Ја прочитав темава од почеток, имам и јас хаски ама никако не се вклопува карактерот вие што го опишувате. Мојата е душа мила, јас помирно куче во живот немам видено. Си живее заедно со мачка, глас и немам слушнато до сега. Ниту лае ниту завива, знае некогаш да испушти звук кога се прозева и еднаш има на куче залаано. Кога сум во викендица си седи одврзано иако немам ограда и никаде не мрда. И во станов (на приземје со двор) е иста ама страв ми е бидејќи е во близина улицата па ја врзувам зошто нужда врши во паркот па си се враќа.
Сосема различен карактер од стандард хаски. Комшијата што чува лабрадор вика дека прв пат гледа куче кое не лае