Драга Кајгана (виртуелен дневник)

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Драга, а бе прашај ги шо потреба има да мислат дали по кафичиве млекото во макијатото било од пред три дена или машинката нечиста или што ти јас знам, кога постои пиво, алоо! :D
Па уште кога ќе слушнам: Аааа, ја не пијам пиво, ладно е ќе настинам. Па рано им било за пиво, па касно им било... o_O Е да си ги јадеш ушите, може? :D Времево е таман за пивце за живце (кога па не било??!), какви кафиња какви глупости. Фати се за Дабче таму. :pivo2:

Мене месецов по четвртипат во продавница ме прашуваат дали сме биле близначки со сестра ми. Она каде каде постара од мене, близначки сме биле. :вонзем: Другарка од средно ми рече дека во автобус видела некоја скроз иста ко мене, само со темни очи. Шо значи дека сите мои топици на мсн, сите статуси на Hi5 шо ги пишував од типот на: Ја сам уникат, нисам дупликат... веќе немаат смисла. :unsure:
Ова ме потсети на делот од Friends кога Џои бараше identical hand twin. :D
Мање битно. Ај, чао. :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Дрг.

Гледам даваат предлози за менување на името. А ние да си почекаме уште едно 4-5 г., таман цела Македонија да се пресели во Скопје (или избега во странство), па потоа да си се прилагодиме на тоа Скопиа! Не е лоша идеја, нели?

И имам еден мал предлог за менување на името и на главниот град. Нека биде Неа Стиропори, баш се рефлектира со дизајнот на градот и звучи доста моќно. Звучи како дел од прастара провинција на Илирида(!), измешана со бугарската историја, каде гази српската црква и има грчко име! Јас мислам дека ќе биде ефикасен начин за решавање на сите проблеми со соседите. Што викаш, драга!? :D
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Вчера ги слушав Rhett и Link на "Ear Biscuits", разговараа дека надворешните и материјалните работи на човекот како што се облеката, фризурата, автомобилот и слично, создаваат одредена слика за личноста, која најверојатно е нереална и еден вид лажно осудување, односно предрасуда. Во принцип, тоа се недоволно информации за да заклучиш каков е човекот. Па ми текна нешто, т.е. дојдов до еден заклучок (за себе си). Обожавам "ситници". Сакам да гледам луѓето што облекуваат, како се носат, што преферираат. Не станува збор само за облека, какви патики одбрал некој, како му стојат очилата на лицето. Сакам ситници, детали. Обожавам да гледам фотки со working space, па да видам какво пенкало користи човекот, каква му/и е шољата за кафе, какво цвеќе/статуетка има покрај екранот. Обожавам и edc фотки. Избор на новчаник или card holder, привезоци, лабела, earbuds, книги, грицки... Сето тоа ми е толку привлечно, ем од естетски поглед, дизајн е во прашање, ем од културолошки аспект, гледајќи го изборот на разни луѓе од светот. И земајќи го сето тоа во предвид и комбинација, од филозофски аспект. Ме тера да размислувам каква е таа личност и да си "правам филмчиња". За мене, тие ситници му даваат карактер на човекот.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Станувам од спиење вчера сабајлето , си правам кафе и одам на тераса да си го испијам на раат.Како што ја отварам вратата два голуба во операција лоповлук.Едниот се качил на прозор кај мене и ме набљудува , а другиот ровари низ цвеќињата.Една птица е попаметна од многу луѓе на планетава земја , треба да си ја чукнеме главата.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Драга,

“He who is the cause of someone else becoming powerful is the agent of his own destruction.“
- Ezio Auditore da Firenze


Ќе го оставам ова овде. Нека трепка.

Добра ноќ.
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се осеќам како некој да ме изџвакал и да ме плукнал мада ни тоа не заслужувам.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Драга,

Ме нервира кога треба една работа да правам двапати. И тоа не по моја вина. И тоа го дознавам во 5 до 12. Се изморив од самата помисла за тие 2-3 дена што ќе ги изгубам. Ќе се шекнам.
Чао моја драга сабота што те планирав за шетање, нареден викенд може и ќе се видиме. (n) :sleep:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мали не туку ме тркалај како топка готов сум :icon_lol:. Ти шампион на Македонија си сакаш со тебе токму спаринг да правам, и следи одговор од тренерот ако те нападни некој на улица нема шампион нешампион да не сум гледал така, е ајде де :icon_lol:.


 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ...

колку и да е страшна промената, кога животот ти нуди шанса за нешто подобро треба да се искористи. Не знаеш таа шанса што може да ти донесе. Сигурно ништо страшно, само едно искуство плус кое може понатаму многу да ти помогне.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Денешниве деца не се споредуваат со тоа какви бевме ние како деца, ама ако, битно нека се живи и здрави. Пред некој ден бев кај дедо ми на гости и нормално таму е и братучетка ми, има само 3 и пол години и навистина е активно дете и баш поради тоа многу си ја сакам. Ама дефинитивно градинката и тамошното дружење со останатите деца си го прават своето.

Прво истури сок на маса во дневна, ама добро, сепак со убаво и објаснаа мајка ми и вујна ми дека треба да внимава. После ја гледам земала подотворено шише газоза го мавта низ станот и си урла нешто, дете ко дете си игра. И се обратив по име и и реков дека ако пак истури тогаш стварно ќе ја искараат и ќе ја јаде ќотек. Замисли ми се сврте и ми рече ,,Сакаш да ти го стркалам шишево во глава?":pos::ROFLMAO::LOL: Еве чим помислам на тоа урлам од смеење:ROFLMAO:

Иначе ти препорачувам да си правиш благи тостови. Пред некој ден додека правев солени тостови се решив да експериментирам и да направам и благ тост. Го земав ќошот на лебот, го пресеков на пола, го намачкав со еурокрем и го притиснав на тостерот. Подоцна дегустирањето ми беше уживање............., ама не и чистењето на тостерот:noze:

И кога купував кашкавал за тостовите и викам на таа продавачката дај пресечи ми од овој - Неможе, тој не го сечеме, и викам добро тогаш од овој - Ни тој неможе, не се сече. И викам добро дај од било кој само исецкај ми. Женава го фати најскапиот кашкавал и почна да сече :eek:. Мислам дека срце ме фати во тој момент, тешка неправда доживеав:coffee:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
,,Режимот е урнат со пенкало'' - изјава од средината на декември 2016-та година, од страна на демохристијански социјалдемократ, вана би политичар од струмичко.

Real Feel:

ДПМНЕ технички е се уште на власт, апсолутно никој нема завршено во затвор, политичката криза е уште подлабока од претходно.


Па маму ви ебем...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom