- Член од
- 4 март 2017
- Мислења
- 2.033
- Поени од реакции
- 5.477
6 ракометарки си заминуваат. Со исклучок на Ања сите ги раскинаа договорите кои ги имаа. Водење клуб на нивоу.
Еставана е трудна а и уживај дека со Ван дер Варт ќе ти живеат во Скопје ))koga veke kamila si bega, a majda e angazirana vo dr tim najdobra opcija na krilo e polina kuznetsova, zaedno so spomenatite edna od top 3 levi krila vo svetot, a za bekovi zasiluvanja gi posakuvam veronika kristijansen, estavana polman i daria dmitrieva
Бев на еден од тренинзите кога ЖРК спарингуваа со машките од втората екипа на Вардар, Ончев, Поповски и компанија. Тие што се машки едвај се влечеа со Ања и Лекиќ, не па Митова со петнаесет кила. За овој муабет си во право. Ја од Лекиќ додека трае сезона слики на Инстаграм гледам само од теретани после тренинг, Митова и таа голманката морав да ги отследам зш од кафиња цел Бразил и Колумбија ги испија.Еден од факторите зошто никогаш нема да излезе играч од Македонија е последната реченица во овој помалку глупав статус во стил на Медолино. Се додека во КЛУБ очекуваат да добијат некаква предност заради тоа што се македонци нема да бидат играчи и во најдобар случај за нив ќе греат клупа на некој првокласен,третокласен или десеттокласен странец. Вториот фактор е погоре во постот на razbirashh, а третиот фактор е тој кој што вика дека за да играш моментално во прва екипа на Вардар потребен ти е тренинг, тренинг и тренинг покрај оној стандарден тренинг со екипа, а не фоткање и правење видеа за инстаграм. Нека се споредат само со играчи како Лакрабер, Лекиќ или Алтхаус и ќе видат колку смешно делуваат на физички план, а понатаму и на технички,тактички итн.
Нашиве сакаат без капка пот и замор да станат играчи кои што ќе добиваат минутажа во моментално второ пласираната екипа во Европа. Не може некој да бара шанса да игра кога го нема достигнато ни основното ниво на физичка подготвеност, а да не зборуваме за тактичко-техничкиот дел во кој што голем удел треба да имаат и тренерите кои во Вардар се поставени на тие места на начинот на кој што се поставени. Не може некој што едвај чека да заврши сезоната за да иде месец-два на одмор сега да бара простор во екипа во која што на секоја позиција има барем двајца играчи кои се за 3 класи подобри од него/неа. Значи сега не зборам конкретно за Сара Митова туку општо за сите спортисти и спортови во државава. Да не одиме сега надвор од државава и да ги даваме за пример Карабатиќ, Роналдо или Леброн Џејмс, туку да се задржиме на играчи кои играле овде и кои што со својата физичка подготвеност двоеле од другите...нормално дека тука мислам на Петриќ кој што играше во РК Вардар. Сите што го пратат Вардар пред да дојде Самсоненко знаат за каков терминатор стануваше збор. Човеков и во последните години од кариерата која што ја тераше и со раситнета 40ка правеше тренинзи 365 дена во годината и тоа по 2-3 пати на ден...мислам дека за ова имаше пофалба во некое интервју и од некој од тренерите или соиграчите не ми текнува. И сега кога ќе земеш на една страна ваков професионалец како Владимир Петриќ и кога на статусот од Сара ќе прочиташ дека и Ива Стојковска има што да каже на таа тема јасно ти е дека е време за одјава и спиење.Бев на еден од тренинзите кога ЖРК спарингуваа со машките од втората екипа на Вардар, Ончев, Поповски и компанија. Тие што се машки едвај се влечеа со Ања и Лекиќ, не па Митова со петнаесет кила. За овој муабет си во право. Ја од Лекиќ додека трае сезона слики на Инстаграм гледам само од теретани после тренинг, Митова и таа голманката морав да ги отследам зш од кафиња цел Бразил и Колумбија ги испија.
А и дека појма си немаат од управа како се води клуб, тоа е точно.
Наводно СЈЦС нема да постои повеќе. Не можам во моментов да се сетам каде меѓутоа уште пред неколку недели го чув муабетов во некоја емисија на ТВ.А уствари целава работа е што младинкиве добиле исписници од клубот, а колку е тоа исправно не знам.
Не би ме изненадило да ја премислиле да изигра уште една, две сезони сепак е Ѓер во прашање. Локе си замина во лош период кога не беа во можност многу да бираат па ја потпишаа Асма како бекап за Брох, а девојката не покажа ништо. Вака ќе си добијат уште еден искусен играч кој игра во два правци. Ми се допадна Ања како играч уште првиот ден кога дојде, но мислам дека не можеме да се пожалиме кога станува збор за пикерската позиција сепак ја добивме Цвијиќ, а и кај Човиќ се осети сезонава драстичен напредок во однос на претходната .Ко што пишуваат порталите, Алтхаус ни забила нож у грб?