Општи вело муабети, прашања, совети

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Пишав горе дека ми треба најверојатно S според тоа што ми препорачаа во продавниците, 165cm сум висок.

Супер изглеа точаков ама сигурно не сум ја за XL :)
Sorry не забележав дека си пишал големина :D, тогаш XL дефинитивно не ти одговара освен ако не планираш со штикли да возиш:ROFLMAO:
Со таа висина си на граница од S и M, така да ако видиш некој М, пробај го па види дали ти одговара.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Пишав горе дека ми треба најверојатно S според тоа што ми препорачаа во продавниците, 165cm сум висок.

Супер изглеа точаков ама сигурно не сум ја за XL :)
Влези во групава: https://www.facebook.com/groups/1204385472985233/

Види го овој оглас: https://www.facebook.com/groups/1204385472985233/permalink/1321371311286648/

И со здравје да си го возиш. :) Подобра понуда во државава нема, освен ако некој бајкер во меѓувреме не се свртил на хероин и итно му требаат пари. :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
8

Фала на предлогот @Martinmkd. Ќе го разгледам моделов, ме интересира дали е значително подобар од Specialized Pitch 650b и вреди да ризикувам со половен? Во однос на цена, со субвенциите од град Скопје можда и поевтин да ми искочи Pitch 650b.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Фала на предлогот @Martinmkd. Ќе го разгледам моделов, ме интересира дали е значително подобар од Specialized Pitch 650b и вреди да ризикувам со половен? Во однос на цена, со субвенциите од град Скопје можда и поевтин да ми искочи Pitch 650b.
„Значително подобар“ е потценување. Кај Specialized имаш основна вилушка од бренд познат по добивање на непоправлива луфта (со тек на време ќе треба да апгрејднеш), додека кај Трекот имаш воздушна вилушка со одличен квалитет. Потоа, имаш хидраулични кочници, неспоредливи со механичките на Specialized, додека менувачи, шалтери, пренос се 3-4 класи подобри. Потоа продолжуваме со тркала и остаток од делови :)

Секогаш се добива повеќе за парите кај половен велосипед. Плус, дури и како почетник, подобро е да купиш подобар точак, особено кога и подобриот и послабиот чинат исто/многу слично во пари. Полесно се навлекува човек на спортот со подобра опрема ;)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
8
Секогаш се добива повеќе за парите кај половен велосипед. Плус, дури и како почетник, подобро е да купиш подобар точак, полесно се навлекува човек на спортот со подобра опрема ;)
Читам последните неколку саати, сфатив дека ова е повисока класа на точак по брзините, хидраулика и по цената која што ја имал кога искочил.

Ме плашат само потеницијалните давачки ако купам велосипед кој мене би ми изгледал ОК кога ќе го видам а реално му е потребен поголем сервис.

Сум купувал компјутери, телефони, таблети на старо ама друго е кога се разбираш во нешто и знаеш што може да биде дефектот а со точациве сум тотален нуб.

На што би требало да обрнам внимание при основната проверка и дали има уопште начин да приметам дали е некој битен дел дефектен?

Фала уште еднаш @Martinmkd.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85

Основна проверка ти е:
Дали има луфта во главините (ќе го мрднеш лево-десно и предниот и задниот бандаж, ако осеќаш дека клати тогаш лагерите се за менување)

Дали се бандажите прави (ќе го превртиш наопачки точакот, сега не знам дали тие со хидраулични кочници можеш да ги превртуваш сум слушнал дека може да си направиш проблеми, и ќе ги свртиш рачно предниот и задниот бандаж и ако не ти е страв стави го прстот на рамот блиску до обрачот и полека доближувај го се додека немаш 1 милиметар растојание помеѓу бандажот и прстот и ако гледаш дека ти се оддалечува па доближува до прстот тоа значи дека е крив, и додека се врти бандажот слушај дали произведува некаков звук на гребење, и проверка на затегнатост на шпиците така што ќе фатиш две една до друга и полека ќе ги притиснеш со раката)

Дали се роторите прави (додека е превртен сврти ги бандажите и ѕирни во шепите дали роторот шета лево десно)

Дали има луфта во виљушката и дали функционира како што треба (ќе ја фатиш за долниот дел и исто напред-назад, лево-десно, горе-доле и ќе ја стиснеш предната кочница и ќе го мрдаш точакот напред назад, ако има ремонт ти е од 1000-1500 а некогаш не се ни исплати)

Дали ланецот и запците на касетите се изедени (за ланецот има специјален алат, а запците ќе ги споредиш со слика од интернет или на изглед ако се врвовите доста изедени тоа укажува дека се бајаги возени)

Дали има луфта во средната осовина (фати ги рачките од педалите и пробај да ги мрднеш лево-десно)

После ова следува тест-возење и дополнителна проверка на амортизерот/ите, кочниците, шалтерите во сите брзини и на крај визуелна инспекција на сите делови за површинска или подлабока оштета.

Ова е најосновното што мора да го провериш, другото не е толкав проблем и не би било многу скапо за поправање. Ако сум пропуштил нешто слободно дополнете ме.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Дечки некоја препорака за дисаѓи/бисаѓи/торби за багажник :D. До сега видов само Topeak во про спорт, но се малку соленки.
Такви работи на Aliexpress или Златко Ордевски барај го праќа се по карго.[DOUBLEPOST=1494880889][/DOUBLEPOST]Помош при купување :)
1 или 2 :)
1. http://www.bikecenter.mk/index.php?route=product/product&path=95&product_id=766
2. http://outdoor.mk/index.php?route=product/product&path=118&product_id=1548
Или пак пуштете некој линк со кациги до 2.500 ден
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.265
Поени од реакции
4.665
@mviktors
Основна проверка ти е:
Дали има луфта во главините (ќе го мрднеш лево-десно и предниот и задниот бандаж, ако осеќаш дека клати тогаш лагерите се за менување)

NEMA

Дали се бандажите прави (ќе го превртиш наопачки точакот, сега не знам дали тие со хидраулични кочници можеш да ги превртуваш сум слушнал дека може да си направиш проблеми, и ќе ги свртиш рачно предниот и задниот бандаж и ако не ти е страв стави го прстот на рамот блиску до обрачот и полека доближувај го се додека немаш 1 милиметар растојание помеѓу бандажот и прстот и ако гледаш дека ти се оддалечува па доближува до прстот тоа значи дека е крив, и додека се врти бандажот слушај дали произведува некаков звук на гребење, и проверка на затегнатост на шпиците така што ќе фатиш две една до друга и полека ќе ги притиснеш со раката)

Pravi se

Дали се роторите прави (додека е превртен сврти ги бандажите и ѕирни во шепите дали роторот шета лево десно)

Pravi se

Дали има луфта во виљушката и дали функционира како што треба (ќе ја фатиш за долниот дел и исто напред-назад, лево-десно, горе-доле и ќе ја стиснеш предната кочница и ќе го мрдаш точакот напред назад, ако има ремонт ти е од 1000-1500 а некогаш не се ни исплати)

Nemam primeteno, ne bi trebalo da ima

Дали ланецот и запците на касетите се изедени (за ланецот има специјален алат, а запците ќе ги споредиш со слика од интернет или на изглед ако се врвовите доста изедени тоа укажува дека се бајаги возени)

Zapcanicite ne tolku ama lanecot e za menuvanje, jas bi preporacal menuvanje na dvete

Дали има луфта во средната осовина (фати ги рачките од педалите и пробај да ги мрднеш лево-десно)

Nemam primeteno ama i da ima sredna glavina bese okolu 800-900 denari koga go prasuvav Goce vo rabotilnica

После ова следува тест-возење и дополнителна проверка на амортизерот/ите, кочниците, шалтерите во сите брзини и на крај визуелна инспекција на сите делови за површинска или подлабока оштета.

Moznost za proverka vo bilo koe vreme
Е сега знаејќи дека тоа што ти кажав дека е за промена да се замени со пристојни делови е околу 5000 денари (барем толку ми кажаа пред 1 месец кога прашував), цена неам формирано зашто и јас го продавам а молам бога да не го дадам :)

Лани ти се сменети гуми и е ставено кенда тенки мислам дека е 1,75ки
Рамката е големина 16“
Шалтерите се срам х5
амортизерот е дарт 2 и немам видено никаков проблем со него
предниот менувач е срам х5 и не е сменет одкако е купен велосипедот крајот на 2008 година
задниот менувач е х7 сменет е крајот на почеток на 2012 како и останатите делови подоле ама од тогаш до сега едвај се извозени 5000км
кочниците се еликсир ЦР со 203ки ротори хидраулични (задната треба да се дополни лани ми се појави воздух), исто на предната шепата и е ставена од коде (замена со другар правевме нова за нова шепа)
главините се со механички лагери срам х9
Цел точак е редовно сервисиран кај Гоце, за цена како што кажав немам некоја ама еве нека каже некој колку мислат дека вреди ова па ќе збориме понатака зашто јас малку го возам а ете ти сакаш да поминеш поефтино и да добиеш пристојна опрема

Пред промена на деловите да возен беше оффроад на планина доста ама не беше возен downhill после промената е возен исклучиво низ град и тоа мн мн ретко
 
Член од
16 август 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Дечки знам сега ќе ми рипнете сите, ама што мислите за ова, со оглед на цената. Не е за спорт, за превоз на кратки релации...

https://goo.gl/DKQRTe

Пред некое време беше Orient, сега е Jeep :)
ама 9.000 МКД
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Дечки знам сега ќе ми рипнете сите, ама што мислите за ова, со оглед на цената. Не е за спорт, за превоз на кратки релации...

https://goo.gl/DKQRTe

Пред некое време беше Orient, сега е Jeep :)
ама 9.000 МКД
Ако е истиот точак на сликата, без диск кочници, супер е. Мој совет е превентивно да го однесеш точакот во некој сервис да ги затегнат убаво жиците на тркалата и со здравје да си го возиш :)
 
Член од
16 август 2010
Мислења
10
Поени од реакции
1
Ако е истиот точак на сликата, без диск кочници, супер е. Мој совет е превентивно да го однесеш точакот во некој сервис да ги затегнат убаво жиците на тркалата и со здравје да си го возиш :)
Фала. Тоа жиците секако мислев да ги провери мој мајстор. Ова со диск кочнициве не бев сигурен, прочитав некаде дека за ефтини точаци е боље без диск.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.420
Поени од реакции
20.124
некој ? Некој ? НЕКОЈ ? :)
Имаш 2 типа на кациги : роуд и мтб ( биди конкретен што планираш да возиш ). Инаку на кацига не се штеди (ни под случај разно), толку имам ја да кажам :)
п.с. посочениве ми делуваат на тежок шминкерај, заштита : дискутабилно.
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=4fad9302-357b-4fe6-9178-9951b7a16659
еве ти спешлајзд иако не се 2.500.
http://www.bikestop.com.mk/accessories.php?lang=2&mb=21&sf=Helmets
 
Последно уредено:

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Имаш 2 типа на кациги : роуд и мтб ( биди конкретен што планираш да возиш ). Инаку на кацига не се штеди (ни под случај разно), толку имам ја да кажам :)
п.с. посочениве ми делуваат на тежок шминкерај, заштита : дискутабилно.
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=4fad9302-357b-4fe6-9178-9951b7a16659
еве ти спешлајзд иако не се 2.500.
http://www.bikestop.com.mk/accessories.php?lang=2&mb=21&sf=Helmets
MTB возам но барам да е универзална.
Од Bike Stop оваа Bontrager Solstice ме фаќа око :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom