Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Дали некој нарачувал од АлиЕкспрес од тие лажичките за вадење надворешни да ми каже дали вршат работа и ако вршат од кој тип да земам?
 
Член од
30 ноември 2015
Мислења
47
Поени од реакции
18
Имаш половни добри велосипеди до таа цена подобро земи нешто половно отколку вакви кинезарии со турнеј и кинески вилушки што можат да се распаднат при возење ...
Предложете некој до 250е со добри кочници по можност хидрулични дискови, може и механички.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Предложете некој до 250е со добри кочници по можност хидрулични дискови, може и механички.
https://www.facebook.com/groups/1678303075781557/
Овде се продаваат добри велосипеди половни .
кажи ценовен ранг од толку до толку пари што големина на тркала сакаш големина на рам ...
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Дали некој нарачувал од АлиЕкспрес од тие лажичките за вадење надворешни да ми каже дали вршат работа и ако вршат од кој тип да земам?
Ој во Про Спорт и купи Спешалајз пластични хебли и не се замарај со кинезине.
http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=44009c23-ea78-4548-9a6a-7c487c6e8155
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
497
Поени од реакции
679
Да дадам совет за луѓето што апсолутно мора да купат нов и многу ефтин велосипед:

1. Велосипедот да нема никаков амортизер, нити напред нити назад.
2. Велосипедот да нема диск кочници (бидејќи за таа цена ќе бидат вградени кинески механички кочници кои немаат никаква сила на сопирање)
3. Менувачите да се Shimano, било која серија.

Велосипедот треба да е што поедноставен, бидејќи комплицирани а ефтини делови не издржуваат долго, дури ни при нормална/внимателна експлоатација.
Ako moze nekoj predlog za velosiped od 9000 do 12000 mkd spored tvoe mislenje (moze i mislenje na drugi clenovi).
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Член од
12 ноември 2013
Мислења
38
Поени од реакции
3
дали некој може да ми каже дали се алпина квалитетни велосипеди? сакам добар точак меѓутоа не многу скап.

се мислам меѓу alpina helium ии меѓу половна merida kalahari
 
Член од
9 ноември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
3
честито на мартин и на другите членови за трпението и за советите на разновидните прашања од корисниците заинтересирани за нов велосипед.

е сега и мене ме интересира ваше мислење за препорака за велосипед до 800 евра (да не биди МТВ или со прави рачки иако комфорност ми е доста битна).. по можност да не биди половен оти јас и неколку блиски пријатели се имаат изгорено со купување на половни велосипеди (во мојот случај беше неинформираност за bikefit - и долго време возев преголем road bike и имав болки во рамена врат и раце)

e сега намената на велосипедот е воглавно возење по асфалт 5-6 пати неделно. одприлика 100-200км per week. Разгледував некој од познатите марки со нивните entry level велосипеди, но се сомневам колкава е достапноста на тие велосипеди кај нас и колку се добри за регионалните, селските и автопатите во нашата држава (cannondale synapse, giant contend, specialized allez. trek 1.2, merida ride 200 etc)...

од друга страна бидејќи имам голем сомнеж во асфалтот кај нас (дупки, камчиња, коцка на некој места или пак земја од време на време) се мислам дека нешто измеѓу cyclocross/gravel велосипед би било подобра опција... се многу по адаптабилни, флексибилни имаат простор за калници и за поголеми гуми или помали, за багажници итн.)

од тие што ги разгледав cyclocross велосипеди - има некој што се стриктно наменети за трки, а има некои со commuter design... На пример на reviews genesis croix de fer е многу високо оценуван, али незнам колку и како е изводливо да се порачува велосипед од странство (пример од evanscycles)

Друга работа разгледував долго време за specialized e5 sport vs giant contend - ми рекоја во про спорт дека давале попуст, а во треска спорт дека го нема велосипедот но може да се порача и за две недели стасува. Е5ката ми изгледа како со поагресивна геометрија - по тркачки велосипед во споредба со Contend кој е пак наследник на Defy endurance road bikes... дали оваа разлика е значителна ?

Исто така и за bikefit- како нешто најважно - ги прашав во про-спорт ми рекоја дека правеле BG fit што кошта 100еур. Е сега незнам дали то се исплати - или пак дали е наменето само за оние што се занимаваат со велосипедизам посериозно (бидејќи сите видеа што ги видов за BG fit од specialized се прават на професионални велосипедисти, или пак имаат full велосипедска опрема на нив.) Мени ми е многу битно комфорност, а не да речиме компетативност во возењето...

фала однапред за одговорите
 
Последно уредено:

Мило ми е што веќе знаеш што сакаш но сепак си се одлучил да прашаш за совет. Инцидентно, и јас гледам во насока Cyclocross/Gravel bike за следен велосипед бидејќи сегашниот MTB не го користам за offroad колку што мислев дека ќе го користам.

За порачка на точак од интернет би ти рекол да заборавиш, освен ако немаш некој во Грција (или било која асална ЕУ држава) каде би можел да стигне точакот па да си го земеш. Ако за ЕУ членки поштарина е 100 евра, за нас е 300 евра. Бонус е што лопужаната од Царина ќе си наплати царински давачки и 18% ДДВ на целата сума. Штета што е таква ситуацијата бидејќи Genesis-от што си го избрал е 5+ :)

Е сега, од брендовите што ги имаме тука, Merida Cyclocross 300 е можеби best buy, ако се убедиш со Бајк Маркет да го порачаат. Кај нив прашував за Scott Speedster CX 10 и ми дадоа цена од 1250 евра, лудница. Ни по странициве нема за тие пари. Би требало и за Меридата да дадат супер цена, мора да ги прашаш. :) Specialized како премиум бренд нуди послаба пропратна опрема за Х пари, но затоа рамките им се скоро безгрешни (цврсти а удобни).

Финално, да се осврнам на фитинг: професионален фитинг во Словенија чини ~350 евра, имам пријател кој си купи Colnago C60 и за да го искористи целиот потенцијал на велосипедот, мораше да направи фитинг. Неговите зборови беа дека дадените пари во МК за фитинг се само фрлени во ветер. Покрај Про-Спорт, во Македонија фитинг вршат и во Аутдор на ул. Македонија.
Јас на мојот точак се наместив сам, после речиси 6 месеци возење. Начинот е лесен: возиш денес, утре гледаш што те боли, гуглаш кој аспект од точакот бара подесување, и така од почеток. Долготраен процес е ама резултатот е сигурен :)

Со среќа пазарување, пофали се кога ќе одлучиш што да купиш.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
@BlackPaw
cyclocross не ти треба ако не планираш редовно да возиш лесен офроад, нашите патишта не се нешто посебно, ама не се ни до толку отидени, ќе си ставиш 25мм или 28мм гуми и ќе немаш мака. Јас возам 25ки и се доста удобни.

Е сега изборот за нов роад бајк е мизерија кај нас, а да не ги спомнувам цените. Пред некој ден ми испадна на фејсбук реклама од бајкстоп, трек 1.1 за 45000 со алуминиумска рамка и fucking Shimano Claris со 8 брзини, come on son 8 брзини на нов точак во 2017. Во оутдор продаваат сора и тиагра за 1200-1300 евра со алуминиум, за 1600 евра 105ка со карбон. Про спорт не се ништо подобри со цените. А најтргично е што не се ни комплет 105ка група, дирејлерите и шифтерите се 105 се останато некоја поефтина ин-хаус компонента.

Најдобар bang for buck се Canyon од германија, под услов да имаш некој да ти го донесе, инаку ќе се окозиш од давачки.

Сеуште е најдобра опција на старо, и чим си се информирал сега за бајк фит, гледај големината на рамката да ти е погодена, се друго е лесна работа. Која големина на рамка ти треба тебе?
Јас кога барав пред две години имаше доста убави точачиња со карбон и 105ка и ултегра и цената се движеше од 600-1000 евра зависно колку стар, за жал јас барав 52-54 рамка а повеќето беа 56 и 58 што е големо за мене. Гледав по огласи еден месец, на крај завршив со карбон и ултегра за 46000, јес дека е постара 10 брзинска ултегра но сепак е ултегра и доста сочуван беше точакот.

Друго, пари давање за бајк фит се ветер у магла, кај нас барем. Ако не си про стварно нема потреба, кај роад бајк најважно е големината на рамката да ти е сразмерна за висината, се друго можеш сам да подесиш, што најчесто ќе биде висина и нивелирање на седиште, и положба на клитовите на шпринтериците. Евентуално можеш подоцнa стемот да го смениш со плус минус некој сантим, и положбата на СТИ шифтерите на воланот. На интернет имаш доста упатства за бајк фит и решавање проблеми, има страни каде што според типот и локација на болката ќе ти кажат што треба да штелаш. Што ќе даваш 100 евра, купи си шпринтерици убави или кит некој.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Ако навлегуваме малку подлабоко во тоа зошто е подобар cyclocross во споредба со endurance road, да набројам неколку (субјективни) предности:

- кај циклокрос, надоградбата на тркала е многу полесна (читај поефтина) отколку кај роуд, бидејќи комотно можеш да ставиш тркала од MTB кои во последно време станаа доста лесни и крути, дури и поефтините
- го има (за мене многу битниот) бенефит од диск кочници, лесно надоградливи на хидраулични со TRP Hy/Rd.
- поефтините циклокрос рамки се блиску до ендјуренс геометрии
- секогаш имаш можност за поширока гума со понизок притисок
- секогаш имаш можност за гума со крампон за авантури по неасфалтиран терен

На крај на краиштата, што и да си купи, нема да згреши. Било кој точак е убав точак :D
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
159
Поени од реакции
74
Да не знаете каде има и дали има воопшто некаде Maxxis гуми за сити бајк 700C...?

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Да не знаете каде има и дали има воопшто некаде Maxxis гуми за сити бајк 700C...?

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
http://parts.mk/index.php/2013-05-07-13-17-57/velosipedi/maxxis-overdrive-28x1-5-8x1-3-8-wire-detail

Ако ја претвориш меркава во метричка скала излегува 700-41c, ако памтам рече возиш 700-40c така да би требало точни да ти се.
Доставата од кај овие е 100 денари од пратка.
 
Член од
9 ноември 2008
Мислења
28
Поени од реакции
3
Вака сега, разгледував за испорака на велосипед преку интернет и за три велосипеди што сум заинтересиран има премногу различна цена на испорака... некој да ми објасни зошто е вака

на пример од evanscycles за испорака чини 58 евра до македонија

rosebikes.com за испорака на истиот модел на велосипед rosepro sl 200 има варијанта со 18еур и 250 евра delivery cost.

canyon - пак има 500+ евра цена за испорака а велосипедите се тука некаде по bang-for-buck со rose

Друго прашање... Дали е можно да се избегни плаќање царина и ддв ако на пример - со авион заминиш до германија/англија - купиш велосипед и се вратиш назад со него спакуван ? Дали е можно таков багаж да носиш итн...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom