A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.537
Момци, било кој пакет на телекабел(оптика препорачливо, зашто е екстра цената) или уште подобро neoTrio пакет од Неотел(3 услуги). Само тука имате неограничен интернет без тие фер услуги, успорувања и такви финти. Навистина лош потег на Вип со оваа, ама тоа е, им се може.
Им се може и ќе им се може најдоцна до крајот на 2020 година, бидејќи дотогаш би требало сите урбани подрачја низ Македонија да бидат покриени со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а сигурно и Телекабел работи на случајот за нивната оптичка телекомуникациска мрежа исто така да биде масовно распространета низ урбаните подрачја низ Македонија до крајот на 2020 година.

Најдоцна после крајот на 2020 година, или Македонски Телеком или Телекабел ќе понуди пониска месечна претплата за оптичкиот Интернет - најверојатно Телекабел, бидејќи Македонски Телеком не се познати по намалување на цените на месечните претплати за нивните услуги - а на Вип ќе им остане или да ги намалат цените на услугите, или да понудат поквалитетни услуги, бидејќи со Македонски Телеком можат да си истераат профитерски бизниси како дуопол, но со Телекабел како трет независен играч со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа ќе си имаат проблеми.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Им се може и ќе им се може најдоцна до крајот на 2020 година, бидејќи дотогаш би требало сите урбани подрачја низ Македонија да бидат покриени со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а сигурно и Телекабел работи на случајот за нивната оптичка телекомуникациска мрежа исто така да биде масовно распространета низ урбаните подрачја низ Македонија до крајот на 2020 година.

Најдоцна после крајот на 2020 година, или Македонски Телеком или Телекабел ќе понуди пониска месечна претплата за оптичкиот Интернет - најверојатно Телекабел, бидејќи Македонски Телеком не се познати по намалување на цените на месечните претплати за нивните услуги, а на Вип ќе им остане или да ги намалат цените на услугите, или да понудат поквалитетни услуги, бидејќи со Македонски Телеком можат да си истераат профитерски бизниси како дуопол, но со Телекабел како трет независен играч со сопствена оптичка телекомуникациска мрежа ќе си имаат проблеми.
Ехе, ама ТК и Телеком имаат оптика поставено и нудат и за приватни корисници. Овие од Вип ископаа ставија ама нема да приклучуваат приватни корисници на оптика. Зошто навистина не ми е јасно и башка аплоуд брзините им се тапа во однос на Телеком, Телекабел и Неотел. Само ме интересира што ќе прават Вип, бидејќи сите овие други идат под земја (оптика) само Вип тераат со тоа FTTC, па после обичен надземјен кабел. Таман кога видов дека копаат до мојата зграда се израдував и си реков дека ќе поврзуваат на новата мрежа и сите оптика ќе имаат кога го прашав работникот ми кажа се копа и се става, но нема приватни корисници да се приклучуваат :pusigo::toe:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.083
Поени од реакции
8.130
Момци, било кој пакет на телекабел(оптика препорачливо, зашто е екстра цената) или уште подобро neoTrio пакет од Неотел(3 услуги). Само тука имате неограничен интернет без тие фер услуги, успорувања и такви финти. Навистина лош потег на Вип со оваа, ама тоа е, им се може.
neotel ima ogranicuvanje od kaj toa nemale ?
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
neotel ima ogranicuvanje od kaj toa nemale ?
Во ТРИО ОПТИК пакетите немаат, гарантирана е 25/25 во 95% од времето во 1 месец. Доколку користиш само интернет имаат политика на фер користење.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.083
Поени од реакции
8.130
Во ТРИО ОПТИК пакетите немаат, гарантирана е 25/25 во 95% од времето во 1 месец. Доколку користиш само интернет имаат политика на фер користење.
Da da ova sega bas go gledam vo pravo si
Kaj mene Dracevo nema optika od telekom nz ovie neotel preku sto odat
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Da da ova sega bas go gledam vo pravo si
Kaj mene Dracevo nema optika od telekom nz ovie neotel preku sto odat
Мислам дека и тие на Телеком се шлепаат ама земи го ова со резерва. Најдобро е да си се јавиш во контакт центарот, ќе ти кажат дали постои можност или не.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.537
Ехе, ама ТК и Телеком имаат оптика поставено и нудат и за приватни корисници. Овие од Вип ископаа ставија ама нема да приклучуваат приватни корисници на оптика. Зошто навистина не ми е јасно и башка аплоуд брзините им се тапа во однос на Телеком, Телекабел и Неотел. Само ме интересира што ќе прават Вип, бидејќи сите овие други идат под земја (оптика) само Вип тераат со тоа FTTC, па после обичен надземјен кабел. Таман кога видов дека копаат до мојата зграда се израдував и си реков дека ќе поврзуваат на новата мрежа и сите оптика ќе имаат кога го прашав работникот ми кажа се копа и се става, но нема приватни корисници да се приклучуваат :pusigo::toe:
Ако Македонски Телеком и Телекабел продолжат да инвестираат во сопствените оптички телекомуникациски мрежи и ако до крајот на 2020 година ги покријат сите урбани подрачја низ Македонија, со тек на време и Вип ќе мора да инвестира во сопствената оптичка телекомуникациска мрежа.

Сепак мора да се земе во предвид фактот дека Телекабел преку својата оптичка телекомуникациска мрежа нуди само оптички Интернет, но не и Интернет телевизија, односно IPTV, бидејќи телевизиските услуги и понатаму ги нудат исклучиво преку коаксијален кабел.

Ако Телекабел масовно инвестира во проширување на својата оптичка телекомуникациска мрежа низ сите урбани подрачја низ Македонија до крајот на 2020 година, тогаш со тек на време ќе можат да почнат да нудат и IPTV, а коаксијалниот кабел ќе им остане како резерва, особено за руралните подрачја.

Но ова значи инвестирање во IPTV платформа и во IPTV рисивери за идните корисници на идните IPTV услуги на Телекабел, а тоа не се баш малку пари.

Со сегашната кабелска телевизија преку коаксијален кабел, Телекабел има одлична аналогна ТВ понуда, која е достапна на било каков телевизор, а дигиталната ТВ понуда доаѓа бесплатно и без потреба од кабелски рисивер или кабелски CA модул за корисниците со LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер - освен ако сакаат да ги гледаат каналите од дополнителниот BOX пакет или каналите со содржини за возрасната публика, за кои се плаќа дополнително, а во таков случај ќе им треба кабелски рисивер или кабелски CA модул.

Исто така на корисниците со обичен телевизор им треба кабелски рисивер за да можат да ја гледаат дигиталната кабелска телевизија на Телекабел.

Доколку Вип премине од коаксијален кабел на FTTH, тогаш и тие ќе треба да преминат од кабелска DVB-C телевизија кон IPTV платформа, бидејќи бесмислено ќе биде да влечкаш коаксијален кабел за кабелска телевизија и оптички кабел за оптички Интернет.

За волја на вистината, не е баш бесмислено, бидејќи така коаксијалниот кабел би бил резервиран само за кабелска телевизија, а оптичкиот кабел би бил резервиран само за оптички Интернет, прашањето треба да гласи колку е исплатливо наспроти тоа колку е бесмислено.

Da da ova sega bas go gledam vo pravo si
Kaj mene Dracevo nema optika od telekom nz ovie neotel preku sto odat
Мислам дека и тие на Телеком се шлепаат ама земи го ова со резерва. Најдобро е да си се јавиш во контакт центарот, ќе ти кажат дали постои можност или не.
Неотел речиси секаде каде што ги нуди своите услуги, ги нуди преку оптичката и/или бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Така да, ако улицата/зградата е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш може да се користи оптички Интернет од Неотел, а со тоа и телевизија и фиксна телефонија од Неотел.

Инаку, за контакт центарот на Неотел имам само негативни критики, секогаш велат дека треба прво да потпишеш договор за пакетот кој ќе го користиш, па потоа ќе проверуваат дали има техничка можност за да ги користиш нивните услуги на адресата на која сакаш да ги користиш.

Вообичаено ваква е праксата и во Македонски Телеком, но тие барем едно време имаа мапа и список со улици и булевари на кои е` достапна нивната оптичка телекомуникациска мрежа, исто како што и Вип нудат опција на нивниот официјален веб сајт да се провери дали има техничка можност на конкретната улица/конкретниот булевар, па затоа многу несериозно и идиотски од страна на Неотел е да ти бара да потпишеш договор со кој се обврзуваш да користиш услуга за која и самиот телекомуникациски оператор не знае дали ќе може да ти ја овозможи.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Ако Македонски Телеком и Телекабел продолжат да инвестираат во сопствените оптички телекомуникациски мрежи и ако до крајот на 2020 година ги покријат сите урбани подрачја низ Македонија, со тек на време и Вип ќе мора да инвестира во сопствената оптичка телекомуникациска мрежа.

Сепак мора да се земе во предвид фактот дека Телекабел преку својата оптичка телекомуникациска мрежа нуди само оптички Интернет, но не и Интернет телевизија, односно IPTV, бидејќи телевизиските услуги и понатаму ги нудат исклучиво преку коаксијален кабел.

Ако Телекабел масовно инвестира во проширување на својата оптичка телекомуникациска мрежа низ сите урбани подрачја низ Македонија до крајот на 2020 година, тогаш со тек на време ќе можат да почнат да нудат и IPTV, а коаксијалниот кабел ќе им остане како резерва, особено за руралните подрачја.

Но ова значи инвестирање во IPTV платформа и во IPTV рисивери за идните корисници на идните IPTV услуги на Телекабел, а тоа не се баш малку пари.

Со сегашната кабелска телевизија преку коаксијален кабел, Телекабел има одлична аналогна ТВ понуда, која е достапна на било каков телевизор, а дигиталната ТВ понуда доаѓа бесплатно и без потреба од кабелски рисивер или кабелски CA модул за корисниците со LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер - освен ако сакаат да ги гледаат каналите од дополнителниот BOX пакет или каналите со содржини за возрасната публика, за кои се плаќа дополнително, а во таков случај ќе им треба кабелски рисивер или кабелски CA модул.

Исто така на корисниците со обичен телевизор им треба кабелски рисивер за да можат да ја гледаат дигиталната кабелска телевизија на Телекабел.

Доколку Вип премине од коакцијален кабел на FTTH, тогаш и тие ќе треба да преминат од кабелска DVB-C телевизија кон IPTV платформа, бидејќи бесмислено ќе биде да влечкаш коаксијален кабел за кабелска телевизија и оптички кабел за оптички Интернет.

За волја на вистината, не е баш бесмислено, бидејќи така коаксијалниот кабел би бил резервиран само за кабелска телевизија, а оптичкиот кабел би бил резервиран само за оптички Интернет, прашањето треба да гласи колку е исплатливо наспроти тоа колку е бесмислено.

Неотел речиси секаде каде што ги нуди своите услуги, ги нуди преку оптичката и/или бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Така да, ако улицата/зградата е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш може да се користи оптички Интернет од Неотел, а со тоа и телевизија и фиксна телефонија од Неотел.

Инаку, за контакт центарот на Неотел имам само негативни критики, секогаш велат дека треба прво да потпишеш договор за пакетот кој ќе го користиш, па потоа ќе проверуваат дали има техничка можност за да ги користиш нивните услуги на адресата на која сакаш да ги користиш.

Вообичаено ваква е праксата и во Македонски Телеком, но тие барем едно време имаа мапа и список со улици и булевари на кои е` достапна нивната оптичка телекомуникациска мрежа, исто како што и Вип нудат опција на нивниот официјален веб сајт да се провери дали има техничка можност на конкретната улица/конкретниот булевар, па затоа многу несериозно и идиотски од страна на Неотел е да ти бара да потпишеш договор со кој се обврзуваш да користиш услуга за која и самиот телекомуникациски оператор не знае дали ќе може да ти ја овозможи.
Не верувам дека ТК ќе инвестира во ИПТВ, ќе идат на овој начин. До зградата оптика, па после ако сакаш Тв ќе ти влечат коаксијален и оптички кабел ако сакаш и интернет. Лично мислам дека ИПТВ нема таков квалитет како DVB-C поради компресирањето и намалување на битрејтот на каналите, особено HD каналите. И плус да не заборавиме дека ти одзема од брзината на интернетот ИПТВ.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.482
Поени од реакции
11.537
Не верувам дека ТК ќе инвестира во ИПТВ, ќе идат на овој начин. До зградата оптика, па после ако сакаш Тв ќе ти влечат коаксијален и оптички кабел ако сакаш и интернет. Лично мислам дека ИПТВ нема таков квалитет како DVB-C поради компресирањето и намалување на битрејтот на каналите, особено HD каналите. И плус да не заборавиме дека ти одзема од брзината на интернетот ИПТВ.
Тоа е точно, но можностите на оптичкиот Интернет се стотици, ако не и илјадници пати поголеми наспроти кабелскиот Интернет, а во такви околности нема да има сериозни последици по Интернет брзината доколку телекомуникацискиот оператор нуди и IPTV преку оптичкиот кабел.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Тоа е точно, но можностите на оптичкиот Интернет се стотици, ако не и илјадници пати поголеми наспроти кабелскиот Интернет, а во такви околности нема да има сериозни последици по Интернет брзината доколку телекомуникацискиот оператор нуди и IPTV преку оптичкиот кабел.
Секако, се ова држи вода но станува збор за скапа инвестиција ова, така да инвестицијата ќе треба некој да ја плати после, нели :) Како ВИП што прави, еве имаме нови рисивери повелете, плати па користи. :)
 
Член од
2 март 2017
Мислења
1.396
Поени од реакции
441
Neznam zosto Telekabel ne ja zgolemi ponudara na novi tv kanali operator so poveke od 20 god rabota da gi nema site tv kanali kade se rtl paketot hrvatski kanali pink kopernikus i se drugo ne mi e jasno navistina
Bez obrzuvacki dogovor prifatliva cena a kanali uzas vo sporedba so drugite operatori

Treba da ima tv kanali za secij vkus
 
На оваа тема се дискутира за кабелскиот Интернет на Вип, Телекабел го спомнавме само како конкурент на Вип со добра Интернет и телевизиска понуда.

За телевизиската понуда на Телекабел имаш соодветна тема за дискусија - Дискусија за програмската понуда на Телекабел.
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.008
Поени од реакции
6.040
Што :гомце: се дешаваат со нетов низ Карпош или и пошироко?
Тука, во 4 конкретно, нешо падни стани е последниве 6-7 дена.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Што :гомце: се дешаваат со нетов низ Карпош или и пошироко?
Тука, во 4 конкретно, нешо падни стани е последниве 6-7 дена.
Иста општина - без проблем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom