Tour de France: 2017

Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Денеска беше добра етапа. Мислам Барде да победеше ќе беше подобро али тоа е тоа.

Мислам дека најголем губитник денеска е Кинтана (не го сметам Контадор оти он веќе е за во пензија). После второто место во 2013 се очекуваше досега да има освоено бар една ТдФ ама целосно разочарува (иако беше двапати на подиум). Очигледно е дека експериментот со Џиро-Тур целосно потфри па да година треба да оди Тур-Вуелта. А со издигањето на Думулан, Ару и Барде може во иднина да се очекува да се дизајнира ТдФ со етапи кои повеќе им одговараат нив. А и Мувистар се жива катастрофа. Ај шо падна Валверде ама цел тим е катастрофа. Буквално никаде ги нема што е срамота за тим со толкав буџет...

Барде и годинава покажува колку голем потенцијал е. Одличен спусташ и мислам дека може да му направи најголеми проблеми на Фрум. Штета што не е подобар хронометраш. За Ару мислам дека не требаше да нападне кога Фрум бараше нешто од возилото ама ако веќе нападна требаше да оди до крај а не да чека. А во еден момент видов дека не успеваше да го следи Фрум на брдото па очигледно е дека тешко ќе му биде да ја држи трката неизвесна. Исто на крај не знам зошто Астана му помогаа на Фрум да го стаса Барде. Тоа беше задача на жолтата мајца ама они веројатно веќе се откажале од првото место и се борат за подиум.

А за Скај не се чудам што не се толку јаки. Мислам дека доколку другите тимови напаѓаат повеќе може да го изолираат Фрум. Ова беше случај и минатата и оваа година. Само во 2015 тимот беше прејак (со Полс и Порт). Инаку ако Саган го исфрлија од тркава и ова треба да се истражи: https://twitter.com/lionelbirnie/status/884058385246801923 Вака да те буткаат и на крај да му помогаш :facepalm:

Пријатно сум изненаден и од враќањево на Уран по две години. Штета што не е добар хронометраш како порано. Можеше сека да биде и во жолтата мајца.

Во моментов топ 10 пред првиот ден одмор:
1 FROOME Christopher 1 TEAM SKY 38h 26' 28''
2 ARU Fabio 51 ASTANA PRO TEAM 38h 26' 46'' + 00' 18''
3 BARDET Romain 11 AG2R LA MONDIALE 38h 27' 19'' + 00' 51''
4 URAN Rigoberto 188 CANNONDALE DRAPAC PROFESSIONAL CYCLING TEAM 38h 27' 23'' + 00' 55''
5 FUGLSANG Jakob 53 ASTANA PRO TEAM 38h 28' 05'' + 01' 37''
6 MARTIN Daniel 105 QUICK - STEP FLOORS 38h 28' 12'' + 01' 44''
7 YATES Simon 89 ORICA - SCOTT 38h 28' 30'' + 02' 02''
8 QUINTANA Nairo 21 MOVISTAR TEAM 38h 28' 41'' + 02' 13''
9 LANDA Mikel 6 TEAM SKY 38h 29' 34'' + 03' 06''
10 BENNETT George 162 TEAM LOTTO NL - JUMBO 38h 30' 21'' + 03' 53'
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461

Па уште му се извини после туркањето, демек ненамерно :) Барде и Ару се страшни потенцијали, веројатно и идни освојувачи на ТДФ. Французиве немале одамна ваков квалитет, мора да го уклопат у појак тим и да инвестираат у тим граден околу Барде.[DOUBLEPOST=1499616632][/DOUBLEPOST]
Фрум крева рака, Ару користи прилика и напаѓа, иначе не го чекаа затоа што сакаа туку зашто никој не излезе на смена на Ару, зашто се виде дека немаат сила уствари за напад.Прегледај го приврзокот 174030
Почеток на брдото беше, како може да немаат сила а имаа сила да ги следат нападите на Фрум 5 км погоре кога напаѓаше? Башка Фуглсанг што имаше напад и им се издвои на 30 секунди (откако беа стигнати од Фрум) Сакаш да кажеш дека немал сила Фуглсанг на почетокот, а доби сила километар погоре? Едноставно го чекаа, Ару и Астана може не, ама другиве со сигурност добија порака преку тимско радио да чекаат, што е вистинска глупост според мене. Квар, пад, никој не ти е крив... Шо не го чекаа Дан Мартин коа се искрши по спустот и он е топ 5 у генерален пласман.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Ару бараше смена, кога започна бегот ама никој не излезе пред него, значи имаше намера да избега ама не можеше. А нападите на Фрум не беа напади за да избега тука само да се одбрани од следни напади (на некој начин да ги измори да не напаѓаат).
Китана не е комплетен возач, на 2 хронометри ќе изгуби по една минута а и на вакви спустови каде треба да иде сам на 10км губи пак минута така да оваа година нема шанси да освие (по 100 пат кажувам).
Останува најверојатно Ару како главен конкурернт на Фрум. Ма да ќе видиме по денот за одмор како ќе се вратат, Барде и тука некаде се заокружува конкуренцијата за победа.
 
M

MD_

Гостин
Доминација на Кител и денеска, 5та етапна победа годинава и сега може да „одмара“ наредните денови ќе има уште 2-3 шанси за етапни победи до крајот сигурно
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Доминација на Кител и денеска, 5та етапна победа годинава и сега може да „одмара“ наредните денови ќе има уште 2-3 шанси за етапни победи до крајот сигурно
Кител начека село без кучиња (без Кевендиш и Саган) и секоја рамна етапа си ја лапна.
Од утре почнуваат планиниве, да се надеваме дека нема да разочараат Ару и Барде.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ми падна криво за тој шо го стигнаа на 400 метри пред крај, среќа си лапна Combativity award ама прекрасно ќе беше и да победеше. Само уште некој километар плус да се влечеше на тие од бегот...

Кител има нога - столб. Иако село без кучиња, како што рековте, пред крајот на етапата воопшто не се влечеше зад своите колеги туку почна да спринта од отворена позиција - и победи. Доста импресивно :)
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334

Денешнава етапа. Се надевам дека Контаодор или Кинтана ќе се обидат да нападнат уште на Port de Bales (оти секако веќе нема што да изгубат). Барде очекувам да нападне на спустот а би требало етапата да му одговара и на Ден Мартин. Штета Фуглсанг вчера што падна (можеа да имаат добра стратегија Астана со Ару). Сепак би требало да биде интерсна етапа.
 
Се откажа Фуглсанг? :eek:
Не гледав вчера ама не прочитав такво инфо.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Не е можно шо се дешава со повредиве...
Фрум го изгуби Томас,
Кинтана - Валверде
Ару - Фуглсанг
И како бонус уште фалеше Порт.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334

Фабио Ару ја превзема жолтата мајца:) Првпат Фрум да ја изгуби (освен во 2015 на етапа кога ја зема Тони Галопен) што може да значи дека ја нема формата од претходините години. Ако имаше порано напади може ќе изгубеше и повеќе време Фрум.

Инаку етапата беше досадна се до последните 300 метри (дури и на коментаторов му се здосади од Скај и првпат да видам индиректно да ги обвини Скај за допинг:icon_mrgr:). Сепак на крај мило ми е за победата на Барде. А и Ланда на крај си возеше за себе (нешто слично ко во времето во Астана кога не сакаше да му помога на Ару). Изгледа на крај на сезоната ќе оди во Мовистар.

Утре истотака е брдска етапа па да видиме каква стратегија ќе имаат тимовиве (веројатно би требало да се обидат да го откачат Фрум). Ару Фрум Барде и Уран би требало да биде битката сега.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Контадор во бег напред.. :bravobe: Има уште 58 км, ама ајде ѕверу издржи да се пензионираш барем со етапен триумф, заслужи!
Ланда е со него напред ама за него јасно е дека ќе го чека Фрум.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Ако фрум не се чувствува добро, Ланда можеби е нов лидер на Скај.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Ако фрум не се чувствува добро, Ланда можеби е нов лидер на Скај.
Во никој случај нема да го отпишат Фрум на 13та етапа.
5 минути да касни пак ќе биде прва опција пред сите други во Скај.
 
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Очигледно дека нема ништо од чекањето. Ланда си вози за себе. Му требаат уште 30 секунди за жолтата мајца.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom