SCP Foundation

The_Master_NeptuNE >:D

Таканаречен космополит
Член од
15 јуни 2014
Мислења
250
Поени од реакции
159
Незнам дали е мит или вистина, ама е језиво у пм. У главно, таканаречената SCP Фондација (SCP Foundation) е организација, за некои непостоечка, и кратенката SCP стои за "Secure, Contain, Protect" или во превод, "Надгледува, Содржи, Заштитува". Самото име сака да каже дека всушност оваа огранизација има со цел да го заштити човештвото од индивидуалци, субјекти, локации и објекти кои се спротиставуваат на законите на физиката (наречени SCPa). У главном, SCP Фондацијата е тајна организација којашто стреми кон тоа да изучува и открива индивидуалци, субјекти, локации и објекти коишто ако не се изучени и вдомени од организацијата можат да претставуваат закана кон луѓето, или во најмала рака, да го нарушат мислењето на луѓето за нормален свет. Постоењето на SCPа е чувана тајна од организацијата за да се спречи паника и хаос меѓу човештвото, и за да се дозволи на човештвото да функционира нормално.
Примери за SCPа:
- SCP-087: SCP-087 е скалило што се чини дека оди надолу засекогаш. Скалилото е населено од SCP-087-1, што е опишано како лице без уста и нос.
-SCP-173: Хуманоидна статуа направена од арматура и бетон којашто е статична кога се гледа од одреден агол, но ги напаѓа луѓето коишто го тргаат директниот поглед кон неа.
-SCP-1171: Куќа чиишто прозорци се секогаш кондензирани; со пишување на нив, возможно е да се комуницира со паранормални суштества/објекти.

Ако имате ваши мислења или повеќе информации на оваа тема, пишете.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.271
Поени од реакции
22.544
Jaс прво мислев да не се некоја организација што ги ревидира новите научни истражувања во склоп со официјалната наука. Ревизија што вршат врз астрономијата,физиката,биологијата,еволуцијата,историјата,генетиката,медицината ...
 

The_Master_NeptuNE >:D

Таканаречен космополит
Член од
15 јуни 2014
Мислења
250
Поени од реакции
159
Jaс прво мислев да не се некоја организација што ги ревидира новите научни истражувања во склоп со официјалната наука. Ревизија што вршат врз астрономијата,физиката,биологијата,еволуцијата,историјата,генетиката,медицината ...
Nope
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Се работи за колективно фиктивно дело - како википедија за гротескното, бизарното и морбидното. Иако користат урбани митови како референтни точки кога градат нови фајлови за додавање во архивата, најчесто сите креации се оригинални. Како и Википедија, секој може да напише ново entry или да апдејтира веќе постоечко, но разликата со Википедија е што тука администраторите на сајтот заедно со некои пореномирани придонесувачи ги одобруваат или одбиваат содржините и додавките.

Не знам зошто ништо немаш ставено горе како слика или линк, па еве овде е веб страната, а вака изгледа нивното лого:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom