MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Типично македонски....само да се мрчи....дали некој од вас некогаш организирал нешто? Пред да учествуваш на било кој настан надвор од урбана средина добро е да ги прочиташ препораките од организаторот и да се информираш кај одиш и што може да очекуваш.

На Осветли го Скопје доаѓаат луѓе без никакво светло и пробуваат да се качат на Водно по темница осветлувајќи со екранот од мобилниот иако организаторот убаво наведува дека потребно е да се носи батериска ламба. Сум видел и типки со штикли дојдени на искачување на Кораб, кампери кои не знаат да монтираат шатор и запалат оган и еден куп луѓе кои дошле во природа, а очекуваат дека се во кафана и за се треба да се грижи некој друг.

Турата во Мариово, како и други настани не се од натпреварувачки туку од рекреативен карактер, така да секој учесник ќе помине онолку добро колку што е подготвен и си ги познава своите потреби.

Некој одредена тура може да помине со 1 литар вода, а некому и 5 литри му се малку.

Критиката е позитивна, но само ако е основана.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125

Типично македонски е да не се прифати критика .. е тоа е типичното, пошто критика по автоматизам значи дека се плука по евентот па после нели нелути се човече ефект имаш каде организаторот се чуствува навредено ради тоа што организира евент каде очекува само бајкери кои се спремни да извозат 1000км без вода пошто нели вода шише кошта 500 денари па не може да се обезбеди доволно за сите. Жално е што се плаќа котизација а не можеш да обезбедиш основни работи кои се бесплатни. Тек да требаше нешто покомплицирано да обезбеди којзнае што евент ќе беше, рели париз дакар у сред пустина без луѓе на километри гомна ќе јадеше!!!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
алшар крушево азот плачковица не се ни 20% од организација на она што е шапка, плуст турата на шапка е едно 10 пати потешка и теренот е покомплициран + неспроедливо подобра и поубава од наведените заедно. не гледам никој да се жали за шапка, пошто тоа е поентата кога веќе организираш да личи на нешто за разлика од други каде ако стават старт и финиш готово завршиле со организација. наведените организации најверојатно кога организираат очекуваат дека ќе им дојдат само велосипедисти кои можат да извозат тур д франс и не се замараат со аматери. епа кога јавно промовираш тура за бројка ондак биди спремен и за аматери а не после да плачеш заради негативни критики.
Имаш појдено на горенаведените тури?
Во што потфрлија во организациска смисла?
Чисто прашувам зошто сум дел од организацијата во три рекреативни маратони, па да се корегираат недостатоците.
Лани на една од турите несовесен родител остави две деца од 10 и 12 години во сред шума за да фати приклучок со побрзите, лично сум одел со нив 15 км низ шума и на крај ги оставив сами на 5 мин. сопругата да се јавува на телефони и дере оти не сме им ги чувале децата пошто во моментот биле сами, небаре ова е детска градинка или престој.
Тоа е чудо што се случува кај пунктовите за овошје и освежување.
Дел од учесниците земаат како да од утре започнува апокалипса и да имаат за залиха во наредните триесет години. Па ако им поделиш по едно парче мрчат како нема доволно.
Едно добро 20% се муфтаџии и само заради позитивна енергија и убила ме туѓа срамоќа не го бркаш од ручек и од пунктовите.

Еве ти тврдам дека Алшар е поорганизирана тура од Шапка, лани дечките имаа преку 1000 гости и сите беа до еден задоволни.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.206
Поени од реакции
6.559

И годинава е слична бројката,ако не и поголема...3 дена ќе трае Алшар годинава,се доби на масовност,од лани само позитивни критики имаше. Има некои нови настани(денес имаше возење со крос мотори и со АТВ до Алшар мислам),но сепак главниот настан е утре,односно возењето велосипед малата и големата тура,пешачењето малата и големата тура и + атлетски клуб од Кавадарци ќе организира планинско трчање. Лани беше феноменално организирано,на секои 5-6 километри имаше пунктови со вода,одлично обележани стази,велосипедистите ги испофалија локалните мештани од селата кај шо се возеше(а вкупно у тој регион нема 30 жители),позитивна енергија еден куп итн. Ептен ми е криво шо нема да присуствувам утре,полагам неделава,иначе ќе беше одлично да се отиде. Се извинувам за офтопик,па доколку има некој таму утре,чекам да напише импресии :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom