Фан Клуб: Челзи

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Добро што се деси пеналов, пак лоша игра...[DOUBLEPOST=1492884117][/DOUBLEPOST]Комплекси им набивме, ги клецкаме кокошкиве како сакаме. После утакмица со Челзи цела табла јајца снесуваат.:pos:

Арсенал ги сакам у финале и нив да ги клецниме.:D
 
Последно уредено:
H

HoT IcE

Гостин
Вчера тимот покажа муда и огромна желба на терен, тоа што фалеше изминативе мечеви во кои кискаа. Посебно Конте. Кој манијак од тренер е овој бе, цела сезона не ротира, не му дава шанса на Аке и баш во полуфинале го фрла во оган. Лабаво си почна без Хазард, Коста апсолутно заслужи да си седи на клупа ама без Хазард беше мушки потег. Вилиан се оправда секако!
Ме мрзи да пишувам есеј и ќе бидам краток, фантастичен меч, одлична реакција од фанови и играчите после неколкуте лоши утакмици и одлична реакција од Конте, се надевам дека ќе продолжи во ист стил и ќе седнува луѓе на клупа кога ќе заслужат а момци како Аке ќе добиваат шанса затоа што вчера видовме дека Кехил е заменлив, не се ни осети негово отсуство.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Вчера пак го видовме стариот Челзи кој победуваше се сезонава. Иако примија два гола, сепак севкупно одбраната беше доста стабилна, а напред беа одлични и ги искористија сите шанси. Овој натпревар беше најбитниот кој сме го изиграле сезонава. Не затоа што беше полуфинале, него поради противникот и моментот во кој дојде, после неколку натпревари во кои изгледаше ко да ја изгубиле самодовербата која ја имаа. Пораз вчера против Тотенхем и ќе бевме во многу лоша позиција. Они во ептен добра форма во ПЛ, плус со поеда против Челзи за финале во купот, а ние со два порази по ред. Вака, се надевам дека ќе го искористат овој натпревар за да ја вратат самодовербата и да имаат уште повеќе мотивација за да се заврши сезоната ко што треба.

Конте го погоди составот, плус повторно се виде колку ни се битни Мозес и Алонсо. Еден натпревар без Алонсо и не знаеа како да играат. Иако, грешката против Јунајтед беше што не го пушти Аке лево. Аке денес конечно доби шанса каква што заслужуваше и ја искористи максимално. Одличен беше и се надевам дека ова ќе му овозможи полека да се наметне во стартниот состав, стварно заслужува. Мичи исто беше добар, мораше уште пред некое време да го седне Коста на клупа малце. Вилиан со два гола изненади. Матич не играше баш добро, можеби и најслаб поединец беше, ама голот...




Кога ги имаш Хазард, Коста и Фабрегас на клупа, нормално дека ќе има голем импакт кога ќе ги ставиш во игра :D
И Хазард малце заебаваше, па паметно беше што го седна и него, иако кога го видов тимот мислев дека е лоша одлука. Одличен беше од кога влезе и го смени натпреварот со гол и асистенција.
Премногу битна победа, гледам хајлајтс додека пишувам и ми се враќа чувството од вчера :D

Да не должам повеќе, за крај еве ги Лампард и нормално Зума :icon_mrgr:




 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Хаха Зумава кој цар си е еј хахаххаха ме изнасмеа
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Ќе биде забавно финалево :D
Обавезно ќе треба и за тоа собир да се направи.

П.С. Дали сум грешка или уствари на собириве и да немаме победа? Со Ливепрул реми, со Јунајтед пораз....пред тоа не памтам многу многу резултати али во последно време.... :/
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Ќе биде забавно финалево :D
Обавезно ќе треба и за тоа собир да се направи.

П.С. Дали сум грешка или уствари на собириве и да немаме победа? Со Ливепрул реми, со Јунајтед пораз....пред тоа не памтам многу многу резултати али во последно време.... :/
На тие ти што доаѓаш?
Јунајтед победа, Арсенал победа, и имаше уште некои на кои тепавме :D

Него, финале во Куманово? :D
 
R

Redhead

Гостин
Кој сака нека дојде утре во Бекјард (поранешно Мондано, кај гимназијата Јосип Броз) за да гледаме заедно :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262

Нема потреба од дополнителен коментар :X3:
Една од најемотивните утакмици на Челзи. Колку што сум бил волку внесен цела утакмица не сум бил никад :D Плус и на спортска имав Челзи иде даље и плус црвениот, и пеналот...и Торес...и све во едно има мечов :D

:vozbud: :drk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom