Скоро па сигурно е дека нов тренер ни е Валверде. Искрено од сите што се спомнуваа јас него најмногу го посакував. Ќе видиме како ќе се покаже.
Околу трансфер политиката мислам дека треба да се удри на подмладување во дефанзива и да се земе креативеч и десен бек.
Нема потреба од многу голема чистка како што тука некој спомнува.
Голманите ни се ок.
Одбрана, Матје и Маскерано сакам да си заминат, помина времето на Масче, секоја чест за него искина даваше секој пат 100% на терен, ама годините го газат, а искрено и низок е за штопер. Марлон да се префрли во прв тим и да се купат десен бек и млад штопер. За бек Белерин или тоа десното бекче на Бенфика би биле ок, секако тука е и Видал кој се надевам ќе кине наредната сезона. Штопер не би било лошо Валверде да си го донесе Лапорте, со Умтити французи ќе газат, ако не Маркињос, 3-4 години пробуваме да го земеме...
Средина. Мора да се купи креативеч, ја сум најмногу за Кутињо, а како што се шпекулура на големо можно е и да го земеме... Гомеш би сакал да остане и сезонава и да се испроба како замена за Бускетс, или пак ако играме некад 4-2-3-1 би бил корисен...
Рафиња и Денис Суарез никакво продавање, има многу фудбал во нив, ако тука ги додадеме и Иниеста и Бускетс како недопирливи, останува да си заминат двајца од Туран, Гомес, Ракитич и Роберто. Туран е прв печен со идењето на Енрике.. е сеа проблемот кој ќе си оди друг.. искрено ја сум за Ракетата, дојде заедно со Енрике и со него нека си замине додека држи цена.
Во напад гледам запнале за замена на напаѓачите. ако веќе се фрлаат пари, гледам имаше и шпекулации нека се земе Витоло, шпанец искусен во лигата може да игра и лево и десно.
Се на се... Матје, Маскерано, Туран, Ракитич - АУТ... Белерин, Марлон, Кутињо и Витоло - ИН