Здраво, ја па назад во темава
Ја имам ретардиран вкус така да не ме рачунајте како релевантен, али да си кажам мислење за трејлериве што излегоа деновиве.
Тор 3 - Ептен хумор бе... што не е лоша работа кога ќе го гледам филмот пошто comedy genius е режисер...али напнува малце Марвел со хумор во напнати ситуации. Ипак верувам ќе се згазам од смеење на филмот, и изгледа нешто како што легитимно ептен ќе ми се допадне, супер визуелно изгледаше (реално можда најдобар Марвел филм од визуелен аспект ќе биде ова) изгледа напнато а и Халк вс Тор изгледа нема на крај на филм да биде туку на старт така да не се знае ништо многу од приказната. Ја сум во максимално малцинство што Тор 2 го има како еден од топ5 омилени MCU филмови така да...ќе видиме...
ЏЛ - Ок, од ДЦ фанбој за универзумов полека станувам скептик. Не знам ни како да го опишам ова што го мислам али не ме импресионираше трејлерот...пак тие стандарнди ДЦ бои и очигледни гринскринови...башка изгледа пак причата ќе биде испоизмешана како БвС....а и овдека малце форсиран хумор изгледа.... ипак, нели само трејлер е ама... после само 3 филма ми станува досадна формулава на ДЦ. Сепак, само трејлер е, али очекувам филмов да има очајни критики..... ама гајле ми е секако за оценките, мене СС ми е топ така да..
Infinity War - Добро ова е ептен од чуден агол трејлер и не е фер да го оценувам
Шо знам, ништо посебно не е откриено од трејлерот што е ок, не знам што да очекувам. Пак тој Марвелов концепт за трејлери со хумор во првиот дел од трејлерот и напнати моменти во вториот... ќе видиме што ќе биде, секако мене Марвел ме импресионираат со вториот трејлер него ли со првиот за повеќето филмови
Не знам, можда superhero fatigue ме фаќа, али трејлериве не ме возбудуваат веќе. Секако филмовите ќе ги гледам така да...
Kingsman изгледа факинг хајп доу!!!! Криво ми е Колин Фрт што ќе се врати пошто хејтам кога се враќаат мртвви ликови али фак јеа! И да немаше втор дел филмов ќе ми беше мило али...не можам да кажам што не се радувам на сиквелот...иначе базиран е на стрип иако не е суперхеројски па затоа го спомнувам
Oд трејлериве за серии Gifted не ми фаќа око али не ни изгледа лошо така да ок ќе пројде ваљда. Inhumans:...не знам некад ќе се гледа али неам мислење никакво пошто не ни знам многу за нив. Дефендерс изгледа кул стандардна солидна Нетфликс/Марвел серија што криво ми е што не скокаат на следното ниво иако имаат потенцијал за повеќе од солидни да бидат. I'm on board за тоа секако.....
Исто и видов трејлер за Arrow...и лол бе, како има уште луѓе што го гледаат ова
И така...да не пропуштив нешто?