- Член од
- 17 април 2017
- Мислења
- 18
- Поени од реакции
- 1
Позз на сите, нова сум на форумов и се регистрирав само бидејќи ми е потребна помош. Чувам 4 мачки, сите ми се бремени, но едната од нив ја нема веќе 3 дена (од петокот). Иначе надвор ги чувам мачките, и сега незнам дали отишла на некое скришно место да се породи, или пак и се случило нешто... Пред пораѓање беше и навистина незнам каде би можела да биде. Ако веќе се породила, од прилика за колку време ќе се врати и дали ќе ги донесе мачињата со себе? Знам дека треба сега со нив да биде околу 40 дена додека не ги порасне, потоа ќе може да ги шета ама само кога е тивко и кога опасноста е минимум... Незнам ни дали ќе се врати, ја чував од малечка, па ми избега и сега во јануари пак дојде и од тогаш редовно секој ден и давав храна и вода, нон-стоп сакаше да се гали од мене и највеќе ме сакаше од другите три мачки. Има околу 8 месеци. Стварно ми е потребна помош... Ајде форумџии кои имате добро искуство со мачки давајте совети, навистина ќе ми бидат од корист...