Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
А по кој основ ги избираат таквите "командири" ? Кога сите сте еднакви, сите сте средношколци дојдени на 3 месечно доброволно служење рок ?
Не се сите исти, 70% бевме сите веќе на факс другите 30% беа само што завршиле средно.И тие функции се даваат на тие шо имаат највеќе образование завршено и успехот постигнат во средно.Ај поубаво да објасна значи има старешини од кои имаш командир на тимот на нас беше со чин поручник,па после имаш подофицери кои беа командири на одделенија.А од војниците имаш командир на вод кој прима наредби од командир на тимот,а командирите на одделенијата кои беа војници примаат наредби и од командирот на тим и од командирите на одделенија како што спомнав подофицери.Не знам шо не е јасно тука, ако сакате да ве се разјасни повеќе повелете 3 месеца Велес и готово,дури ај да го кажам и ова.Секое одделение беше подделено на алфа и браво од по 6 војници.[DOUBLEPOST=1493343293][/DOUBLEPOST]
ти можда војска си служел ама дека те стајле командир или Ѓорѓе ти е чичко или не лажеш јако тука. Командир на вод е секогаш старешина, командир на одделение може некогаш да е пфв, а во твојов случај вие бевте тимови, и максимум што си можел да бидеш е старешина на спална. Жива среќа шо си викал „мирно“ кога влегувал вистински старешина во спална.
Ти не си компетентен да кажеш дали некој го бива или не а си имал само основна воена обука и 2-3 стражи дадено. Пази, не велам дека е сјајна ситуаццијава, само велам дека ти не си тој што треба да ја оцени.
Клинтон ти служеше војска во 29-та класа или јас.Фала пријатно
и уште едно нешо да јас можам ептен убаво да ја објаснам ситуацијава пошо сум израснат во војничка фамилија која секогаш се борела за оваа држава и знам баш се убаво.И за тебе баш да ти кажам колку стража имам дадено цели 4 недели и 3 дена.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Не се сите исти, 70% бевме сите веќе на факс другите 30% беа само што завршиле средно.И тие функции се даваат на тие шо имаат највеќе образование завршено и успехот постигнат во средно.Ај поубаво да објасна значи има старешини од кои имаш командир на тимот на нас беше со чин поручник,па после имаш подофицери кои беа командири на одделенија.А од војниците имаш командир на вод кој прима наредби од командир на тимот,а командирите на одделенијата кои беа војници примаат наредби и од командирот на тим и од командирите на одделенија како што спомнав подофицери.Не знам шо не е јасно тука, ако сакате да ве се разјасни повеќе повелете 3 месеца Велес и готово,дури ај да го кажам и ова.Секое одделение беше подделено на алфа и браво од по 6 војници.[DOUBLEPOST=1493343293][/DOUBLEPOST]
Клинтон ти служеше војска во 29-та класа или јас.Фала пријатно
и уште едно нешо да јас можам ептен убаво да ја објаснам ситуацијава пошо сум израснат во војничка фамилија која секогаш се борела за оваа држава и знам баш се убаво.И за тебе баш да ти кажам колку стража имам дадено цели 4 недели и 3 дена.
Se izvinuvam za latinica
Ima lluge na forumov sto imaat dolgogodisno iskustvo vo armija i mnogu dobro znaat kakvi zeleni treses.
Mozebi si izrasnat vo semejstvo so voena pozadina, ama verojatno i tebe ti imaat kazano deka sto se slucuva vo kasarna ostanuva tamu. Davanje nformacii na clenovi od semejstvo kako raboti vojskata e odlika na neprofesionalci i chalamdzii.
Se sto ti si komanduval e da smenis pozarni na sprat ili da odneses vojnici da se banjaat, ne se ponashaj ko da si general
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Видете вака, НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕЛАТ ДЕКА ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ Е НЕЗАМЕНЛИВ ЗА НИШТО, НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ГО ЗАМЕНИ ЗГАСНАТИОТ ЖИВОТ НА ЧОВЕКОТ... НО ЕВЕ СВЕДОЦИ ИМА МНОГУ, ДЕКА НА НЕКОИ ПРЕДАВНИЦИ, ПАРИТЕ ЗА ОВА ПРЕДАВСТВО МОЖЕЛЕ ДА ГО ЗАМЕНАТ ЖИВОТОТ НА ОВИЕ МЛАДИ ЈУНАЦИ!(n):(


Специјална единица Волци
пред 14 часа ·
МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ОПОМЕНУВА - СПОДЕЛЕТЕ

17:45 часот, 28.04.2017
17:45 часот, 28.04.2001.

Утре, пред точно 16 години, на истиот ден, во истиот час, веќе започната беше кукавичката заседа кај Вејце, која после получасовен отпор на македонските бранители, прерасна во најбруталниот и најкрвав масакр во поновата историја на Македонија. Иако нападнати, кукавички, од заседа и во безизлезна правлива кривина, на планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце, на Шар Планина, даваа, колку што можеа, получасовен отпор и покажаа како треба да се брани суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. За време на кратката борба, преку мобилниот телефон подоцна масакрираниот Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренесол дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Откако се случија ден претходно чудни измени во патролата, како и бавната реакција на помош, бранителите непосредно пред нивната маченичка смрт сфаќаа дека мора да се работи за предавство во нашите редови. Во тие кратки мигови на одлука и размислување, на нишан од терористите и соочен со смртта, Илче Стојановски во последен здив уште еднаш се јавува, за очајнички и безпомошно да каже: „НЕМА ПОТРЕБА ПОВЕЌЕ ДА НИ ДОАЃАТЕ ВО ПОМОШ. СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА.“

[DOUBLEPOST=1493395316][/DOUBLEPOST]На фб сретнав едно видео за масакрот кај тоа пусто вејце...
Незнам дали да го поставам овде има многу вознемирувачки слики во видеото од масакрираните војници и полицијаци, доколку некој сака да го разгледа нека ми прати ПП или ако сака некој овде ке го поставам но не мислам дека ке биде добро поради тие слики од масакрот што е извршен на нив...
 
Последно уредено:

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Цели 16 години....



МАСАКРИРАНИТЕ КАЈ ВЕЈЦЕ ДА СЕ ПРОГЛАСАТ ЗА МАЧЕНИЦИ

Ова се последните зборови на Игор Костески напишано на едно ливче пред да настрада во кукавичката заседа кај Вејце, на 28.04.2001. Ливчето беше пронајдено во џебовите на Игор после маченичката смрт кај Вејце. Игор за време на војната запишувал мисли, песни и поеми во неговиот нотес, кои татко му подоцна ќе ги објави како посмртно издание. на загинатиот водник, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ. Во книгата поместени се шеесеттина песни, каде Костески пее за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за своето кобно претчувство. Игор беше голем верник, искрено од длабочината на срцето веруваше во Бога и тоа аргументирано го ширеше меѓу оние со кои стапуваше во контакт. Многу читаше верска литература и теоретски се подготвуваше да студира на Теолошкиот факултет. Последната година од неговиот живот, викендите и годишниот одмор, меѓу две битки од фронтот, ги користеше во посета и престој на повеќе манастири низ Македонија, со цел поблиску да го доживее манастирскиот и монашкиот живот во нив. Сликата симбилично ја објавивме во 18:12 часот, бидејќи тогаш му беше застанат рачниот часовник.

 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Se izvinuvam za latinica
Ima lluge na forumov sto imaat dolgogodisno iskustvo vo armija i mnogu dobro znaat kakvi zeleni treses.
Mozebi si izrasnat vo semejstvo so voena pozadina, ama verojatno i tebe ti imaat kazano deka sto se slucuva vo kasarna ostanuva tamu. Davanje nformacii na clenovi od semejstvo kako raboti vojskata e odlika na neprofesionalci i chalamdzii.
Se sto ti si komanduval e da smenis pozarni na sprat ili da odneses vojnici da se banjaat, ne se ponashaj ko da si general
Јас мојто си го кажав јас служев војска во 29-та класа а не ти.И не се правам генерал и други работи,само ти хејташ и неможеш да прифатиш некој со моја возраст да има познавање и знаење за таа проблематика.Фала пријатно
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
[DOUBLEPOST=1493395316 напиша:
На фб сретнав едно видео за масакрот кај тоа пусто вејце...
Незнам дали да го поставам овде има многу вознемирувачки слики во видеото од масакрираните војници и полицијаци, доколку некој сака да го разгледа нека ми прати ПП или ако сака некој овде ке го поставам но не мислам дека ке биде добро поради тие слики од масакрот што е извршен на нив...
Сликите за кои што збориш мислам дека се оние од Сведоштва 2001, ги знаеме тие, ама ај прати ми ги во порака :)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
@TheStarOfKutles постави го и така не ја посетуваат многу оваа тема, или ако има проблем со тоа, прати ми го во порака.
Денес душата ми тагува
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Доколку ја следете страницата на фб Единица за специјални задачи Тигар или Македонија-Macedonia, денес објавиа многу слики во чест на паднатите борци што беа кукавички убиени и испратени во ужасна смрт!
Меѓу сликите во спат и видеото. Ке ти го пратам во приватна порака бидејки добив информации од еден член овде дека можеби видеото е поставено порано, во претходните страници. Секако да не правам спамирање со иста информација.[DOUBLEPOST=1493409158][/DOUBLEPOST]Ги заборавив и 2те страни на Волците
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Вејце

Помина 28-ми април во уште едно потсетување, дека пред 16 години од заседа кај Вејце ѕверски беа мачени и убиени осуммина македонски бранители во најкрвавиот и најбрутален масакар во поновата македонска историја.
лосторството кај Вејце и понатаму останува мистерија, бидејќи ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со загинувањето на бранителите кај Вејце.

Според Информацијата на ДБК до тогашниот министер во МВР насловена како „Сознанија за громорозното убиство во с.Вејце-Тетовско“, заведен под ев.број 470 од 13 ноември 2001, детално се опишани учесниците во терористичката акција кај Вејце во која беа убиени и масакрирани осум македонски бранители, а споменатите лица како извршители останаа на слобода. Дури, некои од нив станаа и владини функционери камуфлирани во политичката партија ДУИ.

Неколку дена пред нападот, извршителите се подготвувале и вршеле обука во логор на Косово, во непосредна близина на нашата граница и нивна задача била да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Терористичката група на ОНА однапред го знаела движењето на патролата составена од македонските бранители кои настрадаа кај Вејце, односно, ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на војнички задачи.

Патем, на прсти можат да се избројат македонските бранители кои за време на војната во 2001 година загинаа во директна борба со терористичката ОНА. Речиси сите седумдесетина убиени македонски бранители во 2001-та, загинаа во заседи, бидејќи албанските терористи претходно го знаеја правецот на нивното движење.

Во контекст на актуелните случувања, да спомнам дека според ДБК при МВР во заседата кај Вејце е замешан и Талат Џафери во неопходната логистика на извршителите за движењето на патролата составена од македонските бранители.

Што е поинтересно, освен за ДБК при МВР, работите за случајот Вејце беа познати и за тогашниот амбасадор на ОБСЕ во Македонија, Крег Џенес. Да потстетам, во тоа време, покрај Крег Џенес, на моќната четворка меѓународни претставници во нашата држава и припаѓа и тогашниот амбасадор на НАТО во Македонија, Николас Бигман, амбасадорот на САД, Лоренс Батлер, и амбасадорот на ЕУ, Донато Кјарини.

Кога тогашниот министер во МВР пројави желба да се расчисти случајот Вејце по судски пат, Крег Џенес експресно дојде во МВР за да упати директна закана, ако се преземе било што во тој момент против лицата од терористичката група, Македонија ќе биде обвинета за провоцирање нова војна во земјата.

Но, најинтересно во таа прилика е што Крег Џенес во МВР категорички ни изјави и вети дека веднаш по следните парламентарни избори во Македонија, тој лично ќе се заложи да се расчисти случајот Вејце, бидејќи и на нив им се познати извршителите. Но, следните избори кои беа на 15 септември 2002 одамна завршија, а до денешен ден овој случај сеуште нема официјална разрешница.

Значи, во моментот недостига само иницијатива.

Дотолку повеќе, изборите од 15 септември 2002 година кои Крег Џенес ги посочи како пречка привремено да не се расчистува случајот Вејце одамна се завршени. Дури, расчистувањето на случајот Вејце сега може да оди многу полесно, бидејќи и МВР и Крег Џенес (ОБСЕ) точно знаат што се случи кај Вејце, а верувам дека Џенес, со задоволство ќе прифати да сведочи.

За сега, едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 кога дојде до промена на власта, нема интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Затоа, откако по промовирањето на владината програма на СДСМ на 10 март 2017, случаите Дива Населба, Сопот, Бродец... повторно ја брануваат јавноста со најавата на Заев за нивно преиспитување, а за кои се заинтересирани од ДУИ со оглед дека немале верба во македонските судови, сосема оправдано е сега испитувањето на случаите за кои се заинтересирани и Македонија и Македонците како што се Вејце, Карпалак, Љуботенски пат... а во кој бранителите беа пратени во заседа и мораа да загинат во одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Оттука, македонскиот народ очекува СДСМ да ја прошири и надгради својата програма со ветување дека ќе ги расчисти и случаите за кои се заинтересирани Македонците.

Поточно, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после разрешувањето на кризата, во име на македонскиот народ да се согласат Собранието да донесе политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година. Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор, како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат... во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.

Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму нѐ прогонува, односно, контроверзната загуба на бранителите останува неразјаснета.

Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
Дали некој знае каде може да се најде книгата "Татковино за што загинавме"?
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
Ако не можеш вака за купување да ја најдеш, ја има сигурно во некоја библиотека, пробај таму
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Знаели некој од која година е сликата? И локација ако може?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Пантер случајно дечкото со амблемот да не е мандарот,ептен ми личи на него
 

Kajgana Shop

На врв Bottom