавила Ваџрајана како форма. Исто така успеале да се пројават форми на Зен Будизам како и Ничирен и Џоудо-шу форми во поново време кои се измешала со “домашните„ религии.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Ајде просто ке ти одговорам, религиите произлегуваат од колективните верувања на луѓето.
Ќе пробам уште поедноставно да објаснам.
Главен фактор во нивно постоење се човековите промени... тој доживува повеќе трансформации кое ние го нарекуваме растење.
Нели, се раќа, тој е бебе.. па доживува преобразба и се исправува на своите нозе, расте и се менува, до свјата смрт, и секоја преобразба е со своја посебна каратеристика.

Тие телесни/духовни промени кај луѓето создаваат верувања и религии.

Пробај самата според особините на бебе одреди која религија или филозофија одговара, за старецот имаш преставник тука, тие нели се глава на семејството, најискусни, најмудри, "богатството" го кријат...и сл.
Сите тие духовни поединци содржани во еден човечки живот се богови.
Христијанството на дете, исламот на пубертетот.. источноте филозофии на бебе.. бела и не испишана книга. Тајните друштва се старецот - искуство и знаење.
Има уште едно тоа е она кога е човек уште не роден во утробата на жената. Тој е најголемиот ѕвер.

Сите други се со различни нијанси, но на секој можеш познавајќи ги човековите промени да одредиш во која група спаѓа, тоа се оние седум цркви ,а подоцна и како глави на ѕверот кој се спомнуваат во откровение.

Секој од тие духови сака да постои, а постојат преку религиите и филозофиите. Тие живеат.

Така да секој човек според семејните верувања му се позиционира духовниот степен иако и тоа не е правило, па може да се препознае во друго и да промени.

Се произлегло од човек.. и ниту една религија без друга не може да постои, бидејќи го преставуваат човековиот развој од своето раѓање до своето умирање.
Може со тек на време да постојат под друго име, но основата не ја губат, но никогаш неможе да постои само една мора да се сите промени.

Која е по либерална... тоа е повеќе политичко прашање, а не духовно.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
најлиберално е паганството. Немаш свети книги, го прифаќаш постоењето на сите други вери и нивни богови, немаш ограничувања во јадење пиење облекување, имаш прекрасни празници исполнети со пијанки гозби и оргии
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Ако сакаш вистинска слобода што бараш религија?
Незнам која слобода за тебе е вистинска, морална, духовна или физичка!?

Лично за мене значи, не барам слобода, туку ги прашувам познавачите на религиите што се присутни тука на овој форум, која религија дава најмногу слобода, човекот да се чувствува човек.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
најлиберално е паганството. Немаш свети книги, го прифаќаш постоењето на сите други вери и нивни богови, немаш ограничувања во јадење пиење облекување, имаш прекрасни празници исполнети со пијанки гозби и оргии
И јас сум за !
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Незнам за вас, јас барам религија без пекол. Ако има таква некоја, конвертирам одма!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Задоволен што барате слобода во се и што имате потреба од слобода... :love:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Ликуваш нешто или така ми се чини:coffee:
:zloo:
Ликувам... не ти се чини... колку повеќе луѓето бараат слобода и искуство - толку помалку ќе има власт било каква догма!
Догмата мора да умре! Било каква догма!

Догмата е ропство за духот... калап во кој што секој мора да се собере за да „не биде казнет“ според будалите наследници на големите иницијанти кои заради неукост или користољубивост се обидоа да ги профанизираат тајните кои овозможуваат иницијација и напредување!
Нека бидат проклети - си ја добиваат казната од нивните завети!
Божественото е како природата - не е праведно, но е секогаш точно!

Наместо да удрите кои закони и правила ги има по разните религии помеѓу луѓето и како тоа оди со било каква слобода, темава ќе премине во кошкање помеѓу исти луѓе... едните кои не наоѓаат ништо полезно во догмата, верувањето и ограничувањето на индивидуата и од друга страна луѓе кои бранат догма, кои се закануваат „преку богови“(кои не постојат за другите од првиот табор) и казни :)

И велиш во првиот пост „дали Телемата е најслободната религија денес како што тој и тој ја воздигнува“. Ти се прашуваш за Телема, во смисла ја истражуваш и студираш? Уште еден твој сарказам и потреба да се зајадуваш со Телемити?
Не ти е паметно тоа...

Па ти не презираш тука... ти си старо-еонско чедо кое се пали на муабетите од чичко Пајсиј или старец Никодим како жената мора да го слуша мажот дури тој да и нареди да оди по трње!
Какво воздигнување, какви се овие твои размисли - не знам. Што жена си ти, која знаејќи за Телема, бараш да носиш шамија на главата? :D
Мислам, што имаш толку потреба да веруваш дека си грешна во однос на нешто што е бесконечно?
Како?
Не ми се допаѓа твојата неодлучност и сакањето да се седи на два стола... посебно не ми се допаѓа твојот провиден сарказам :)
Внимавај, некои велат дека огледалата имаат очи ;)

Сигурно тој @Ipsissimus или Абраксас од Црно-Бело форумот зборувале, заедно со мене насекаде дека мора сами да истражите и да видите Телема како Закон на Новиот Еон што ќе ти понуди и на духот и на телото!
Инаку ете вака ќе зборуваш зајадливо „ја воздигнуваат тие и тие Телемата“...
Тоа се луѓе кои го живеат Законот, го споделуваат со вас и треба малку да научете што ви се зборува... за да не доаѓа до вакви муабети...

Што научи ти за Телема и дали мислиш дека нуди (или не) апсолутна слобода во однос на божественото и земското на Земјата, со максимална одговорност заради таа своја слобода?

Никој ништо не воздигнува... само „ве присилуваме“ да научете што е Телема и дали е компатибилна во овој ваш живот на оваа проклета планета!
Ако не е, ништо страшно... немаме богови кои ќе ве распнуваат и казнуваат, немаме свештеници кои ќе ви фрлаат анатеми :D
Тоа е стариот еон!

И сега, христијанствотo и исламот нудат слобода или не?
После смртта, во присуство на богот... слобода во пеење вечно литании... а ако не е твоја волја да пееш, туку да се вратиш на Земјата и го оправиш човештвото? Како во „Фрабато, Магичарот“ од Франц Бардон? :)

Што и јас ви расправам не знам, кога се си знаете... слободни сте.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.941
Незнам која слобода за тебе е вистинска, морална, духовна или физичка!?

Лично за мене значи, не барам слобода, туку ги прашувам познавачите на религиите што се присутни тука на овој форум, која религија дава најмногу слобода, човекот да се чувствува човек.
Мислиш понизно и мизерно битие, така нешто е човекот кај религиите, истиот си се теши дека се што не може да си објасни или да реши е поради волјата на госпо и истата не смее да се преиспитува, моралните вредности мора да ги почитува поради стравот од казната божја, а не затоа што тоа е дел од човечноста.
Ако сакаш слобода не ти треба религија.[DOUBLEPOST=1501016931][/DOUBLEPOST]
Незнам за вас, јас барам религија без пекол. Ако има таква некоја, конвертирам одма!
Па и не е толку лош пеколот де, таму се оргиите и земските задоволства, ќе ти скисни во рајот од билбили, цвеќиња, полјани, ваљда и веган ќе те тераат да станиш :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom