Superhero Movies

Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Убав трејлер, таман колку треба. Sweet spot ..

- Aquaman coolest gut at the party:icon_lol::icon_lol:. Забавен и хардкор у исто време. Тие пар ''tongue and cheek'' ребрања со Бетмен ми се врв. Бетс прво го дупчеше за рибите, сега овој за костимот го клеца:D:D. Џејсон Момоа ќе го продаде јако Аквамен .. Најдобар нов херој може да испадне за оваа година. Возењето на бетмобилот :roker::roker::roker::roker:
- Сајборг делува многу подобро исполиран и дотеран од тој летниот трејлер. Најдобро изгледаше во сцената кога го спаси полицаецот. Жива машина. Куул ќе биде да се види како дополнително му се билда и трансформира телото, кога ќе влегува во атак моуд. Плус маската што ја активираше додека леташе, изгледа е новитет за филмот. Во стриповите тоа го нема мислам. Куул, у сваки случај.
- Гел Гадот хот ес олвејс :love::love::love:
- Краткиот кадар од Мира во аква бендинг моуд, исто екстра. Костимот и 'е скинат до даска, а и не шкоди шо Ембер Херд е бејб (y):backa: .. Јако ќе биде ако видиме повеќе акција од неа, а не само глорифицирано камео.


Ма да, не треба да се заборави дека ДЦ многу пати не' улови со вакви бед-есс трејлери, хајпнуваат до без свест, за на крај да се испосерат во филмовите. Шо знам, ќе останам малце резервиран за ова, иако има материјал да биде лудачко добро и комик-бук филмот што ке ја одбележи 2017та. Пак ќе се повторам, повеќе вера и оптимизам имам за WW, него ли за ЏЛ ..
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
Не верувам да биде нешто вау овој џастис лиг, највеќе зш негативците се тапа, нема некоја приказна, него бетмен одма оди од врата до врата и им вика правам екипа да им ги исплескаме газовите на овие, а кои се тие небитно. Кај civil war беше тотално спротивното и филмот изгази, а овој очекувам да е некое срање како suicide squad или авенџерс.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.816
не збори прерано, прво треба да го изгледаш на cam/ts
Не верувам да го гледам, според трејлеров нема ништо што би ме натерало. Иначе што ако бетмен кога го фрли сечилото го заколеше детево ни криво ни дужно? каде ќе му одеше душата?
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.144
Поени од реакции
23.251
Не верувам да го гледам, според трејлеров нема ништо што би ме натерало. Иначе што ако бетмен кога го фрли сечилото го заколеше детево ни криво ни дужно? каде ќе му одеше душата?
spiderman-that-post-gave-me-cancer.jpg
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Јас сум од оние што уште се надеваат дека ДЦ ќе се оправат и конечно ќе направат супер филм. Трејлеров ветува многу, едвај го чекам филмот, мада и Suicide Squad имаше фантастични трејлери, па филмот испадна обичен просек. Гледам пополека како да го напуштаат мрачниот пристап што го имаа замислено, барем така ми изгледа според овој трејлер. Како да се доближуваат до формулата на Марвел. Ако е се’ добро спакувано, може да испадне и добар филм од ова.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
Jas ne znam zaso poistovetuvate, demek ako e mracen zatoa e los, nasproti sreknite na marvel.
Kvalitet si e kvalitet, bezrazlika dali filmot e mracen ili vo boi. Mene DC mi gi nadopolnuvaat Marvel.
Ne sakam ednite da stanat ko drugite I obratno.
JL ke razvali, konecno drugite heroi ke dobijat sansa I ke gi zapoznaeme podobro, nesto sto marvel odamna go pravi.
Aquaman ke e vrvot, edvaj go cekam I solo filmot. Isto sum hajpnat za Flash, pogotovo oti serijata godinava e dno.
Na sekoj trejler do sea sum vristel, ali noviov za Spidey neso ne me mrda.
I kako uste ima integritet Michael Keaton posle Birdman, pak stom oblekol kostum... :D

 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Логан ес уна гран пеликуља!!
- Џекмен:bravobe::bravobe:
- Патрик Стјуарт:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
- Лора(y)(y)

Склопам ли повеќе од две реченици ќе се дајвне диип, так да ..
Брутално добар крај е ова на првата голема Х-Мен ера. This will stuck with us and sting forever.

Волверин. Боооже Петра. Можеше ли подобро ова?! Тешко. Сите знаеа и беа свесни дека Р-рејтингот ќе донесе суров, насилен, крвав, невиден досега берзеркер моуд на Волверин, кој досега само на две минути крааааајно срамежливо го видовме во Апокалипс, кога Џин го ослободи од затворот во канадската база. Сакавме животно од Волверин. Добивме тродупло повеќе. Соголување на ликовите до гола коска. Дијапазон од ѕвер со најпримални инстинкти, до најобичен, секојдневен, ранлив смртник, полн со маки и демони во себе. Видовме се’ - Од сакатање хенчмени и летање екстремитети насекаде, до носење на очила за читање од страна на Џекмен и возење парти лимузина за крпење за живот. Шта речи. Сурова реалност, мајко што ме роди!? Запознаени бевме од предходно дека Логан е шејди лик, со фак офф однос спрема другите, искривен морал и недостаток на самопочит и самодоверба позади таа сурова фасада .. Но психологијата и актите на Волверин во Логан, го расцепаа и отворија ликот три пати повеќе од тоа стеблото на крајот.

Што да се каже за моментот во куќата на фармата, кога лошиот клон го уби Чарлс. Реакцијата на Волверин кога втрча во куќата, примети трупови наоколу, почна да слуша чекори по скалите, и се виде самиот себе. Очи во очи со најлошата верзија од самиот себе. Верзијата на примитивно животно, кое не е способно за ништо друго освен за пустош. Верзијата од него без трошка вредност кон себе и во очите на другите. Верзијата од која самиот најмногу се плашеше и бегаше цел живот. Иако сите три луѓе од фамилијата умреа, нему ништо од тоа не го тангираше. Важен беше само професорот. И боже, погледот кога го виде дека смртно крвари и дека се’ е готово, ужасот и стравот во погледот на Џекмен беше далеку поголем од фактот дека Чарлс ќе замине со мислата дека умре од неговиот најискривен ученик, него ли тоа дека до тука беше патот на Чарлс .. Just too much to handle. На прво гледање на филмот од сета возбуда и неверување како публика некои моменти слипнуваат, но на второ гледање - дрхтењето на гласот на Волверин кога легна на Чарлс и му повторуваше успаничено дека тој не го уби .. Тоа беше ненормално реално и брутално. Најгорк во момент од кој ти се собира кнедла во устата, мислам дека ми беше тој во целиот филм:place::place:. Желбата на Логан да го увери професорот дека тој нема умрено од негова рака. Професорот кој го спаси од најлошите денови и најлошата верзија на самиот себе пред 20 и кусур години. Професорот кој цел живот сметаше дека го изневерува и разочарува со сите негови постапки и самата негова појава. Лошиот ученик, примен и спасен исклучиво од сожалување, за кој никој друг не гледаше спас. Освен Чарлс.

Чарлс. Дојдовме и до него. Диос мио! Џекмен ни ја прикажа најдобрата филмска и најпрецизна стриповка верзија на Волверин до сега, но Патрик Стјуарт ... Уфффф .. Патрик Стјуарт растури на милијарда нијанси. И ако некој друг спореден лик од комикбук филм после Леџер, има заслужено да ја добие (барем) истата номинација, тогаш тоа е стариот добар Стјуарт. Колку што беше ова филм на Волверин, дупло повеќе во мои очи беше и на проф. Егзејвиер филм, бидејќи од сцена во сцена, едноставно беше се’ потешко се гледа расколот и невољата во која се наоѓаше неговиот лик. Од првиот кадар со бладањето и вртењето во круг во колицата, кога сфаќаш дека е ужасно месд ап, до последните зборови во креветот кога вели дека ваква мирна и спокојна ноќ нема поминато оддамна, благодарејќи му и мислејќи за сето тоа време дека му зборува на Волверин .. Тоа е интерно цепање на сите фанови на франшизата, што имаат пораснато буквално со Х-Мен филмовите и фамозниот и прибран професор, кој низ сите овие години беше центарот, гласот на свеста и сидрото на моралот кај сите негови ученици. А, во средината меѓу овие две крајности - Премолчениот ужас за смртта на сите (барем битни) мутанти:eek:. Не знам дали беше момент на самопризнание од Чарлс, или ужасен мемори тригер имплусивно активиран, но фактот дека мозочната болест и еден од тие напади кои што ги има добивано всушност ги има кокнато неговите студенти во школото во ЊЈ, е факд ап на соу мени левелс. И погодија мислам со тоа дека несреќата само ја имплицираа, а не беше во флеш бек за директно да се посведочи ужасот. А колку беше само трогателно, надежно и слатко да се гледа Чарлс, во најлошите и најтешки негови денови, како обликува ум и карактер на уште еден ученик. Уште еден, последен ученик. Како ја насети Лора, како ја обликуваше, како ја формираше и советуваше како свое дете од добрите стари времиња во школото. За тоа што треба од неа да биде и дека таа од утре ќе мора да пази на Волверин. God ….Уфффф:place:. А иначе, уште подфакд ап ми беше фактот дека Волверин при здрава совест го има чувано, штитено и одржувано во живот на Чарлс како сопствен татко низ сите тие години на ужас и страдање .. Место да го набоде на канџите и да го спаси живиот Свет од проблемот и уништувањето кое што може да го предизвика. Тој момент, тоа откровение при крајот на животот на Чарлс, зборува само колку голем е бил неговиот импакт врз животот на Волверин. После ова кога си го враќам филмот назад, разбирам и убеден сум дека Волверин и’ пресуди на Џин/Дарк Фениксот, само поради тоа што таа го уби на Чарлс во куќата пред негови очи. Тоа беше момент што него сигурно го разубеди дека на ова мора да се стави крај, а не фактот дека Џин го молеше да ја убие. Чарлс беше тој што ја спаси душата на Волверин и тоа човечкото, конечно на крај го победи животинското. Не биди оружјето во кое те имаат претворено, биди нешто повеќе. Сите тие омажи и карактерни цепања, кулминираа и најблескаво светнаа мислам на масата кога вечераа кај несреќното семејството. Тоа беа мислам единствени две минути во кои што филмот ‘’продиша’’ и сеќавањето што го оддадоа на сите подеми и загуби позади себе.
logan-4.png
29906170001_5345538008001_5345526968001-vs.jpg

Толку е. Нема даље. :(:(:(:(:(

Лора Кини како Х-23 беше добра. Сајлент тритменот на почетокот, прималниот понашај, односот, почитта и довербата што ја имаше кон Чарлс, деди моментот (WHYYYYYYY?!:place:) .. Се’ тоа убаво изведено. Не ми се куца премногу за неа бидејќи може ќе ја видиме и ќе се развива во иднина во соло филм, Х-Форс, нешто трето .. Или па можеби толку ќе биде од неа, малтене сеедно ЈЕР девојчето остави импакт во филм, кој што беше преоптоварен со другите двајца, што дури и неа како брејк аут лик ја фрли во сенка. Вонка од Логан и Чарлс, се’ беше небитно и занемарливо.

Негативците .. Шта речи. Тие со АЛА Winter Soldier рацете беа мех, Александар Рајс посади никулци (буквално:rolleyes:) дека го има покосено Х генот, а и далеку подебела конекција има со Лора, него ли со поширокиот Х-Мен Универзум. Затоа мислам и дека не го кокнаа. Реално гледано, двата главни протагонисти во филмот, си беа всушност самите на себе и антагонисти т.ј. негативци. Филмот можеше комотно да помине само Волверин, Чарлс и Лора, без да изгуби нокт на квалитет. Волверин влечеше два кофери страдања, мрачни одлуки и грешки со себе. А за заебанциите и ужасот Чарлс ни шлеп служба мислам дека немаше да ја управи работа. И до негативците дојдов, а пак се враќам на нив двајца. Убиство од перформанс на Стјуарт и Џекмен. Голем Х-Мен филм е овој. Најголем.

Standalone филм, меѓу Х-Мен филмовите?! Тешко. Во овој добивме се’, само не стенд алоун акт, во некој си свој посебен Свет. Уште сто реда цепидлачење може да се отепа околу тоа дали е во ''pre - Days of future past'', или ''post - Days of future past'' тајмлајнот, битно филмот носеше багаж од се’ останато и поминато since day one. Може да му го пуштиш овој филм на некоја незналица, која поима нема од Х-Мен и пак ќе ја осети тежината. Но за full appreciate на филмот, мора да се има изгледано целата прва трилогија, Волверин-2, па и Days of future past. Многу постари моменти дури сега добиваат на тежина, посебно оние интимните меѓу Чарлс и Логан (шо ги има доста од предходно), многу дисторзии се прават низ филмовите наназад, после гледањето на ова ремек дело.
8pPM6.jpg

Ќе има можеби големи нрдгазми на Џастис Лигите, Гардијансите, Спајдермените и слично .. Но Логан ќе остане и за него ќе се зборува уште доста време во иднина. What a start of the comicbook movie year. Најголем наклон. Најголем тормент.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
беше добра?
беше добрааа???
девојчето искина бе деќко
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Ако газдите и менаџерите на Ворнер Брадрс имаат малце онлајн презенс и њух за права одлука у право време во бизнисот поврзан со ДЦ филмовите, тогаш решението за најавуваното ревитализирање на Универзумот шо конечно ќе им донесе и ќеш и љубов од фановите, не треба да го бараат ни во ЏЛ, ни во Бетс, ни во Флеш .. Туку во факинг сајдкик бендот - Тиин Тајтанс. ДА! Некни излезе новиот анимиран цртан на WB & DC comics, Teen Titans: Judas Contract, иии љубовта и пофалбите за цртанот стигаат од секаде, благодарение на трите клучни ствари во овој бунар: Убаво адаптарина позната стриповска сага, разбирање на тонот на проектот и разбирање на психата и начинот на функционирање на овие деца. Аааххх, квантитативен и квалитативен смек даун им удри ова парче и на сите предходни анимирани од истиот универзум, и на филмовите оф корс. 7.5 ИМДБ оценка и 85% фреш скор на ротен томејтос + пофалби од ДЦ и ТТ фан базата - се бројки и ривјуа за кои филмовите може да сонуваат само, сега за сега. Затоа и ВБ треба да го препознае тоа шо поскоро и да капитализираат дебело на детската фан-база шо ја носи со себе ТТ Го! серијата + препознатливоста и широката стриповска фан-база шо ја имаат овие познати сајдкикс, во нивните ТТ авантури. Една од најголемите дистинкции помеѓу МАРВЕЛ и ДЦ опусите, е тоа што вториве имаат богата ризница на сајдкик херои кои што уживаат огромна популарност и кај новата картун нетворк дечурлана, а и кај старата гарда на стрип фанатици.

ТТ Џудас Контракт е цртан што ги допира сите класик адолесцентни проблематики, од бунтовничката нарав, преку желбата за независност и наоѓањето на својот пат, до будењето на дивите хормони и довербата во себе и тимот. Се' по што беа препознатливи, се градеа како ликови и прераснаа во фен фејворитс како прв сајдкик тим пред четири декади.
dickandkori.jpg Ако Демијан и Рејвен беа во фокусот во ''првиот дел'', тогаш во ова продолжение главни протагонисти се Најтвинг и Старфајр, како и во стрипот. Ууууу ако сте фан на Дик Грејсон и едвај го чекате најавениот live action соло Најтвинг филм, тогаш ова е права посластица за вас. Дик тука е прав лидер на тимот, фајтот со Детстроук екстра изведен, акробатските вештини од циркуските денови јако илустрирани и плус доловен му е и детективскиот нос кога тимот ќе влезево банана, на што Бетс е сигурно посебно горд. Ха:icon_mrgr:! Но Најтвинг еинт ноу Бетмен, тоа е веќе оддамна познато. Кога тој самиот успеа да се извлече од мрачните окови на Батмен, да успеа да ја задржи ведрата во превласт над мрачната и да најде донекаде забава во крајм фајтингот, тогаш истото се обидува и тука да го всади и во Демијан. Кој е уствари биолошки син на Бетмен и пет пати похардкор од татко му, со оглед на околностите во кои што има растено. Аххх динамиката на дијалозите и развојот на односот меѓу овие двајца се врв низ сите предходни Бетмен филмови. Овде тоа е исто доловено, но само на кратко на почетокот во базата кога имаат еден мал tongue and cheek дијалог. Дик во суштина е во never ending quest да го извлече детето од Демијан, ведрата страна, да го врати во нормален колосек, да не биде толку настран во понашајот и да олади малку со тоа мечот и нинџа хероизмот. Како што тој успеа се спаси, Дик исто смета дека така може да го спаси и Демијан од рогобатните корени на детството и апсурдната цел да го достигне и надмине татко му еден ден. Иако извлече дебела поука на крај дека ''треба повеќе да го користи умот, а не срцето при одлучувањето''. Голем брат - мал брат динамика at its finest:icon_lol::icon_lol:.
Старфајр како понежна половина од парот, е одлична тука и сто пати подобра во однос на предходниот ТТ цртан. Таму едноставно ја имаше, колку да ја има .. А овде е прецизно и до влакно скината во суратот, невиноста во односот и конверзциите бидејќи е буквално страно тело на Земјата. Старфајр е микс од слободоумен хипи од 70тите и хипс донт лај Плејбој зајачица, спакувана во вонземско тело. Со оглед на тоа дека како лик е ''родена'' точно во 1980та и во многу уште од најраните стриповски изданија така ја фураат, публиката се соживеа со таквиот пристап кон неа и воопшто не ја сметаат за скандалозна појава. Старфајр е една од ретките хероини со кои што е дозволено да си играат во рамките на вкусното, без при тоа да ја претворат истата во ефтина порнич чуметина и топ тема за оеткување на сите феминистички движења. Дури и понежната половина што е запознаена со ликот го разбира тоа.
terraearthbending.jpg
Тера како главен мекгафин, мисфит член, антагонист, па потоа протагонист и жртва во третиот акт од филмот, ми беше дефинитивно омилена и најсветла точка во филмот, заедно во Дик. Ах, финалниот чин беше перфектно изведен. Одлично завршена работа од Кристина Ричи. Алал вера. Тера ослободи се' што имаше да се ослободи од неа и срози се' со земја јер темелот во кој што толку многу веруваше и жртвуваше (сакала да признае или не) се разниша, попушти и отиде се' у три лепе. Beyond redemption беше во тој момент и свесна дека рикверц назад нема. Така мораше да биде. Лесно допадлив, лесно препознатлив лик. Згора на тоа, за да биде уште по awesome, анимацијата и ефектите при нејзините моќи беа екстра изведени. Секој потег и' беше нешт ново и изненадување, едноставно не знаеш од каде, како и што може да сполета при нејзините напади. Огромен омаж фрли и дебело ме присети на Кора кога ги млатеше лошите со earth bending моќите, посебно од видео играта. Во рејџ моуд кога му влезе на Детстроук на крај, мислев дека и вулкан ќе активира #nerdgasm. Кога сме кај Детстроук, Мигел Ферер (лесна му земја:() заврши супер работа со ликот, исто како Кристина Ричи со Тера. Детстроук со few words, без многу филозофии, no good појавано во константен кил моуд и напаст за секој шо ќе му се најде пред очи. Like it, like it a lot.

Од другите ликови кои што се јавуваат, најголем впечаток остави Биист Бој. И поради харизмата, и поради поврзаноста со Тера. Сите херои имаат тешки позадини. Некои се брусат во дијаманти, а некои стануваат крхотина. Јаки зборови од најлабилната фаца во тимот. Рејвен и Блубитл имаат филер улоги. Рејвен ајде имаше свои пет минути во предходниот дел, но финтата со Блубитл не ја разбирам. Овие анимирани цртани гарант нема да му ја вратат славата од времето на Јанг Џастис, а уште помалку па со тој однос ќе стане новиот Сајборг и бест бади на Биист Бој, за дечурланата да се препознае. Јавање без веза е неговиот лик, сега за сега.

Негативности - Имаше пар ствари што ми засметаа. Или беа ептен out-of-place, или пак се недостасуваше контекст. Нај out-of-place и најкрипи ми беше моментот кога Тера му влезе во ноќница и нашминкана како гејша на Детстроук и го заведуваше на најкорни можен начин. Се осеќав во тие моменти како да гледам лош микс на Харли и Џокерот од ''Mad Love'' и Матилда и Леон од ''Професионалец'', кога Натали Портман на десет години го заведуваше Леон прво пред рецепционерот, а после и горе во собата. Криво на двеста различни начини. Во поглед на контекст, криво ми беше за Старфајр шо Дик беше неофицијалниот лидер на тимот и плус Демијан беше океј со тоа. Најтвинг беше поставен како херој сам за себе, кој што поминува ту и тамо до базата да види шо му прави девојката и успат да ги подучи на децата по некоја финта. Тоа требаше поблаго некако изведат ако веќе го имаат на ум, а не да фрлат сенка и да ја омаловажат Старфајр, која беше етаблиран лидер на ТТ уште од предходниот филм. Исто, откако ги киднапираа сите деца (тоа само публиката го знаеше), Дик со цел памет, при тоа повреден од првата рунда со Слејд, фрли глава и сам се пушти во wild witch hunt да изиграва херој, при тоа не знаејќи што го чека од другата страна на вратата и дали воопшто има некој жив останато (јер Слејд малтене го кокна). Тоа ми беше дебело неодговорно и непрорачунато. Мислев дека ќе упати повик и ќе побара помош од Лигата, но само Сајборг ќе се одзови и ќе дојде на помош, со што ќе има некојаси карика со предходниот дел, во кој што Сајборг од џастис лигер, кајнда стана тајтан на крајот, бидејќи му помогна на тимот во завршниот акт и остана во ТТ кулата пред одјавната шпица. Зошто го изгубија Сајборг тука и го вратија во ЏЛ не разбирам.

Све у свему, Џудас Контракт е забавен цртан, уште еден погодок за ДЦ Анимираниот Универзум и убав фен сервис за публиката. Топла препорака за гледање.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
WB ако имаат грам мозок ќе ја ревитализираат оригиналната ТТ серија со истиот каст и истата аниме-like анимација, а не Стар да личи на транвестит, и никому да не му се совпаѓа гласот со ликот... мојот spirit animal Raven ја напраиле ко од бунар да збори, dear lord.

Ова е Starfire, не tranny-то со overdone мамопластика...
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.331
Поени од реакции
19.747
Ќе има Batgirl филм. Ми се допаѓа карактерот, се надевам дека ќе биде успешен филмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom